Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Коментари
23.11.2012, 18:09

Едиториjал

Колку вреди гласот на диjаспората

Даниела Трпчевска

Колку авиони ќе треба да донесе лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за да го освои Кичево? Колку гласови се потребни од дијаспората за да се прегрупираат гласовите кои ќе одлучат кој ќе седне во градоначалничките фотелји во март? Кој блок – македонскиот или албанскиот ќе успеат повеќе да го мобилизираат своето гласачко тело, кое ја напуштило земјава, за да се врати и да го даде својот „скапоцен“ глас на некој од кандидатите на изборните листи?

Ова се само некои од дилемите кои се наметнаа изминатиов период, откако делегација на Демократската унија за интеграција ја започна неколкунеделната европска турнеја за „будење“ на заспаната дијаспора во пресрет на мартовските случувања. Иако високи функционери на партијата се обидуваат да убедат дека на посетата не треба да се гледа како на предизборен маркетинг и манипулација со гласачкото тело во дијаспората, туку повеќе како на гест на добра волја за одржување на папочната врска со татковината, тешко дека ќе успеат во тоа.

Неофицијалните проценки се дека над 400 илјади македонски граѓани изминативе 20-тина години се иселиле во земјава, од кои само во земјите на Европската унија во моментов живеат околу 180 илјади со привремен престој. Не е за занемарување ниту бројката на оние кои што последниве години во пакет со семејствата заминуваат за Австралија, Канада, САД...

Според официјалните податоци на Државната изборна комисија, право на глас имаат 95.074 избирачи во дијаспората. Од нив, речиси 63 илјади ќе можат да гласаат, бидејќи го исполнуваат условот – поседуваат валидни биометриски документи. Дали повеќето од нив ќе го остварат правото на глас и дали партиите ќе успеат да го мотивираат своето гласачко дело за да допатува „со авиони“ во татковината, е битка за која допрва ќе се кршат копјата. Но, дека дека ниту една, ниту пак другата страна ќе седат со скрстени раце, сведочи и зголемената активност на Министерството за надворешни работи, кое до март идната година има полни раце работа и закажани термини во повеќе земји, каде со мобилни станици, ќе им ја олесни постапката на иселениците да добијат нови пасоши и лични карти.

Ако во наредниве неколку месеци уште 30 илјади иселеници добијат биометриски документи, тогаш бројката на гласачкото тело во дијаспората ќе достигне до една завидна бројка од речиси 100 илјади гласачи, која и тоа како може да биде пресудна за „освојувањето“ на одредени општини.

Зголемениот интерес кој дијаспората го покажува, особено последниве години за случувањата во земјава, нивниот се позасилен ангажман во политиката, ширењето на организациите кои даваат нова динамика на дејствувањето на македонската дијаспора во странство, се само еден од сигналите дека гласот на иселениците не само што не смее да се потцени, туку дека тој може да одигра и клучна улога, како на пример во општина Кичево.

Колку и да им изгледа на многумина пренагласено прашањето, дали „Кичево ќе биде наше или ваше“, се чини изборите во оваа општина ќе бидат избори за „се или ништо“, а кичевчани ќе бидат последниот бастион на кој ќе се тестираат меѓуетничките односи во државава.

Тоа го поврди и анализата на „Либерта институтот“ за можните резултати на локалните избори в година, откако кон Кичево ќе се припојат досегашните општини Зајас, Осломеј, Другово и Вранештица. Според анализата, македонските партии ќе освојат околу 6.000 гласа повеќе од партиите на етничките Албанци доколку се повторат резултатите од локалните избори во 2009 година. Институтот тоа со објаснува со фактот што излезеноста во општините со доминантно албанско население е многу помала од општините населени главно со Македонци.

Дека албанскиот блок ќе ја насочи сета своја енергија на оваа општина, и дека притоа максимално ќе се ангажира и „иселеничката машинерија“, покажуваат и изјавите на високи функционери на ДУИ, дадени изминатиов период. Тие „не знааат колкумина ќе дојдат да гласаат во Кичево“, но потврдуваат дека интересот е најголем токму за таа општина, затоа што овие локални избори се прва шанса да гласаат за Албанец градоначалник. Ваквите тези за можните резултати на локалните избори в година, отка��о кон Кичево ќе се припојат досегашните општини Зајас, Осломеј, Другово и Вранештица, само придонесуваат да расне вредноста на гласот на дијаспората.


