Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Коментари
23.11.2012, 18:03

Мислења

Централизирани и дисциплинирани

Ѓорѓи Спасов

Наместо да се унапреди демократијата во македонските партии, во раководењето со нив се применува железна дисциплина: или ќе ме следите или ќе бидете отстранети, вели лидерот

Клучната дебата меѓу официјалните носители на функции во македонските политички партии и нивните „дисиденти“ е има или нема доволно демократија во партиите.

Ако се погледа повнимателно, може да се забележи дека оние што се залагаат за повеќе демократија во партиите бараат, всушност, да се децентрализира власта во нив и клучните одлуки да не ги донесува само мал број функционери од најблиското окружување на лидерот заедно со него, туку да бидат резултат на демократска процедура во која ќе бидат вклучени колку што е можно поголем број членови на партијата, па и експерти надвор од партијата. Оној што бара демократизација на партијата најчесто, всушност, бара развластување на лидерот и смалување на неговата многу често апсолутна власт кога се во прашање одлуките за политиката на партијата во разни области и изборот на раководство на партијата, на кандидати за градоначалници и советници или за кандидати на пратеници, па и за другите државни функции. Тој бара воспоставување контрола врз апсолутната власт низ механизми што ја легализираат слободната внатрешна конкуренција на идеи и способности, која води кон побрзо модернизирање на партијата и постигнување највисоко единство, но врз основа на демократски договор и убедување.

Лидерите на сите партии во Македонија, секако, не се расположени да се откажат од својата апсолутна власт во партијата. Секој обид за нивно развластување и смалување на нивната моќ го квалификуваат како обид за „разбивање на единството во партијата“, за обид за создавање фракции и како непријателски чин од страна на оние кои не се задоволни од лидерот или кои „испаднале од игра“. Затоа нивната девиза гласи „следете ме или сменете ме“. Еден мора да одлучува за се'.

Ова е всушност моделот на политичките партии во Македонија што постои веќе 20 години. Сите тие при нивното формирање или „реформирање“ се нарекоа себеси демократски. Така го добивме Социјалдемократскиот сојуз, Демократската партија за национално единство, Демократската партија на Албанците итн. Но независно од името, реалната моќ во сите тие партии остана сите изминати 20 години во рацете на нивните лидери. Сите донесоа статути со кои го прифатија принципот на дотогашната комунистичка партија за внатрешно политичкото одлучување кој беше познат како „демократски централизам“, а клучни вредности за нив станаа, не демократијата и почитувањето на слободата на говорот, туку „единството на партијата“ и дисциплинираното спроведување на донесените одлуки и заклучоци на партијата. Од недемократските партии тие преземаа уште еден принцип. А тоа е апсолутната власт на лидерот на партијата. Врз основа на таквата нивна моќ станува и правило дека ако партијата победи на изборите, нејзиниот лидер ќе биде претседател на владата, а ќе остане и претседател на партијата. Со оваа апсолутна моќ, партискиот лидер е единствениот во партијата кој може да дели награди за лојалност и казни за непослушност. Бидејќи партиите не живеат од собирање партиска членарина, туку од пари на богати и тајни спонзори на лидерите и од поддршката на сопственици на телевизиите, реално тие ја делат моќта само со мал број членови од најтесното раководство на партијата, со дел од богатите и тајни спонзори и со сопствениците на медиумите кои најчесто имаа и свои мали партии како додаток на нивниот бизнис и се нивни коалициски партнери.

Формално гледано, партиите во Македонија не се дефинирани со статутите како султан партии. Но, реално тие така функционираат. Формално постои демократска процедура за избор на делегати за конгрес, за предлагање членови на централното раководство, па дури и за кандидирање за градоначалник, советник или пратеник. Но, последниот збор во врска со тоа го има секогаш лидерот на партијата и успехот на секого зависи од неговата милост. Затоа и се случува кога таквите партии ќе ја освојат власта и нивниот лидер ќе стане премиер целата земја да се враќа одново во времето на еднопартизмот, при што постојат обиди и полицијата и судството и медиумите во земјата да се подредат на единствената партиска волја, односно на волјата на лидерот кој не е расположен својата апсолутна власт да ја дели ниту со судството, ниту со Собранието, ниту со медиумите.

