Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
26.09.2012, 18:15

По Белата книга, кавги во одбраната

Началникот на ГШ на АРМ смета дека книгата требало да биде отпечатена само на македонски јазик, а потоа да се преведува

Даниела Трпчевска

Белата книга за одбраната го продлабочи јазот меѓу Генералштабот на АРМ и Министерството за одбрана. Тивкиот „судир“ меѓу началникот на ГШ, генерал-мајор Горанчо Котески, и првиот човек во одбраната Фатмир Бесими, изби повторно на површина со промоцијата на стратешкиот документ за развојот на одбраната до 2020 година. „Белата книга е стратешки документ. Таа требаше да биде објавена на македонски јазик. Ова не е туристичка публикација на некоја агенција“, остро реагираше вчера генерал-мајорот Котески, кој пред медиумите призна дека токму објавувањето на Белата книга на македонски, албански и на англиски јазик, е причината што не присуствуваше на официјалната промоција во Домот на АРМ во Скопје.

Од Министерството за одбрана, пак, се децидни дека книгата била промовирана со цел поголема транспарентност и отчетност на Министерството за одбрана пред своите граѓани, земји партнери и НАТО. Во нејзината изработка биле вклучени и офицери од Генералштабот на АРМ, кои биле запознаени со целиот тек на подготовките.

Белата книга, која по пауза од седум години повторно беше изготвена и објавена од МО, овојпат е тројазична - на македонски, албански и на англиски јазик. На трите јазици се одржа и промоцијата во Домот на АРМ, од страна на министерот Фатмир Бесими. На свеченоста присуствуваа вработени во одбраната и странски претставници. Но, не дојдоа и главните на Генералштабот, кои бараат овој стратешки документ да се препечати само на македонски јазик.

Незадоволството од ваквиот потег на министерот Бесими било изразено од страна на Армијата. Биле одржани и интерни средби на кои до врвот на министерството биле изнесени ваквите насогласувања и забелешки.

„Белата книга е документ кој во себе ги содржи меѓу другото и стратешките документи и цели на Армијата за наредниот период. Сметам дека содржината на книгата е во ред, но не се согласувам што е отпечатена на три јазици. Мојот став е различен во однос на техничката изработка на книгата. Сметам дека службен јазик е македонскиот и на тој јазик требаше да биде отпечатена книгата. Дури потоа можела да биде преведена и на други јазици“, изјави вчера генерал-мајорот Котески, кој имаше средба со осумтемина припадници на воената полиција, кои минатата недела се вратија од шестмесечната мисија во Кабул.

Тој вели дека своето незадоволство го искажал и пред надлежните во министерството. Од таму, пак, добил уверување дека во „наредниот период ќе се размисли да се публикува книгата онака како што треба“.

Од МО, пак, вчера соопштија дека се задоволни од позитивниот одек во јавноста и дадени високи оценки и коментари од научно-стручната академска заедница, како и Советодавниот тим на НАТО и од другите земји членки на НАТО за содржината на Белата книга на одбраната.

„Белата книга е документ во надлежност на Министерството за одбрана и ги претставува веќе донесените политики во одбраната. МО е целосно посветено и секојдневно ангажирано на Агендата за реформи за евроатлански интеграции во чија функција е и промоцијата и издавањето на новата Бела книга на одбраната и никој не може да го дефокусира од примарната задача“, е ставот на министерството. Од таму апелираат „секој да работи на своите работни задачи во рамките на законските прописи со цел да се даде придонес кон успешна реализација на реформската Агенда за членство во НАТО“.

Началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Горанчо Котески, повел иницијатива за утврдување одговорност на четворицата офицери кои беа во придружба на министерот за одбрана, Фатмир Бесими, на поклонувањето пред споменикот на ОНА во Слупчане.

Котески вчера информираше дека ова било направено врз база на насоките добиени од врховниот командант, претседателот Ѓорге Иванов, по негово лично размислување и по консултациите со надлежните во Министерството.

„Поведов иницијатива за дисциплинска одговорност за припадниците на АРМ кои присуствуваа во Слупчане. Понатамошната истрага ќе покаже зошто тие биле таму. Во одбраната нема место за политика и за импровизации“, изјави Котески.


Статијата е прочитана 766 пати.

Испрати коментар



Казните ќе ги попарат новинарите
Бучковски не одговара на телефонски повици
Халкидики оаза за македонските политичари
Иванов на разговори со Бан Ки-мун
Секоја пренамена e ребаланс на буџет. Долгот не смее да надмине 40 отсто
Кој да го замени Ѕинго?



srebre, 27.09.2012 10:42:32
ajde ajde nese sramete kazete otvoreno vo makedonija ima paralelna drzava,drzava vo drzava toa e cel na dui,vece dui ima vlast nad albanci oficeri seto ova e planirano samo vmro se pravi nisto ne gleda samo da e na vlast,zatoa i dpa bara nov dogovor posto vece albanci vo mvr i arm vladeat so severozapad ,vo pravo e nacalnikot koga ministerot na golemo go albanizira arm vo severozapadniot del uste malku pa celosno ce izleze od arm i mvr kontrola ovoj del pa tosag nema ni da ima teorija za borba dobro znae nacalnikot,no ramkovniot ja urivaa ovaa mak i toa e toa samite potpisavme a arm e na pat da se podeli na 2 dela kazete ja vistinata....

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 14°C

Делумно облачно

Понеделник
Делумно облачно
Макс: 32°C, Мин: 13°C

Вторник
Делумно облачно
Макс: 33°C, Мин: 13°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Соопштение за читателите
Поради инфраструктурни зафати на веб-страницата на „Утрински весник“, дел од содржините на сајтот не се обновени или се обновуваат со задоцнување
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (14)
Африканската турнеја - Конфликтот помеѓу Тито и Миќуновиќ. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Интервју - Современиот танц широко ги отвора портите
„Желбата да студирам современ танц отсекогаш потсвесно тлееше во мене“, вели балерината Матеја Киселичка...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |