Број 3628  вторник, 12 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Без кредити нема добри профити за банките

Се' уште има сериозни ризици во економијата, а лошата ликвидност ја отежнува наплатата на кредитите

Соња Маџовска



Слабо расте кредитирањето. Се намалува и растот на штедните влогови, особено кај фирмите, а сето тоа води кон пад на профитот на банките.

Згора на сето тоа растат и нефункционалните кредити што сега зафаќаат 9,3 отсто од вкупното кредитно портфолио. Од вкупно одобрени 3,2 милијарди евра кредити заклучно до мај годинава, на сомнителните и спорни побарувања отпаѓаат 9,3 отсто, или речиси 300 милиони евра. Ова се пари што банките не можат да си ги наплатат од граѓаните и од фирмите. Лошите кредити фактички ги стопија банкарските добивки. Најголеми трошоци банките евидентирале од невратени кредити и резервации за лошите пласмани. Оцена на банкарите е дека се' уште постојат сериозни ризици во економијата, а поради лошата ликвидност во стопанството, лошо оди и наплатата на кредитите. Старите кредити тешко се враќаат поради што граѓаните и фирмите се' повеќе се плашат да влезат во нови долгови.

Според Народна банка на Македонија, од декември лани до мај годинава растот на кредитирањето на ниво на банкарскиот сектор изнесува само 4 проценти. Кон приватниот сектор кредитите се зголемиле за 2,9 отсто, а кон население за 3,6 отсто. Во бројки тоа значи дека банките заклучно со мај кај фирмите пласирале 92 милиона евра по основа на нови заеми, а кон граѓаните 44 милиони евра.

За 80 милиони евра пораснале депозитите, но за разлика од фирмите кај кои е регистриран минус од 27,6 милиони евра, граѓаните повеќе штедат и ги зголемиле депозитите за 109 милиони евра.

Сиве овие резултати водат кон намалена добивка на банките. Најдобро стојат трите најголеми банки. Комерцијална банка во првиот квартал од годинава регистрирала добивка од 2,5 милиони евра, НЛБ Тутунска остварила профит од 1,8 милиони евра, а Стопанска банка Скопје од 1,6 милиони евра. Со добивка можат да се пофалат и Прокредит банка од 570.000 евра, потоа Уни банка, ТТК Банка и Охридска. За разлика од нив, Шпаркасе, Стопанска банка - Битола и Централно кооперативна банка во првите квартал регистрирале загуби.


#
Статијата е прочитана 1202 пати.

Испрати коментар

Од: Aleks
Датум: 12.07.2011 07:57:27
Nasive banki se finansiski fenomeni?! Krediti retko davaat a ako dadat ke bide so nekoja astronomska kamatna stapka...

Најди! во Утрински
Насловна
Насловна
Зошто (за)доцни Владата?
Заминувањето на последниот комунистички министер
„Кралот на Ла Манш“ го покори и Охрид
Груевски не сака да преговара
Плаќајте радиодифузна такса, ќе почне присилната наплата
Музиката е еден јазик со повеќе дијалекти
„Кланица“ на Тур де Франс
Скопје не е само Вардар
Лично спечалените пари се тешки, ама чесни!
Низ прозорец во ЕУ?!
Тојота корола 1,4 D-4D, избор вреден сам за себе!
Ги плаќаме ли гревовите на нашите предци?
Иванов
Албанците се поделија, на ред се Македонците
Бахура: Реформите во Македонија да не бидат заложник на спорот со името
Со сигнален пиштол и' пресудил на сопругата
Санчез во Барса за 40 милиони евра
Карикатура
Франција ги повлекува воените сили од Авганистан
Стил
Избрани тројцата потпретседатели на Собранието на РМ
Братот на Велија тврди дека не е виновен
Прв допинг случај на Тур де Франс
Онлајн вести

"""