Статијата е прочитана 1331 пати.

Испрати коментар



Време е за писмо до Тирана
Нема жртвување без надеж
Централизирани и дисциплинирани



Zivko Panovski, 24.11.2012 00:41:39
Ne mi e jasno zosto jas koj sum se iselil od Makedonija treba da resavam, preku moj prestavnik od Dijasporata za nekogo sto zivee vo Makedonija. Da ne se lazeme na poveketo sto sme nadvor od Makedonija ni e podobro kaj sto sme. Prestavnicite od Vlasta se mnogu rastrcani po potencijalni glasaci. Good luck. Zal me e za tie sto se tamu vklucuvajki ja i mojata familija.
jimmy1, 24.11.2012 00:51:38
Treba da se donesat izmeni vo zakonot za glasanje, i da nema pravo na glas sekoj koj sto e nadvor od makedoneija poveke od 12 meseci. Zarem onie sto zaminale cel zivot na privremena rabota vo stranstvo ke im gi resavaat problemite na onie sto ziveat vo Makedonija. Isto taka da se ukinat pratenickite mesta za pratenici od dijasporata, neka se kandidatiraat tamu kade sto zivejat. Glasanjeto vo dijasporata bese mnogu nerealno, ne im bese dozvoleno da glasaat na onie sto sakaja da glasaat za SDSM ili pak za bilo koja druga partija, mozeja da glasaat samo onie sto glasaja za VMRO, e toa li go vikame DEMOKRATIJA i SLOBODA?????
jovan, 24.11.2012 00:54:18
Pecalbar i iselenik(dijaspora kako sto gi narekuvate)ne e isto. Pecalbarite se samo *otsutni* od doma i mozat eden den da se vratat(ako moraat, inaku nikoj ne bi se vratil). Site pecalbari imaat Makedonski pasosi/dokumenti, adresa na ziveenje, imot... dodeka golem del od iselenicite koj za stalno si otisle od ovde, nitu imaat Mak.dokumenti, nitu pa Makedonija gi interesira. Prasanje e kolku od pecalbarite ili onie iselenici entuzijasti, ke glasaat i kolkav e nivniot broj. Inaku Makedonski gragani koj se niz svetot, zaedno so nivnite deca(najcesto rodeni tamu) se predpostavuva deka se nad 1,2 miloni luge, no ogromen del od niv i nivnite pokolenija Makedonija im e zadnja rupa na sviralo. Onie koj se uste se zainteresirani za MK i spremni da se*maltretiraa* so ovdesni problemi se mnogu malku, a stanuvaat i se pomalku i pomalku.Zalno e kolkav broj na naselenie ovaa drzava nepovratno gubi.Pogotovo Makedoncite.
EU, 24.11.2012 01:10:52
Kako moze nekoj, bez ogled dali poteknuva od Aleksandar ili pak od Ilirite, sto zivee, raboti, se skoluva, i pritoa, plaka doprinosi vo drugi drzavi, da odlucuva za izborot na lokalnata uprava.
Tina, 24.11.2012 08:32:11
Se dodeka nie se chustvuvame Makedonci.
jovan, vlada @, 24.11.2012 10:18:05
Работава со Кичево е многу покомплицирана од колку што изгледа на прв поглед.Ајде вака да разјасниме некој работи по ред,како прво со спојување на околните општини како Другово,Вранештица,Осломеј и Зајас во старт се прави една не природно поврзување на една територија која реално не соодвестува со конфигурацијата на терен,како второ нема шасни ДУИ да донесе толку гласачи од дијапсора па макар и да им го плати на сите превозот,како трето нема да се дозволи како до сега да се полнат кутиите во Зајас,Колари и др.населени места со Албанци,четврто Кичево е непресушено водно богатство најзначејно за опстанок на една општина и тоа во големо количество но и покрај ова за жал делови од Кичево во летен период немаат со денови вода и за крај сите што мислат дека Ромите,Македонците со исламска вероисповест,Турците ќе гласаат сите за ДУИ и нивниот кандидат незнам од каде им се овие информации бидејќи воопшто не се точни и ако сега се обединат и власта и опозицијата ќе успее Кичево да опстои како ..
