Број 3620  сабота, 02 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Насловна








Site Meter

Собарката лажела за Доминик Строс-Кан

Наводно, нападнатата, по потекло од Гвинеја, повеќепати лажела откако се случи наводниот напад на 14 мај

Случајот на поранешниот шеф на ММФ, Доминик Строс-Кан за сексуален напад се чини дека наидува на проблеми поради загриженост за кредибилитетот на наводната жртва. Претставници за спроведување на законот изјавија за американските медиуми дека тужителката повеќепати лажела откако се случи наводниот напад на 14 мај. Собарката, по потекло од Гвинеја, се чини дека лажела во својата апликација за азил, јавија официјални извори.

Строс-Кан требаше да се појави на суд вчера. Се очекуваше неговите адвокати да бараат олеснување на условите за кауција. Францускиот политичар (62) е во домашен притвор во апартман во Њујорк, откако в�� мај даде гаранција од шест милиони долари во готовина и обврзници. Тој има вооружена стража, електронски надзор и носи електронски монитор на зглобот. Строс-Кан е обвинет по седум точки, меѓу кои четири обвиненија за кривично дело - две за криминални сексуални дејства, едно за обид за силување и едно за сексуален напад - плус три прекршоци меѓу кои незаконско притворање.

Строс-Кан, кој поднесе оставка на функцијата шеф на ММФ за да се брани, енергично ги отфрла обвиненијата. На претходните судски сослушувања, обвинителите зборуваа за силата на случајот. Еден адвокат рече дека доказите против него се „суштински“. Меѓутоа, американските медиуми сега јавуваат дека обвинителите планираа на вчерашното судско рочиште да ја изнесат својата загриженост во врска со кредибилитетот на 32-годишната собарка пред судијата. Иако форензичките испитувања дадоа недвосмислени докази за сексуален однос меѓу Строс-Кан и жената, обвинителите сега не веруваат во она што го кажа тужителката за околностите или за неа лично, јавува „Њујорк тајмс“. Тие веруваат дека има недоследности во тврдењата за нејзината апликација за азил, пишува весникот.

Собарката, мигрант од западната африканска држава Гвинеја, изјави пред властите дека Строс-Кан и' пришол откако влегла во неговата соба во хотелот „Софител“ во Њујорк за да ја исчисти. Тимот на одбраната се очекува да тврди дека имало сексуален однос, но оти се случил со согласност.

Строс-Кан се сметаше за водечки кандидат за иден претседател на Франција од централната левица се' додека не се појавија обвиненијата. (Би-Би-Си)


#
Статијата е прочитана 1873 пати.

Испрати коментар

Од: Jasno bese
Датум: 02.07.2011 01:18:45
Toa bese maslo na sarkozi da go izblamira svojot konkurent za pretsedatelskite izbori vo Francija. se razbira deka amerikancite mu pomognaa vo taa rabota
Од: Vancho
Датум: 02.07.2011 09:37:10
Shto god da pishite za ovoj Prevarant ne go veruvam lichno po edna prosta osnova Dal 6 Miliona $$$ da go oslobodat.Ami od kade se tije pari za Kaucija da ne gi zarabotil so pot ne od Megjunarodniot EU Fond-Kriminal braka pa vije trchite pri EU ke vrakate dolgovi na Grci i za ovoj Mafijoz.
Од: Buntovnik
Датум: 02.07.2011 09:48:26
Sarkozi e zionist. Ova se nivni trikovi da go smenat covekot koj edna nedela pred 'slucajot'izjavi deka treba da se razgleda moguknosta za poveke valuti da bidat svetski monetarni edinici pored dolarot. Toa znacese direktno propaganje na dolarot i so toa propast na zionistickata elita koja moze da opstane samo ako dolarot.ostane edina svetska monetarna valuta.
Од: Jane
Датум: 02.07.2011 23:34:48
Do vancho** Samo za tvoja informacija deka Stros kan pravi godisna zaplata od 5-6 millioni evra... Ne e direktor na JSP Skopje tuku e Sef na MMF!
Од: lila kešer
Датум: 03.07.2011 19:52:36
Baš se humani, im se smiluvala obična sobarica?????

Најди! во Утрински
Насловна
Пливачката од Јужна Африка стана принцеза
Насловна
Зошто Милошоски ја напушта кариерата?
Промоција пред настап на „Сунчане скале“
Згаснаа весниците „Време“, „Шпиц“ и „Коха е ре“
Златните модни години на Тито и Јованка Броз
Бидна сефтето со „Алтер его“
Невработеноста како апсурд
„Долнени“ привремено се сели во Прилеп
Црвенковски доби поддршка од делегатите
Неправилности во апсењето на Бошкоски
Времеплов на еден плоштад
„Фејсбук“ подготвува апликација за iPad
Ѓоковиќ е новиот крал на Вимблдон!
Економска моќ наместо воена сила?
Како е потрошено најголемото богатство во светот
Денч
Со Бранко тешко, без Бранко никако
Музејот на чоколадата најпосетен во Германија
Промовиран унифицираниот изглед на скопските такси возила
Ако се рози, ќе процветаат
Зошто мажите умираат помлади од жените?
Кличко ги обедини титулите во тешка категорија
Мртов скопјанец извлечен од бездна
Алфите уапсија лице барано по меѓународна потерница
Парите од ММФ го зголемија владиниот долг
Колективна оставка на Советот на честа на ЗНМ

"""