Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
26.09.2012, 17:21

Инсајдер

Кој да го замени Ѕинго?

Четири имиња се вртат како можни наследници на Љубисав Иванов во СПМ, но ништо не е сигурно додека тој не се изјасни дали заминува од кормилото

Александра М.Митевска

Љубисав Иванов-Ѕинго останува на чело на Социјалистичката партија најрано до следната година напролет, кога треба да се одржи партискиот конгрес за избор на ново раководство. Иванов неодамна си поднесе оставка во парламентот по 22 години пратенички стаж во седум мандати, но не ги соопшти точните причини за овој потег.

Не соопшти ниту дали планира да замине и од кормилото на СПМ, што го презеде пред 16 години. Во тој период македонските социјалисти доживеаја големи кадровски осцилации, но и екстремна промена на курсот, ако се има предвид дека од партија позиционирана во крајната левица, пред десетина години, влегоа во коалиција со десничарската ВМРО-ДПМНЕ, претходно напуштајќи го партнерството со социјалдемократите.

Во парламентот е извесно дека местото на Иванов ќе го заземе Марија Рашковска од ВМРО-ДПМНЕ. Но, неизвесно е кој би го заменил Ѕинго во партијата, за каде што може да се каже дека тој изгради култ на личноста.

Портпаролот на СПМ, пратеникот Малиша Станковиќ, вели дека Иванов останува на лидерската функција. На прашањето кога на Иванов му истекува овој лидерски мандат, Станковиќ појасни дека тоа официјално ќе се случи напролет, кога партијата ќе одржи конгрес, што треба да го закаже Републичкиот одбор. Поточно, мандатот на Иванов веќе неколку месеци е истечен, но со одлука на партиските органи, бил продолжен за уште една година, односно до следниот конгрес.

„Не можам да прејудицирам што ќе биде пред конгресот. Дали Иванов повторно ќе биде кандидат за лидер или кој се' би се кандидирал за претседателската позиција, главно, зависи од тоа како ќе се изјаснат општинските организации“, вели Станковиќ, појаснувајќи дека многу работи ќе бидат појасни до крајот на оваа година, кога ќе почне процедурата за конгресот.

Во првата декада од плурализмот, СПМ беше силна партија, со историја на успешни самостојни изборни настапи, со голем број звучни имиња во нејзиниот состав и со многу кадри во извршната власт. Но, со текот на годините голем дел од личностите кои беа заштитен знак на социјалистичката идеја во земјава се оддалечуваа од партијата. Меѓу нив би можеле да се споменат Златка Поповска, Хари Костов, Илија Филипче, Владимир Наумовски, Мирко Трифуновски, Миле Димитровски, Љубе Трпеновски, Зоран Витанов, Благоја Филиповски...

Во последните години политичкото влијание на Социјалистичката партија, главно, се поврзува со моќта на телевизија Сител. Тоа можеби е и една од причините зошто социјалистите се' уште имаат најсолидни позиции во коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во споредба со другите помали партии.

СПМ, во изминатите шест години, го контролира Министерството за земјоделство, прво преку Александар Спасеновски, кој замина за амбасадор, а сега преку Љупчо Димовски. Во парламентот, пак, партијата на Иванов до скоро имаше тројца пратеници, а сега остана со Малиша Станковиќ и Владанка Авировиќ.

За тројцата актуелни носители на функции од редовите на социјалистите, Димовски, Станковиќ и Авировиќ, кои имаат и високи партиски функции се шпекулира дека се потенцијални кандидати за лидерската позиција ако Иванов го напушти кормилото. Се споменува и Јован Лазаров, кој и натаму фигурира како потпретседател на СПМ, иако малку е присутен на јавна сцена. Упатените во приликите во СПМ, пак, сметаат дека Ѕинго ќе одлучи кој ќе биде третиот лидер на македонските социјалисти.


Статијата е прочитана 2557 пати.

Испрати коментар



По Белата книга, кавги во одбраната
Казните ќе ги попарат новинарите
Бучковски не одговара на телефонски повици
Халкидики оаза за македонските политичари
Иванов на разговори со Бан Ки-мун
Секоја пренамена e ребаланс на буџет. Долгот не смее да надмине 40 отсто



