Број 3628  вторник, 12 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Охрид

Иванов: Иднината го обединува регионот

12.07.2011, 15:53

Евидентен е позитивниот тренд и позитивните процеси во регионот, со кој се менува перцепцијата создадена за него. Балканот не е она што беше, во сите сфери во регионот се евидентни позитивни тенденции, обединети со забрзаните процеси на евроатлантските интеграции, истакна претседателот Ѓорѓе Иванов на заедничката прес-конференција со неговите колеги од Албанија, Црна Гора и Косово, Бамир Топи, Филип Вујановиќ и Атифета Јахјага во Охрид.

- Наши заеднички цели кои беа искажани на денешниот самит се пред се јакнењето на економската соработка, поддршката на слободниот проток на луѓе и капитал, промовирањето на претприемништвото, поттикнување на регионалните инвестиции, поврзувањето на стопанските комори и заедничките проекти за привлекување инвестиции. Тоа е единствен начин за обезбедување економска благосостојба за граѓаните, но истовремено и влог за иднината, рече Иванов. Тој истакна дека со неговите колеги на третиот по ред Регионален самит разговарале за повеќе клучни теми кои треба да го олеснат патот кон ЕУ и ��АТО, да го забрзаат севкупниот развој на општествата одделно, но и да придонесат за стабилноста, безбедноста и просперитетот на регионот во целина.

Претседателот Иванов со оценка дека средбите како оваа во Охрид овозможуваат негување и унапредување на дијалогот меѓу земјите на највисоко ниво и оттаму нивното значење за заедничките приоритети на државите, пред се забрзаната интеграција на регионот во ЕУ и НАТО.

- Регионот во целина има постигнато голем успех и тоа го констатиравме во конструктивен и содржаен дијалог што го имавме денеска. Пред една деценија овде во Охрид го имавме склучувањето на Охридскиот рамковен договор кој навистина придонесе за разбирање и јакнење на соживотот во нашето мултиетничко општество и истовремено надградување на нашата вековна традиција, преку почитување за она што е различно. Тоа е позитивен пример каква завршница треба да имаат таквите настани, порача Иванов.





#
Статијата е прочитана 299 пати.

Испрати коментар

Од: забеган.
Датум: 12.07.2011 16:26:49
оф оф кој се ни дошол на гости,,,,,,,,,,.
Од: Ivanov, trgni vo akcija, a ne moli!
Датум: 12.07.2011 17:34:10
Problemot e i kaj nashive politichari koi neznaat da ja objasnat pravnata priroda na problemot so Imeto. Pokraj stranite pretstavnici, principite na pravoto ne gi razbiraat ni mashive diplomati i rakovoditeli .Sega treba RM da im reche na stranite faktori deka nie ke go reshime problemot so IMETO na poinakov nachin! Ke pregovarame, ama ke pobarame vo septemvri i Sovetodavnoto mislenje (preku Generalnoto sobranie na OON) od Megunarodniot sud za legalitet na denominacijata BJRM i obvrska za razgovorite za imeto (praven identitet)! Znachi treba na stranite dipomati da se kazhe da pristapuvame kon pravno reshavanje na problemot i nema da primarno barame reshenie preku razgovori/pregovori za imeto!!

Најди! во Утрински
Насловна
Насловна
Зошто (за)доцни Владата?
Заминувањето на последниот комунистички министер
„Кралот на Ла Манш“ го покори и Охрид
Груевски не сака да преговара
Плаќајте радиодифузна такса, ќе почне присилната наплата
Музиката е еден јазик со повеќе дијалекти
„Кланица“ на Тур де Франс
Скопје не е само Вардар
Без кредити нема добри профити за банките
Лично спечалените пари се тешки, ама чесни!
Низ прозорец во ЕУ?!
Тојота корола 1,4 D-4D, избор вреден сам за себе!
Ги плаќаме ли гревовите на нашите предци?
Албанците се поделија, на ред се Македонците
Бахура: Реформите во Македонија да не бидат заложник на спорот со името
Со сигнален пиштол и' пресудил на сопругата
Санчез во Барса за 40 милиони евра
Карикатура
Франција ги повлекува воените сили од Авганистан
Стил
Избрани тројцата потпретседатели на Собранието на РМ
Братот на Велија тврди дека не е виновен
Прв допинг случај на Тур де Франс
Онлајн вести

"""