Веќе 20 години во Македонија во секоја од овие партии се прават обиди со некакви статутарни измени да се ограничи апсолутната моќ на лидерот. Се формираат подмладоци кои имаат посебна организација и раководства, клубови на жени или се носат некакви правилници за кандидирање кои треба да обезбедат некаква моќ барем на општинските раководства. За жал, се' завршува со ставање под целосна контрола на лидерот на партијата, кој кога не е лично заинтересиран за кандидатура (да кажеме за претседател на држава) само ќе каже кој тоа треба да биде или покрај својот кандидат, како што тоа го направи Груевски, ќе стави некој кандидат за спаринг-партнер да глуми внатрепартиска демократија.

Оттука, идеите што одвреме-навреме ги пласираат некои поранешни фунционери на партиите за воведување непосредни избори за лидер во партијата, како прашања обично се отвораат и се затвораат на истата седница на која се поставени со заклучок на мнозинството дека тоа е нецелисходно, а би било дури и контрапродуктивно во време кога партијата е доволно демократизирана.

По парламентарните избори во јуни минатата година, можностите за демократизација на партиите се уште помали. Граѓаните и експертите дојдоа до заклучок дека нема веќе простор за други партии и сили покрај постојните големи партии и коалиции. Или ќе им се приклучиш или ќе пропаднеш. Со тоа моќта на лидерите на големите партии дополнително се зголеми, заедно со нивната ароганцијата. Апсолутната власт на лидерите е конечно промовирана во единствениот успешен модел за водење партија и секоја идеја за смалување на нивната моќ е „нецелисходна и контрапродуктивна“. Постои уверување дека во такви услови обидите за внатрешна демократизација на партиите уште долго ќе бидат осудени на неуспех. Македонија и следните 20-ина години може да остане наместо со една со 4 (по својата природа) комунистички партии кои ќе се менуваат повремено на власт. Но, авторитарниот модел на владеењето со земјата нема да се промени. Клучниот одговор на критиките ќе биде: И вие така правевте. А тоа е доволно оправдување за да не се менува ништо.

На последниот конгрес на СКМ кандидатот за претседател на партијата се избираше меѓу двајцата кандидати Петар Гошев и Михаил Даневски, а пред тоа се гласаше за нив и по општинските организации. Но тоа беше време кога некои млади членови на тогашниот ЦК таквата пракса ја сметаа за демократски исчекор. Сега расфрлањето со такви идеи е недозволива пракса од страна на „внатрешниот непријател“, кој е уценет, потплатен, корумпиран и човек на кого доцна му текнало да бара некакви промени. Но, сепак, според третманот на „отпадниците“ од кои некои како Љубе Бошкоски завршуваат во затвор, тие треба да бидат среќни. Постои, сепак, напредок во вантрепартиската демократија на големите партии кај нас. По смртта на Ленин, кога Сталин го информирале дека има членови на Политбирото кои не се согласуваат со него, одговорил: „Пренесете им дека или ќе ме следат мене или ќе ги испратам кај нивниот омилен Ленин“. Така и направил.

(Авторот е универзитетски професор)

Наш став



Објавувањето колумни и мислења од надворешни автори е одраз на намерата на „Утрински весник“ да биде влијателен глас на заедницата. Но, напоменуваме дека не се согласуваме секогаш со ставовите што ги изнесуваат нашите колумнисти, особено кога станува збор за лични дисквалификации, етикетирања без основа и извртување на контексти со цел да се наштети на други личности од која било сфера. „Утрински“ се оградува од таквиот речник и конотации и ги смета за непримерни во јавната комуникација.


Статијата е прочитана 1877 пати.

Испрати коментар



Колку вреди гласот на диjаспората
Време е за писмо до Тирана
Нема жртвување без надеж