zagrizen, 27.09.2012 02:06:07
Aleksandra, koj ke go zameni? Pa kade Vie ziveete. Ta Zingo e NEZAMENLIV. Se rasturaat drzavi, se menuvaat politicki sistemi, se menuvaat vladeacki politicki partii,se formiraat koalicii, a samo Zingo ostanuva (samo ljubav/Zingo ostaje, slogan od Izborot na Lara). Gospodin Zingo e so sigurnost bez konkurencija za Ginisova kniga na rekordi, so mala sansa da nekoj vo svetot mu go zeme primatot za kameleonstvo. No toa e da se bavis so politika i da si politicar.Vo slucajov uspesen. Edinstven koj moze da mu se donekade priblizi vo kameleonstvoto e profesorot DP Latas, sekako daleku od nego vo politikata, no .......
jovan, 27.09.2012 06:08:54
Smesno e da se pisuva za SPM kako partija i za Zingo kako politicar. Toa e pred se obicna interes organizacija koja se bavi isklucivo za svoj licni interesi. Poglednete samo vo Min.za zemjodelie kolku se vraboteni po nalog na SPM(citaj Zingo), kolku se vraboteni po opstinite(opstina centar)...i mnogu drugi drzavni institucii. Se se toa luge koj ponataka bi trebalo da odrabotuvaat za interesite na Zingo i nisto poveke. Istata taktika kako i vo Kratovo. Mozes da se vrabotis vo tamosnata administracija no samo ako gi ispolnuvas naredbite na gazdata, ako ne, letas kako partal.Toa e edna organizacija koja e zrela za *lustracija* bidejki toa e cel sistem a ne eden covek. Koj ke go zameni, e navistina interesno, no ne e tesko i da se predpostavi koj ke ja kontrolira taa *mreza*.
Радомир, 27.09.2012 09:43:05
А зошто да биде заменет Ѕинго. За тоа секако ќе се погрижи лидерот на ДПМНЕ, на кого и во иднина ќе му биде неопходен таков вртикапа од редовите на социјалистите. За кратовскиот Ким Ил Сунг, нема зима. Од партијата, во еден временски интервал, дури и најмасовна, направи гола вода. Во моментов има толку членство што не можат да состават ниту одбор за неговото свечено испраќање.
Feudalski samorzec, 27.09.2012 10:34:51
Kolku ovaj covek nalikuva na onie srednovekovni feudalci i despoti vo odnesuvanjete. Prasajte gi samo Kratovcani i ce vi kaza , kako gi pretovoriu vo negoviu kreposni podanici.Za celo vreme e so vladeeckite strukturi i toj e nad zakonite na drzavava. I ova negovo povlekuvanje ne e iskreno. ponovo ze raboti za zderlka, odnosno zadrzuvanje na Sitel , bidejci po noviot zakon nikoj koj e na javna funkcija ne moze toj ili negov blizok clen od semejstvoto da ima javen difuzen servis.Zingo napravi ogromna steta vo makedonskiot informativen prostor, so proteziranje na onaj negov telal Latas, koj e vistinska elementarna nepogoda vo novinarstvoto i mediumskiot prostor
ФЕЛИКС, 27.09.2012 11:26:55
Многу ми е комично кога некогашните соборци и симпатизери од Шатевска страна сега му се настрвуваат на Ѕинго.Кога беше посакуван коалиционен партнер и кога шиткаше бонови место пари во Кратово тогаш беше добар.Кога се шверцаше нафта преку Силекс тогаш беше предобар.Кога Сител топтан со се Латас одработуваа за Шатевци беа ептен и посакувани и популарни.За мене лично никогаш не бил опсервиран позитивно,почнувајќи од аферата со Иднина во СФРЈ па до ден денес.Никогаш не сум сакал дунек однесувања во политиката.Токму спротивното одкоментаторските писанија тука.Да не споменувам за слични писанија кога ЛП и НСДП беа дел од оваа власт во минатото и кога се вратија во старото јато.Ептен многу вејки на ветрот на м2.
demokrat, 27.09.2012 13:52:16
Kolku da se znae, Singo 46 godini e pratenik.
oд певац до феликс, 27.09.2012 17:01:18
не е тешко ако се погледне твојот коментар и да се сфати кој стои под твојот псевдоним,сите кажавте све и тоа точно за диктаторот кратовски само никој не спомна дека нема сили веќе дека генералот како што милува да го викаат е при крај со неговите сили...што се певац однесува до Иднина изнеси слободно факти и кажи на целата македонска јавност дали видоа бел ден луѓето кои скокнаа против него кога беше натокмен на А иднина кратово. на крајот ниту е ѕинго крив ниту неговите рекетари туку самиот народ оти кубурата ја чуваат за полоши денови:))))))))))во кратово има само мажи со фустани,затоа зинге вика док има овце биче и вуна!!! кратовчани нели цела Македонија денес наликува на бедно Кратово а??????????
Стојко, 27.09.2012 17:31:34
Најкрупниот феудалец претседател на социјалистичка партија. Иронија или вистина. Смеа или плач. Гласачи или машина. Судбина.
Кој знае има!!!, 27.09.2012 19:06:42
Латас си оди, Зинго си оди. Бродот не да тоне туку е веќе потонат. Глувците први го напуштаат бродот, не оти имаат мерка и перде на очи туку оти веројатно имаат инсајдерски информации.Не е чудно ако тие двајца и си одат од Македонијава. Многу ме интересира што Латас ќе ги научи кутрите студенти кои плаќаат со кредитите на родителите за „знаење“ и кога ќе излезат со испрани мозоци како бели алишта после вриење и центрифуга кој ќе ги земе на работа. Можеби СИТЕЛ.
Хрис, 27.09.2012 20:50:02
Феликсе, а врз основа на која изјава на Шатевци ти го пишуваш ваквиот коментар? Во статијата никаде не се споменува СДСМ.
KOJCO, 27.09.2012 22:17:08
Sega da se otvorat krivicna prijava za Singo. Za negovoto Kratovo sto go unisti, i pretvori vo negova Kralevina, gi smeni denarite i gi postavi Singovite bonovi kako VALUTA Istraga za ovoj.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 17°C

Ведро

Сабота
Ведро
Макс: 32°C, Мин: 13°C

Недела
Сончево
Макс: 33°C, Мин: 14°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (12)
Докторите на Тито во колиба. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Операција на колк во живо во „Аџибадем Систина“
Операцијата на 48 годишен пациент, траеше два часа, а ја следеа во живо голем број еминентни ортопеди, трауматолози и фи...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |