Број 3620  сабота, 02 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Насловна








Site Meter

Дебата

Ако се рози, ќе процветаат

Васко Евтов

Како да победите и кога играте лошо, не е само суштина на спортот, туку може да биде и есенција на политичките избори

Италијацните знаат да кажат - ако сте рози, ќе процветате. Утре на конгресот во Битола розите од „Бихаќска“ бр. 8 ќе треба да одговорат како планираат да го направат тоа на следните локални избори. Тоа ќе зависи од еден логички парадокс. Прво, да сфатат колку се силни, бројката од 370.000 гласа им го овозможува тоа, и второ, да сфатат уште колку им треба за да бидат победници на изборите.

Гледајќи ги тениските преноси од Вимблдон, се сетив на една книга од Бред Гилберт со многу сугестивен наслов „Како да победите и кога играте лошо“. Досега мислев дека �� тоа суштината на спортот. На 5 јуни сфатив дека тоа може да биде есенција на политичките избори. Во тоа се разликуваат големите шампиони, да победуваат и кога играат лошо. Кога ги слушате Американците како го објаснуваат значењето на зборот компромис, сфаќате дека мислат на работа од која двете страни се подеднакво (не)задоволни. Кога ги анализирате изборите од 5 јуни, сфаќате дека двете страни се подеднакво (не)задоволни од резултатот. ВМРО-ДПМНЕ успеа да собере 440.000 гласа, а СДСМ политички да воскресне со 370.000. Објаснето со политичка парабола, на овие избори Бранко Црвенковски успеа политички да го порази Никола Груевски, но во политичкиот бодибилдинг (кој не се гледа во јавноста) Сашо Мијалков го порази Бранко Црвенковски.

Ако се вратиме на филозофијата „како да победувате и кога играте лошо“, тогаш се можни два заклучока. Прво, можеби е во право Владо Бучковски кога вели дека една мала група луѓе во СДСМ постојано победува и останува во врвот, додека низ вода се пуштани Бучковски, Шеќеринска или Заев. И второ, на овие избори победи ВМРО-ДПМНЕ, иако политички играше многу полошо од СДСМ. Ребусот што ќе треба да го реши Црвенковски е како со играчите што играат лошо, а постојано победуваат во СДСМ, да го порази Груевски на следните локални избори (или и пред тоа), кој видливо е дека нема политичка кондиција за голема победа, а победува. На овие избори СДСМ доби одговор на две дилеми. Дали Бранко Црвенковски може да мобилизира поголема избирачка маса од тврдото партиско членство? И дали самиот верува во победа на својата партија? Потврдните одговори ќе им ги топлат душите на македонските социјалдемократи додека во летните месеци се соочуваат со силните предизвици на политичката сцена.

Црвенковски го доби тоа што го посакуваше, поделена Македонија според бројот на опозициски и провладини гласови. Сега ќе може да спинува дека зад него стојат чисти 370.000 гласа, додека зад Груевски 440.000, во чие конто се напикани многу исплашени или купени гласачки души. Полесниот дел од работата ќе му биде да не' убеди дека на овие избори ВМРО-ДПМНЕ ја примени старата бугарска вистина: тоа што не може да се купи со пари, може да се купи за многу пари. Некои ќе го анализираат тоа и како дилема дали со продажбата на гласот (телото) се продава и душата (љубовта). Потешкиот дел од работата е како ќе не' убеди дека неговата половинка од Македонија е поубаво место за живеење од половинката на Груевски.

Да сум на местото на Црвенковски, прво би побарал одговор на прашањето - каде беа на 5 јуни тие силни чувари на победата. СДСМ имаше феноменален влез на изборите. ВМРО не прифаќаше корекции во Избирачкиот список и во избирачките одбори. Дополнително беа како „волови во зелка“ фатени во уценувањето на државната администрација да гласа за партијата на власт како компензација за вработувањата. Увертирата дека ќе бидат фалсификувани изборите, немаше свое политичко крешчендо на денот на изборите. Чуварите на победата на СДСМ не документираа ниедна сериозна претставка за фалсификат. Тоа сега се објаснува со софистицирана форма на фалсификување. Дали е токму така, кога сите ние ги гледавме црните „мерцедеси“ и „ауди“ како со торби полни пари крстосуваат по македонскиот исток? И никој го нема снимено тоа? Зошто? Се исплашиле? Па, какви чувари на победата се ако се плашат? Или СДСМ сега ќе мора да се соочи со вистината дека овие избори не беа фалсификувани на „албански“ начин со полнење кутии, туку со политичката филозофија на бате Саше со полнење на паричниците и со малку страв во душите.