jovan, 24.11.2012 00:15:14
Vo Makedonija situacijata so liderstvoto e nesto vo stilot: Dali e podobro eden lav da vodi 100 vola, ili eden vol da vodi 100 lava.
Коста Стоименовски, 24.11.2012 00:50:25
Авторот реално ги прикажува состојбите во државата. Таквите состојби се засновани на 1. силните традиции на тн. источен политички модел со пренагласена улога на лидерот 2. се уште ниската политичка култура на граѓаните (парадоксално е што во еден Египет се организираат масовни демонстрации против амбициите на претседателот Морси за проширување на неговите надлежности, што е мислена именка во РМ!!!) 3. сиромаштијата и борбата за преживување ги исцрува луѓето и ги тера луѓето да им веруваат на оние кои знаат како подобро да ги мамат и да ги манипулираат. 4. пропорционалниот изборен модел е идеален за инсталирање на „султани“ во партиите, кои ги носат сите клучни одлуки во партиите. Евентуално чаре од ваквите состојби би можело да биде враќањето на мнозинскиот изборен модел, со кој би се создале шанси и за независните кандидати! Општ впечаток е дека, токму благодарејќи на ваквиот модел, составот на првиот мак. парламент беше најдобар и најуспешен во споредба со оние што следеа по него!
Somnitelno lice, 24.11.2012 01:39:30
Se e tochno profesore, demokratija nikogash dosta, no momentnite demokratski tezi na drugarot Bule navistina se *ubi, ubi toa opozicijata*. Ta sega li najde da ja problematizira demokratijata vo SDSM, vo predvecherieto na izborite i toa po mediumite. Na strana toa shto i toj beshe papa, pa imashe prilika. Bi mu bilo umno da se ogleda na vas i nekoi drugi korektni chlenovi od SDSM, a ja dozivea vashata sudbina. Ako ne pomaga, barem da ne odmaga/razvodnuva, kriejci se tokmu zad demokratijata. Namesto da go (zlo)upotrebi patriotskiot/dpmne-vskiot odgovor na site prashanja *a oni*, vo sluchajov *a Grujo*, toj prodava shljive za bubrege. Epa ne ide!
gorpapa, 24.11.2012 04:48:58
Честитики професоре!Би сакал вашево писание да го причитаат оние од „помладата генерација“ на т.н. „политичари“ и барем малце да се замислат за придавката-демократија!Сталин, со своите гулази и „чекисти“, нема да може да се врати во онаа форма од минатиот век,но реинкарнира во нашите „лидери“ од современието!А тие уживаат во тоа,заедно со нивните „полит-бироа“ и „апаратчици“!
bitola, 24.11.2012 07:13:31
ubav tekstsamo za zal bideki go pamtam politicarot spasov,i tekstot go smetam po svadba tapani,bideki doticniot koga bese vo vlasta na sds ni zbor ne prozbore ni za privatizacijata,ni za ograbenite stedaci,a za demokratijata;togas bese OK bideki spasov se vozese so sluzben automobil.za zal na R.M.vakvi ni se politicarite,se znat samo koga ne se na vlast,,,,
ФЕЛИКС, 24.11.2012 08:04:24
Морам да признаам да ова е извонреден напис(инаку сум многу штедлив на делење комплименти) во кој партиската внатрешна демократија е вака вивисецирана.Убеден сум да ова ќе предизвика гневна реакција не само на ,,султанот,, и неговите ,,везири,, туку и кај ,,рајата,, која го подржува ,,султанот,,.Токму вивисекција која оди рака под рака на моето опсервирање на опозицијата.Инаку и власта не е имуна на ,,султанските,, однесувања.Но сега засега сето ова поминува незабележано оти ,,султанот,, реди изборни победи.И тој ќе ги ,,султанизира,, поинакво мислечките во партијата ако почне да реди изборни порази како неговиот политички надворешен опонент.Е ова е добро за партиската внарешна демократија,кога нејзин виден член вака искрено ги опишува работите во својата партиска средина.Камо среќа да вакви бидат во мнозинство,па да има растовар на непродуктивни лидери кој членството го држат во заложништво.Се надевам дека написов на Евдините следбеници ќе им ги тргнат темните очила за заварување.
Haralampie, 24.11.2012 08:36:24
Avtorot e mozebi vo pravo no bidejki go spomnuva SDSM, ke bese fer da odgovori na slednoto prasanje: Momentalno najgolem disident na SDSM e Buckovski, i zosto sudskiot proces za tenkovski delovi za koi dobi 3 godini zatvorska kazna Gruevski go cuva vo fioka i ne im nareduva na sudiite da ja zavrsat rabotata kako sto toa go napravi so Velija, Ljube, Fiat so Kosmos itd. So ovoj odgovor kolumnata ke bese vistinski pogodok.
Бесна Вендевска, 24.11.2012 09:14:39
Има уште една недемократска навика кај нашите партии. Имено, за да станете член доволно е да потпишете изјава (пристапница) и станувате член на партија. Но, ако се спротивставите на партиските ставови, водачи или на двете, партијата може да ве исклучи од членство. Тоа е нелогично и недемократски. Така, ако станувате своеволно член на партија, тогаш единствено своеволно може и да истапите од партијата, а никако за тоа да одлучуваат други.
bitolaman, 24.11.2012 14:11:30
Pocituvan Spasov,pa zarem veruvate vo snezana i sedumte djudjinja seuste? pa coveku-ova e Makedonija.targirate deka e potrebna vnatrepartiska doemokratija vo SDSM.Pa zarem so pocetokot na taa vnatrepartiska demokratija SDSM ne dojde do ivica na raspagjanje? ne se sekavate deka vo 2005 godina pocna toj proces pa za prva violina se javija kandidati poveke od kolku sto e golem orkestarot? pa i sekoj pocna da si formira svoi lobi grupi i dojdovme do sostojba na meguplemenska vojna? I vie bevte del od edno pleme.I sto ni se sluci? se sluci 2006 godina koga go doziveavme najgolemiot poraz.zatoa vi predlagam dokolku sakate da kazete neshto vo familijata vo koja ste,dokolku ste vo SDSM seuste,kazete go vnatre vo partijata a ne da izleguvate vaka nis javni glasila i ja polnite dushata na oponentite...ili zaminete od SDSM i ednostavne zaboravete ne i zanimavajte se ete vi predlagam so pletenje tapiserii.
Baba Zumbula, 24.11.2012 15:38:12
Evdo mori Evdo,leba ti odnesi go duneceto na opticar, ta toj ne gleda jarboli i toa 30 metarski,ne gleda znaminja,ne gleda orlinja i toa dvoglavi,crni,ne gi gleda lekarite. Ne toj si gleda nasekade bozja hubavina! I uci go, ne vredi da se govori za makedonski politicari,za Kurto i Murto, isti se site.Ne se bitni metodite vnatrepartiski i megjupartiski, vazna e foteljata i bolnata zelba za vlast,za pecalba kako na gurbet. Evdo mori Evdo, objasni mu da temnite zavaruvacki ocila bea od Alija Sirotanovic,rudar,rabotnik.Ne bea Rejbanki na arhitektite i izveduvacite na Skopje 2014.Evdo mori Evdo, mi ti zabega vnuckoto,duneceto tvoe!!!
milan, 24.11.2012 16:43:33
Profesore, sekoja partija koja nema VISTINSKI DEMOKRATSKI CENTRALIZAM vsusnost nema ni demokratija.Sto podrazbira toj ubav princip? Za sekoe prasanje demokratski vo partijata da se rasprava a potoa so demokratsko glasanje da se donese stav - koj site clenovi se dolzni da go pocituvaat i sproveduvaat pa i onie clenovi koj imale sprotivno mislenje. Kaj nas vo MKD. na BC.nekoj odvreme navreme se i sprotivstavuva ama kaj NG.toa e nezamislivo.Teznja kon diktatura. POZDRAV.
Баба Евда, 25.11.2012 10:33:09
Како , мори , Зумбуло , шатето мое не гледа? Ги гледа тој столбовите , ужива кога се исправени , ама ммногу се високи, пустињата , не се гледа дали горе е закачен љав или орељ!Ја знае тефлончето мое причината за сите бељи,тоа е нереформираната опозиција и вечниот Б.Ц.! Кога опозицијата ќе се реформира и на чело ќе стави нов лик , во лицето на Илија Димовски , сите овие проблеми ќе ги снема.А , дунечето мое ,што не ги гледа докторите , крива е науката! Нашите доктори се изведени во „стелт“0технологија и не се гледаат додека не ги срушиш! не му треба оптичар на шатето мое виножитно , туку нобеловецот Вангел е зафатен деновиве , изработува проект за споменик на Македонецот Хијавата , па не може да му ја пружи терапијата под лековитите споменици!,Ај , сега , јас и ти ,Зумбуло , да са чешламе , селото гори , па е топличко!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 15°C

Делумно облачно

Петок
Ведро
Макс: 14°C, Мин: 3°C

Сабота
Локални грмотевици
Макс: 14°C, Мин: 3°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – Титова Совладетелка (15)
Јованка блеска на приемот на неврзаните.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
Интервју - И документарците треба да се гледаат во кино
„Брајан Ино во филмот зборува за неговите идеи“, вели британската режисерка Никола Робертс...
Ким Јонг-ун, нај маж на планетата
Дури и официјалниот весник на Кинеската комунистичка партија наседна на измама од американската сатирична веб-страница „...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |