Тенис
Новак Ѓоковиќ е нов крал на Вимблдон!
03.07.2011, 18:06
Новак Ѓоковиќ е победник на неофицијалното светско тениско првенство Вимблдон во машка конкуренција.
До најпосакуваниот трофеј во светот на тенисот, Србинот Ѓоковиќ стигна со победата над Шпанецот Рафаел Надал со 3-1 по сетови 6-4, 6-1, 1-6 и 6-3.
За 24-годишниот Ѓоковиќ ова е прв триумф на Вимблдон, а вкупно трет трофеј на Гренд слем турнирите, по двата освоени на Астралија Опен во 2008 и 2011 година.
Досега овие тенисери одиграле 28 меча, а Надал и натаму е поуспешен со скор од 16 победи и 12 порази. Сепак, годинава Надал ниту еднаш не успеа да го совлада Ѓоковиќ, кој сите пет сезонски соочувања успеа да ги добие во финалните мечеви од Мастерс серијата во Индиана Велс, Мајами, ��адрид и Рим, како и денешниот во финалето на Вимблдон.
Од утре и официјално Ѓоковиќ ќе ја преземе челната позиција на АТП-листата, токму од Надал.
Во вчерашното женско финале, чешката тенисерка Петра Квитова ја совлада Марија Шарапова
|