Автомобили
Тојота корола 1,4 D-4D, избор вреден сам за себе!
Импортерите нудат бројни попусти и купувачот има навистина голем избор да одбере автомобил по атрактивни цени. Меѓу попривлечните избори е секако „тојота корола“, со дизел агрегат по цена од само 15.990 евра!
Владимир Ристовиќ
Понуда која што ја "чекаа" многумина вљубеници на оваа марка во нашата земја, а чиј број, од ден на ден е се поголем. Докажаниот квалитет, долготрајноста, издржливоста, економичноста и солидните возни својства и перформанси, се доволна причина за тоа. А, "корола" е најдобриот претставник на брендот, со десет генерации и над 40 милиони продадени примероци ширум светот таа е најпродаваниот модел во историјата на автомобилизмот.
Токму оваа "убавица" на тркала, во дизелската варијанта со агрегат 1.4 D-4D, со моќ од 90 КС ја имавме на неколку дневно дружење. Компактниот седан не освои со својата стамена става веќе на првата средба. Модерни линии и препознатливи дизајн на брендот ја красат и оваа "корола". Предниот дел е со динамичен, привчечен изглед, агресивноста е потен��ирана со под низок агол поставеното предно ветробранско стакло. Предната маска, во комбинација со светлосената група и одбојникот, во кој странично се имплементирани магленки, заедно со големиот дифузер ја заокружуваат модерниот динамичен лик. Мускулестите странични линии ја продолжуваат линијата на динамика на лимузинската изведба со должина од 4.540, широчина- 1760 и височина 1470 милиметри. Задниот дел продолжен поради атрактивниот гепек. Големи измени се направени и во ентериерот. Внатрешноста е комфорна и ефгономична. Пространоста е обезбедена со меѓуоскиното растојание од 2600 мм, простор има и на предните и на задните седишта. Ергономијата е за пофалба командите и инструментите се прегледни, лесно достапни и едноставни за ракување. И багажникот располага со солиден капацитет од 450 литри, што е во рамките на класата.
За удобноста се грижат и автоматската клима и квалитетната ЦД линија со и-Под приклучок, со команди на мултифункциоанлниот серво управувач. Возењето со оваа компактна лимузина е навистина лежерно. За тоа придонес има и шест степениот мануеле манувач, одлишно вкомпониран со агрегатот. Корола од место до 100 км/ч забрзува за 11,9 секунди и постигнува маклсимална брзина од 175 км/ч ( според нводите од производителот). Сопирачките дискови, напред вентилирачки, одлично си ја вршат работата, а АВЅ системот реагира навремено.
Но, најмногу од се воодушевува потрошувачката. Со вклучен клима уред и крстосување низ градскиот сообраќаен метеж во просек трошеше под шест литри на изминати 100 км. Со наведената потрошувачка и традиционалната доверливост "корола" со дизеле агрегат претставува благодет за домашниот буџет.
Изметот од птици и смолата опасни за вашиот автомобил
Во топлите жешки денови, особено кога сме на одмор, кога одиме на плажа, бараме подебела сенка во кја ќе го паркираме автомобилот. Едноставно не сакаме нашиот миленик да го изложиме на сончевите зраци, бидејќи тогаш под хаубата, кога ќе се вратиме во автомобилот, ќе не пречека вистинска "сауна". Поради тоа спас од вжештената кабина бараме во големите и "дебели" борови сенки, што просто мамат да се паркираме под нив. Возачите, не знаејќи какви штетни последици за нивниот автомобил може тоа да има, ги оставаат своите возила во "убави" сенки.
Но, по само кус претстој под боровите гранки автомобилот е "накитен" со дамки од смола и со измет од птиците.
Смолата од боровите дрвја и изметот на птиците се опасни за автомобилскиот лак на каросеријата, бидејќи тешко се отстрануваат. За нивно чистење не смее да се користи ниту бензин, ниту, пак, пасти за полирање. Ако веднаш и внимателно не се отстранат овие дамки, може да дојде до видливо оштетување на лакот на каросеријата, што потоа лесно не се поправа.
Смолата и птичјиот измет агресивно влијаат на површината на бојата, ја разградуваат и се впиваат во неа. Ако смолата подолго време остане на каросеријата на автомобилот, ќе се стврдне, и со симнувањето може да ја оштетите бојата. Изметот од птиците, пак, интензивно продира во бојата и по подолго стоење остава свежи дамки, кои потоа тешко може да се отстранат.
Кога отстранувате нанесена смола или измет од птици од вашиот автомобил најдобро е да употребите мека крпа навлажнета во топла вода и благ детергент. Тријте нежно и лесно. За смола ќе мора тоа да го правите подолго време, и проблемот ќе биде решен, без поголеми последици за вашиот автомобил. Во никој случај немојте да користите бензин, или паста за полирање, бидејќи може да се оштети лакот од каросеријата.
Во секој случај најдобра "идбрана" од смолата и изметот на птиците е да одбегнувате паркирање во сенка на дебелите крошни на дрвјата.
„Волво С30 електрик“ наскоро во продажба
„Волво карс корпорејшн“ стартуваше со производство на електричната верзија на компактниот модел "C30", а првите претставници кои се наменети првенствено за корпоративни клиенти и државни организации во Европа, ќе бидат доставени на крајот на летото.
"Волво С30 електрик " е во состојба со едно полнење на батеријата да помине околу 150 километри, а максималната брзина е околу 130 km/h. Со забрзување од 0 до 100 km/h за 11 секунди ги исполнува и спортските барања во класата.
Полнењето на литиум-јонска батерија на возилото трае до осум часа. Она што е посебно интересно е што "Волво С30 електрик" има три нивоа на климатизација. Првата од нив се грижи гре��њето / ладењето на каросеријата (користи биоетанол), втората е за регулирање на температурата на батериите, а третата е одговорна за електричниот мотор и електрониката. Следат многу други технолошки и технички решенија што го вбројуваат во најнапредните во сегментот.
„Мини купе“
„Мини“ минатиот месец ги објави првите официјални податоци за новиот купе, што на европскиот пазар ќе се продава во изведби со бензински и со дизел агрегат. Моторите што ќе го придвижуваат се 1.6 литарски со четири цилиндри и со 122 кс, потоа 1.6 литарски со четири цилиндри и турбо полнач и 221 кс. Следат 2.0 литарски турбо дизел со 143 кс и 225 Nm вртежен момент и 1.6 литарскиот, со турбополнач и 184 кс.
На пазарот ќе бидат достапни четири верзии: "купер купе", "купер S купе", "Џон купер Воркс Купе" и "Купер SD купе".
Новиот "Мини", очекуваат во компанијата, треба да предизвика бум на пазарот на спортски компакти.
|