Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
26.09.2012, 18:12

Казните ќе ги попарат новинарите

Претставниците на медиумите изразија загриженост од високите казни, кои се движат до 27.000 евра за изречена клевета или навреда

Љубиша СтанковиЌ


„Овој закон не е семоќен, но неговата основна идеја е остварување на слободата на изразување“. Ова го истакна претседател на МАНУ, Владо Камбовски, на вчерашната дебата за предлог-законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда. Новинарите на јавната дебата изрекоа многубројни забелешки за понудените предлозите во законот со кој тие ќе имаат само граѓанска, но не и кривична одговорност за клевета и навреда.

Професорот Камбовски, кој е раководител на работната група за подготовка на измените на Кривичниот законик, но и на работната група за подготовка на новиот закон за граѓанска одговорност, смета дека при изготвувањето на новиот предлог-закон се водело сметка дека тој треба да допре и до судот и судиите. Камбовски смета дека судиите во иднина ќе треба да ја имаат предвид Европската конвенција за човекови права, но и искуствата на Судот за човекови права, а што досега не беше правило, барем кога новинарите кривично одговараа за клевета и навреда. Професорот Камбовски, како носител на проектот, потсети дека во ниту една пресуда за новинар никаде и никогаш не се споменала Европската конвенција за човекови права.

„Уште на самиот почеток имавме дилема: дали да се изготви нов закон или да се изврши интервенција во постојниот, но набргу беше напуштена идејата за нов закон“, изјави академик Владо Камбовски и појасни дека најпрво се пристапило кон декриминализација на делата клевета и навреда, а потоа се' да се сведе на граѓанска одговорност.

Вицепремиерката Теута Арифи, како единствен претставник на власта, говорејќи за декриминализацијата и ослободените медиуми рече дека со новиот закон предвидува каскадна одговорност и висина на казната. Говорејќи за каскадната одговорност, Арифи рече дека на потенцијалниот тужител е да одлучи кој ќе биде тужен, односно дали тоа ќе биде новинарот, главниот уредник или сопственикот на медиумот, а судот да ја утврди одговорноста и да ја изрече висината на казната.

Токму утврдениот надомест за плаќање на казната беше едно од забелешките на новинарите. Претставниците на медиумите изразија многу скепса за одредената максимална казна од 27.000 евра за новинарот, уредникот и издавачот.

Освен на член 18 од предложениот закон, новинарите имаа забелешки и на член 23 во кој се говори за изрекување привремени мерки. Имено, со овој член од законот е предвидено запирање на натамошно објавување на натамошни текстови, но и отповикување навредливи или клеветнички изјави. Токму претставниците на Синдикатот на новинарите побараа овој член да не биде прифатен бидејќи со него ќе се спречи натамошна новинарска истрага.


Статијата е прочитана 655 пати.

Испрати коментар



По Белата книга, кавги во одбраната
Бучковски не одговара на телефонски повици
Халкидики оаза за македонските политичари
Иванов на разговори со Бан Ки-мун
Секоја пренамена e ребаланс на буџет. Долгот не смее да надмине 40 отсто
Кој да го замени Ѕинго?



ФЕЛИКС, 27.09.2012 07:51:01
Од една страна казните се превисоки а од друга страна пак новинарите треба да го научат аргументираното објавување нешта за некого,само писобраниот доказен материјал ги спасува од казните.Едноставно кажано, практицирање истражувачко новинарство поткрепено со факти.Инаку случајот со разгаќените британски принцови и принцези и потоа жестока закана милонска одштета за необјавување на фотосите како во Британија така и во Франција,е доволен доказ како во светот се гледа на слободата на медиумите.Значи фотограф снимил, медиум објавил и сега имаат над главата милионска закана, која ако се оствари отиде медиумот по ѓаволите.
Jane, 27.09.2012 08:42:00
Што поскору да ја снема оваа влада диктаторска Грујо е побетер од Гадафи, ќе соблечат голи, само жал ми е што овој народ е сеуште овца заспана и се што лаже му веруваат за плати 7%, се е лага.
daniela, 27.09.2012 12:31:15
mech so dve ostrici e ovaj zakon.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 14°C

Делумно облачно

Понеделник
Делумно облачно
Макс: 32°C, Мин: 13°C

Вторник
Делумно облачно
Макс: 33°C, Мин: 13°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Соопштение за читателите
Поради инфраструктурни зафати на веб-страницата на „Утрински весник“, дел од содржините на сајтот не се обновени или се обновуваат со задоцнување
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (14)
Африканската турнеја - Конфликтот помеѓу Тито и Миќуновиќ. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Интервју - Современиот танц широко ги отвора портите
„Желбата да студирам современ танц отсекогаш потсвесно тлееше во мене“, вели балерината Матеја Киселичка...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |