|
|
|
|
|
|
Плаќајте радиодифузна такса, ќе почне присилната наплата
Доколку принудно се повлечат пари од сметка, трошоците ќе ги плати самиот обврзник, велат од УЈП
Александрија Стевковска
Сите што имаат обврска да плаќаат радиодифузна такса да го направат тоа навреме и во утврдениот рок, апелираат од Управата за јавни приходи, бидејќи во спротивно, даночната администрација ќе почне со присилна наплата на долговите. Тоа значи дека УЈП сама ќе си ја реализира наплатата на радиодифузна такса преку повлекување пари од сметките на обврзниците што не извршиле плаќање на јавната давачка во законскиот рок. „Повикот за плаќање на радиодифузните сметки е обид да се зголеми процентот на наплата на оваа јавна давачка за да не се пристапи кон присилно повлекување пари од сметките. Доколку тоа се случи ќе бидат направени трошоци, кои ќе паднат на товар на самиот обврзник“, вели портпаролката на УЈП, Весна Новаковиќ. Таа не обелодени колкав процент од 500.000 плаќачи на радиодифузна сметка доцнат со наплатата. „Тешко е да се извади процент или бројка на обврзници што навремено не ја плаќаат оваа давачка, бидејќи има и такви што ја плаќаат предвреме или збирно за неколку месеци“, додава Новаковиќ.
На прашањето колку месеци задоцнување УЈП ќе толерира додека не се пристапи кон присилен наплата на радидофузната такса, портпаролката одговори дека нема толерирање и секое задоцнување е задоцнување.
„Присилна наплата може да се изврши кај секое доцнење, без оглед дали е тоа еден или повеќе месеци“, објасни Новаковиќ.
Според УЈП, присилната наплата е крајна мерка што се применува откако претходно странката е опомената дека треба да си го плати долгот кон МРТВ. Во меѓувреме, за секој ден задоцнување се наплаќа камата.
„Потсетуваме дека плаќањето на радиодифузната такса се врши најдоцна до 15-ти во месецот за претходниот месец, а во случај на задоцнето плаќање надвор од законскиот рок, се пресметува камата од 0,03 отсто и тоа за секој ден задоцнување“, информираат од УЈП.
Со цел олеснување на плаќањето на РДТ, граѓаните и фирмите можат по сопствено изјаснување да извршат плаќање за повеќе месеци, односно за цела календарска година или, пак, да вршат плаќање со траен налог, но за тоа треба да потпишат договор со носителот на платниот промет, односно банката. Радиодифузната такса за секое домаќинство месечно изнесува 130 денари, а домаќинствата во кои има слепо лице со оштетување на видот од над 90 отсто и глуво лице со оштетување на слухот од над 60 децибели се ослободени од плаќање радиодифузна дејност. За сопствениците на деловен простор радиодифузната такса е 130 денари на секои 20 вработени. УЈП ја презеде наплатата на радиодифузната такса од која се финансира работењето на МРТВ во почетокот на годинава, со цел да се зголеми процентот на наплата. За собирање што повеќе пари за националниот сервис, Управата има на располагање повеќе механизми, меѓу кои и можноста за блокирање сметки. Ќе се наплатуваат и заостанатите долгови на граѓаните, а за нив ќе се пресметуваат и камати. |
#
|
Статијата е прочитана 2582 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: isceden potrosuvac |
Датум: 12.07.2011 00:19:53 |
|
ne razbiram za voda odnosno priklucok za voda imam izbor za MTV nemam, zosto plakjam kablovska zs MTV ne zima procent od niv, zosto ima reklami i dr. ova e katastrofa A1 se zatvara a MTV zivee na nas grb bez da dobieme vrednost za tie pari |
|
|
|
|
|
|
Од: " Ozakoneto bezakonie"- placka |
Датум: 12.07.2011 00:36:03 |
|
Ova se vika "ozakoneto bezakonie" Kade se culo i videlo radiodifuznata taksa da bide proglasena za javna i zadolzitelna davacka, nezavisno dali se konsumira programata ili ne. i da se naplatuva preku UJP.? Toa se kosi so zakonskite odredbi. Ajde sega UJP neka naplatuva i registracija na vozila ili vleznica za plaza. Pokraj toa na edno lice mu doadjaat po dve pa i tri nalozi za RD taksa. iako zakonot jasno kazuva deka edno semejstvo e dolzno da placa edna RD taksa. Primer ako liceto ima vikendica ili nasledil kuca od pokojni roditeli na selo vo koja nikoj so godini ne zivee , toj si dobiva nalog za RD taksa pod istiot EMBG.Toa e zatoa sto MRTV si go napravi spisokot vrz osnova na elektricnite broila nevodejci smetka deka se raboti za isti lica i isti semejstva.Toa e vistini aramilak , bezakonie i placka so ami n na vlasta.No taka mu treba za ovaj narod , a mozebi treba i povece! |
|
|
|
|
|
|
Од: Milorad |
Датум: 12.07.2011 00:37:37 |
|
Zar nema nekoj medium koj javno ke progovori za anomalijata so plakanjeto na RDT. Site komunalni davacki(voda,struja,greenje) gragjanite gi plakaat vo bilo koja banka ili posta bez provizija a samo za RDT se naplaka provizija i to od 10-20%(se slagate ne e mal procent-bankarski arac) a ako ne plakas vo Komercijalna banka moras da popolnuvas platen obrazec. Se nadevam nekoj medium ke go otvori javno ovoj problem a eve prilika i vie citateli da komentirate. |
|
|
|
|
|
|
Од: Трпе |
Датум: 12.07.2011 00:44:32 |
|
Да бре а присилно да не натерат да ја гледаме бладината телевизија.Претпоставувам дека во овој мандат и законски ке го регулират ова.Мора да гледаме се што има остварено расипничката блада на РМ.Кој нема да има пари да си плати да оди до метрополата и да се повози со жичарата или да се сонча на плажите покрај Вардар,слободно ке може да гледа на телевизија и така и вака платил или присилно му наплатиле. |
|
|
|
|
|
|
Од: Јавниот сервис не е јавен тој е партиски |
Датум: 12.07.2011 01:25:18 |
|
Ако јавниот сервис се одржува од претплатата ( принудна и присилна) тогаш прашувам со кое право емисиите се претворени во БИЗНИС и во нив може да бидат претставени само компании и фирми со длабоки џебови. Јавниот сервис е се само не ЈАВЕН сервис за кој што плаќаат граѓаните. Да не зборуваме за окнкуренцијата што јавниот сервис ја прави на останатиите ПРИВАТНИ ( за профит) телевизии. Парите од граѓаните не може да су употребуваат за финансирање на партиски јавен сервис на штета на телевизии и сервии кои постојат заради профит и во кои имаат вложено пари инвеститори. Размислете за ова. |
|
|
|
|
|
|
Од: Nenad |
Датум: 12.07.2011 06:00:18 |
|
A zosto taa smrdliva MRTV ne si gi kodira kanalite i neka se prodava na tie sto sakaat da si ja gledaat, ama znaat deka ne se vredni nitu za 5 denari mesecno i taka ce propadnat, a zatoa sto makedoncite od vreme bile "ovci" kaj koi i ponatamu ima nesto volna ili ce placaat prisileni ili pak drzavnite organi ce sobiraat so kamshik. Makedonija i makedonska vlada - najgolemi neprijateli na makedonskiot narod! |
|
|
|
|
|
|
Од: toni |
Датум: 12.07.2011 09:36:38 |
|
ne mu ja plakjam rdt na gujo i familijata!!! |
|
|
|
|
|
|
Од: nikoj |
Датум: 12.07.2011 09:37:02 |
|
Г-дине Милорад. Повеќе таков медиум нема и нема да има одкога ќе ја затворат А1. Тоа е најобјективниот и најгледан медиум во земјата. Другите се или поданици на власта или кажуваат половична вистина. Погледнете го само “Дневник“. Од еден од најчитените весници сега ќе стане само жолта штампа исто како “Вечер“. И што да очекуваме понатаму. Само половични вистини и огромен број невистини. Се на се, Македонија паѓа во информативен мрак дефинитивно, но затоа мора под присила да се плаќа РДТ. Не е ли тоа еклатантен пример на кражба? Инаку, потполно се сложувам со вашиот коментар. |
|
|
|
|
|
|
Од: mark |
Датум: 12.07.2011 10:13:12 |
|
MTV najgolem del 90% mu posvetuva na Gruevski i DPMNE jas nekam da gi gledam sakam da gledam sport muzika a ne po el den reklamiranje na vladata pa poradi toa predlagam finansiski MTV da go pomaga DPMNE i Vladata tie i taka samo za niv rabotat. |
|
|
|
|
|
|
Од: nisam odavde:):):) |
Датум: 12.07.2011 12:17:43 |
|
Toa sto go koristam si go placam (nekoj paket program-ne e vazno koj) i toa bajgi poskapo nego na ovie gilipteri sto zad drzavata se krijat i baraat milostinja.Ako se "tolku silni" neka izlezat na trziste bez "telohranitel" da gi vidam.Na site im e jasno kade ce odat(tolku se od sposobni da i ovie od biroto za nezaposleni ce mu se mislat dali da gi primat):) PS:Nitu gospod ne naplatuva nesto sto ne go koristis(pravis grev-vo prevod -gledas taa TV):)))) |
|
|
|
|
|
|
Од: unisten narod |
Датум: 12.07.2011 13:07:00 |
|
kadija te tuzi, kadija te sudi,, zalise kade sakas. Prisilno ke ti naplatat za MRTV, a dali ima nekade signal ili nema dali nekoj ja gleda ili ne toa ne e vazno Da se naplatat sredstvata, za familijarno vrabotenite vo MRTV da zemaat plata, i za reklamiranje na edna politicka partija. Toa go ima samo vo Makedonija i nikade na drugo mesto. Plati za usluga sto nemas moznost ni da ja koristis. |
|
|
|
|
|
|
Од: Jasna |
Датум: 12.07.2011 15:31:43 |
|
Имам братучедка во МРТВ, ми рече дека се зборувало дека сигурно ќе биле сменети сегашните директори, а на нивно место ќе дошла Ивона Талевска! Ха, ха, ха,.... Како ја најдоа единствената особа во Македонија, која е полоша од Гордана Стошиќ!!!!!!!!
а слободан Чашуле е таму некој претседател на управен одбор или така нешто, и тој на сите им кажувал дека мора сите да ги смени, оти така му било наредено од “оној од најгоре“!!!!! Ха, ха, ха............... |
|
|
|
|
|
|
Од: sram ve bilo |
Датум: 12.07.2011 17:28:55 |
|
na rabota nemam ni televizor ni radio a plakam radiodifuzna taksa!!! SRAMOTA nacisti !!!! |
|
|
|
|
|
|
Од: pale |
Датум: 12.07.2011 18:45:31 |
|
jas sum cetvoro cleno semejstvo i nikoj ne e vraboten ko ce mi dade grujo rabota barem za decata togas ce placam iako nikogas i ne ja gledam MTV a sega nemame ni smetki od koi moze da mi zemat pari i zosto da placam koga moeto dete go odbija za rabota bidejci ne bilo clen ne VMRO - e pa togas neka placaat vmrovcite |
|
|
|
|
|
|
|
|