evropa, 24.11.2012 10:42:36
na nekoi vo mk ne im e jasno zosto da imat pravo na glas ludje vo stranstvo pa zatoa sto vo cel svet sekoja nacija saka da bide pogilema i da opstane n.p. dancite davat drzavjanstvo na 4.generaciaj vo sad i argentina bez da stapnale vo danska i ne go znaat danskiot jazik i imat pravo da glasat preku internet,pismo...a i albancite imat visoka nacionalna svest pa sakat da lapnat sto povece i toa vo zemja kade se malcinstvo i pokraj toa sto imat nacionalni 2 drzava ..ama makedonec e nova naciaja nema nacionalna svest neznae sto se toa nacionalni interesi samo licni videte gi io lekarite vo mk imat najmnogu a sakat povece a narod zivee vo golema siromastija...albanci sakat duri na smetka na mk so avion da gi donesat svoite da glasat a makedoncite ne im davaty na svoite vo svet da glasat edni sakat pogilema nacija i oni da odlucuvat pa koga dojde vreme i da se odcepat a makedonci i pokraj sto brojot ni padja vo odumiranje sme kako nacija ne sfacame zosto albancite se sakat medjusebe.
Nema ni logika ni zakonska osnova, 24.11.2012 10:45:40
Pa i na samite iselenici im e nelogicno i cudno da tie glasaat i odreduvaat prestavnici za vo zemja vo koja ne ziveat. Zatoa i ne pokazaa interes pri minatite izbori i vo site tri izborni edinici na dijasporata edvam glasaa okolu 2500 , a i tie bea organizirani i instruirani od VMRO. Zatoa pratenicite od dijasporata se so po 500 -600 glasovi. Celta na vakvi nelogicni i nezakonski izbori e da VMRO ima uste 3 -ca pratenici plus za da krevaat race za nivnite nebulozni odluki. Toa e jasno kako den.
cane sokolovski, 24.11.2012 12:43:37
Јас сум дел од емигрантите и иако ја разбирам evropa потполно се слагам со jimmy1. Не може луѓе кои не се долго време во земјата да ги решаваат проблемите на истата!
milko, 24.11.2012 13:31:59
glaspt na dijasporata e edna milijarda dolari isprateni vo makedonoja godisno, pa ti napravi matematika i ako mozes da najdes pogolem investitor od toa poveli?
BHC, 25.11.2012 00:04:12
Kako bi bila nie od dijasporata voopshto da ne glasame.Pogotovo za pratenici vo parlamentot.Treba, (ako voopshto treba), da glasame samo za presedatel na drzavata,kako shto predlozi eden od komentatorite pred izvesno vreme.
Tome, 25.11.2012 05:23:11
Парите што ги праќаме ние од дијаспората ни даваат и те како право да гласаме и да одлучуваме за иднината на Македонија. Можеби ние не живееме во Македонија но работите гледани од страна даваат различна перспектива на настаните. Едноставно можеме да ги согледаме настаните од друг агол и да ги дадем гласовите на партиите кои го заслужиле тоа. Сепак и нам Македонија ни е матична држава и нас тука не идентификуваат по тоа така да од интерес ни е нашата држава да напредува и да си го најде заслуженот место во ЕУ.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 15°C

Делумно облачно

Петок
Ведро
Макс: 14°C, Мин: 3°C

Сабота
Локални грмотевици
Макс: 14°C, Мин: 3°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – Титова Совладетелка (15)
Јованка блеска на приемот на неврзаните.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
Интервју - И документарците треба да се гледаат во кино
„Брајан Ино во филмот зборува за неговите идеи“, вели британската режисерка Никола Робертс...
Ким Јонг-ун, нај маж на планетата
Дури и официјалниот весник на Кинеската комунистичка партија наседна на измама од американската сатирична веб-страница „...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |