Статистика
Зошто мажите умираат помлади од жените?
„Жените се поситни и пониски од мажите, а ако се трошат помалку извори на енергија, се живее подолго“, објаснува Том Спектор, професор по генетска епидемиологија
Секоја година речиси 100.000 мажи умираат пред 75. година од животот, во однос на 60.000 жени - објавува форумот „Машко здравје“.
Според најновите истражувања, вкупно 22 процента од мажите во Англија и во Велс умираат пред 65. година, наспроти 13 проценти жени, додека 42 процента од мажите умираат пред 75. година, во однос на 26 проценти жени. Исто така, истражувањата покажуваат дека 76 проценти од популацијата што извршува самоубиство се мажи.
„Во однос на жените, мажите поретко одат на лекар“, вели Том Спектор, професор од коле��от за генетска епидемиологија во Лондон. „Голема е биолошката разлика меѓу двата пола, така што не постои причина телата на мажите и жените да се однесуваат на ист начин“, додава професорот Спектор.
Спектор уште објаснува зошто жените се поиздржливи во животот од мажите.
„Генерално, жените се поситни и пониски од мажите, а ако трошиш помалку извори на енергија ќе живееш подолго“, објаснува Спектор. „Тоа можеме да го видиме на примерот на животните. Дождовните глисти живеат четири пати подолго, ако не јадат и не практикуваат секс“, додава тој.
Спектор заклучил и дека мажите во 50. или 60. година од животот веќе не се употребливи, додека жените и понатаму можат да се реализираат како баби, што помагаат околу децата.
„Ќе минат илјада години од еволуцијата додека модерниот маж не го смени својот начин на живот“, заклучува Спектор.
Меѓутоа, статистиките од 2009 година се поповолни за мажите и покажуваат дека мажите родени во 2006 година ќе живеат подолго за 3,6 години, а жените 1,9 години во однос на оние родени во 1990 година. |