Пред 20 години Љубчо Георгиевски велеше: „Ние не се бориме против партија (тогашната СКМ ПДП), туку против комунизмот и системот во Македонија“. И беше во право. Денес Андреј Петров изјавува: „Ние не се боревме против партија на овие избори, туку против режимот на државата“. И тој е во право. И гледате како само во пет години начинот на кој досега победуваше СДСМ стана модел на ВМРО-вските победи. Моделот на Груевски е лесен за дефинирање. Прво, континуирана медиумска кампања (од Бил Клинтон наваму е прифатена политиката дека кампањата за следните избори почнува следниот ден по победата на вчерашните избори). Второ, кујнски јазик во комуникација со масите. Една домаќинка во исто време да може и да прави пире и да ги прима политичките пораки. И трето, многу пари и силна државна безбедност ставени во функција на партиската победа. На овие избори кампањата на СДСМ тежеше меѓу два и три милиони евра, а кампањата на ВМРО-ДПМНЕ меѓу 20 и 30 милиони евра. Сооднос еден спр��ма десет.

Ако ја прифатиме тезата дека Црвенковски го победи Груевски, а изгуби од Мијалков, тогаш лесно може да ги објасниме сите дилеми. Црвенковски успеа во првите две точки да го порази Груевски. Политичките пораки на СДСМ беа појасни, а енергијата на нивните митинзи беше многу поголема и посилна од онаа на ДПМНЕ. Ако над А1 не висеше мечот на можното затворање, на избори во септември или октомври СДСМ сигурно ќе славеше нов 15 септември. Но, третата точка го прави несигурен Црвенковски. Како партијата, која условно речено, ја спроведе македонската приватизација, сега не може да ги натера македонските олигарси да ја финансираат нејзината кампања? И, каде се сега сите тие силни логистики на Верушевски, или Виктор Димовски во македонските безбедносни структури за да има СДСМ колку-толку соодветен одговор на политичкиот бодибилдинг на Сашо Мијалков.

Да се вратиме на почетната порака - ако се рози, ќе процветаат. За да победи на следните локални избори, на СДСМ му се потребни три работи. Да биде стожерна партија на новата македонска демократска опозиција. Второ, на поинакви основи да ја постави својата комуникација со ДУИ. И трето, да најде одговор на дилемата како ВМРО-ДПМНЕ успеа во предизборната кампања да влезе со кредит од ММФ тежок 220 милиони евра.

Во оној момент кога на своите сопартијци им ја испрати пораката: „Или сменете ме или следете ме“, Бранко Црвенковски сигурно ги имаше одговорите на тие дилеми.

(Авторот е политички аналитичар)


#
Статијата е прочитана 8383 пати.

Испрати коментар

Од: Alek
Датум: 02.07.2011 00:31:39
Васко jас те мислев за посалам, ти скроз си се изгубил и во време и во простор. Црвенковски го победил Груевски,Миjалков купувал гласови... Па и самиот Макрадулиj не би напишал олку глупости.
Од: pola BT pola VE
Датум: 02.07.2011 00:58:21
Најточна анализа досега што ја имам прочитано. Г.Ефтов уште еднаш се докажавте - Браво.
Од: Сергеј
Датум: 02.07.2011 01:06:48
Ајде, без (само)залажувања! Не е Бранко Црвенковски тој кој донесе 150 000 гласови плус на контото на неговата партија. Тоа е „заслуга“ на Груевски, на неговото насилничко, расипничко и неодговорно владеење, кое ете, не само што не престанува, ами се засилува во својот примитивизам. Ако така продолжи (а ќе продолжи) на некои следни избори ќе нема потреба да се калкулира каде ќе отидат гласовите на незадоволниците. Со или без Бранко Црвенковски, сепак, Груевски е тој на кого на крај нема да му цветаат рози. ( http://otpor.log.ph/ )
Од: Владимир
Датум: 02.07.2011 02:43:15
Честитики за колумната г-дине Евтов! Одлична анализа направивте. Ви посакувам успешна работа и читаност во „Утрински“!
Од: Lazo Stefanov
Датум: 02.07.2011 04:15:41
Mozjebi 70.000 gragani ne glasaa za Branko, zaradi negovite grevopi, ili ednostavni, neprijatnite slucuva sto gi dozjiveele vo izminatite godina koga SDSM bese na vlast.
Од: Mile
Датум: 02.07.2011 06:34:53
Изборите беа „фер и демократски„ со очигледен фалсификат за кој се дадени 150 милиони евра. Еден ден ќе се дознае вистината......
Од: Ѓоко
Датум: 02.07.2011 08:45:24
Вие господине Ефтов очигледно неславно ќе ја завршите кариерата. Вие сте човек кој оди против вољата на сопствениот народ. На изборите се виде кој победи и сега со овие приказни за мали деца храбрете ги тие што ве плаќаат за тоа.
Од: viktor KUMANOVO
Датум: 02.07.2011 09:13:03
Decko,ne tropaj gluposti
Од: pece
Датум: 02.07.2011 09:22:55
SAMO PRODOLZI SO VAKVI LUZERSKI KOLUMNI,SDSM KE BIDI USTE DOLGO VREME OPOZICIJA BAREM USTE 20 god.ZATOA STO IMA GUBITNICKI MENTALITET,KAKO TEBE.
Од: Вистини и грешки
Датум: 02.07.2011 09:33:07
Вистина е дека победата на изборите е постигната со многу пари, многу страв и суптилни манипулации! Меѓутоа, да не се победи таква катастрофална внатрешна и надворешна политика каква што водеше владата во последните 5 години е „заслуга“ на самата опозиција! Со Б. Црвенковски како „оличење“ и симбол на опозицијата, актуелната власт може само да си свирка и да си пее! Б. Црвенковски, кој во сеќавањата на македонските граѓани останува како креатор на криминалната приватизација, водеше само лична предизборна кампања, а не партиска и/ли коалициска! Тоа лидерот на владејачката партија мошне вешто го искористи и како „џандар“ ги собра гласовите на помалите десничарски партии! И, сега Цацко е крив!?
Од: Od strana gledano
Датум: 02.07.2011 10:15:13
Ako si ti roza em si procvetal em si ovenal, ti zabegal umot malku, ama se gleda deka mnogu ti e zal za Brane, kolku ti isplati za vaka da go analizirash! Od vakvi kako tene SDSM 6 pati pobeduva na poslednive izbori, isto kako shto Miloshevic izleze i dade izjava deka ivojuval Pobeda protiv Nato so rezulucijata 1244!
Од: Јавач за правдина
Датум: 02.07.2011 10:59:15
Колку голем комплекс има овој Васко од ВМРО ни самиот тој не е свесен.Абе Васко, дај соземи се не забегувај толку многу, аналитички циркузанту !!!
Од: Pepi od kKumanovo
Датум: 02.07.2011 11:12:42
Golem Vas pocituvac sum,ova e edna od prepoznatlvite vasi analizi,korektna i iscrpna i samo bi ve prasal va s a i onie zagrizeni dpmne-ovci kade otidoa glasovite na Ljube i na Ljubco vasiot vozljuben bivs lider?Nikoj ne moze da me ubedi deka na ovie izbori ne e napraven falsifikat za koj doprva ce cueme i zosto Ljubeta go uapsija utrdenta , da ne moze da postavuva nezgodni prasanja i da go otkrie falsifikatot.inaku branko uspea da go napravi ona sto trebase i sega ponatamu ce odluci partijata i clenstvoto sto ce bibe.
Од: Реален
Датум: 02.07.2011 11:29:58
Конфузен текст на Ефтов, воспев на Црвенковски е последното што му треба. Единствено се согласувам со Сергеј дека 150.000 гласа на контото на СДСМ се единствено заслуга на во голем дел дилетантското владеење на ДПМНЕ. Ако сакаме да бидеме реални вистинското прашање е зошто евидентното незадоволство на македонскиот плебс од владеењето на ДПМНЕ СДСМ не успеа да го пренесе на свое салдо?
Од: Tanja
Датум: 02.07.2011 11:35:27
Znaci, po iscrpna i poiskrena analiza za izborite ne sum procitala. Gospodine Vasko, mnogu prijateno iznenaduvanje sto ve gledame vo Utrinski: mu trebase vakvo osvezuvanje na vesnikot! SIte vie sto plukate ako ne vi e tesko - procitajte sto imate napisano - pa zasramete se! Gospodi, zosto ni e drzavava vakva, lugjeto zaboravija da debatiraat i da prifakjaat razlicni mislenja. Golem del od lugjeto znaat samo da plukaat. Ve molam ne upropastuvajte se sto e ubavo!
Од: tose
Датум: 02.07.2011 11:37:35
duri sega mi tekna koj mu ja dosepnal na g-din g-din crvenkovski slavnata: NARODOT GRESI DURI I KOGA E VO PRAVO. vo sdsm se naviknati od mnogu visoko da gledaat na narodot i na slucuvanjata vo mkd, no otidoa previsoko i od oblacite ne mozat da ja vidat situacijata dolu megu obicnite gragani zatoa sto tie ne sa na isto nivo kako nas "obicnite" koi sme naviknati na rabota od mali noze , a ne da cekame da ni dade funkcija tato ili dedo zatoa sto samo tie se stvoreni za funkcioneri
Од: Zare
Датум: 02.07.2011 12:30:03
Овој откако знам за него само му се упикава на Бранко...полтронче
Од: Прилепчанец
Датум: 02.07.2011 12:42:34
Одлична статија г.Евтов,се согласувам со вашата анализа.Ги следам и следам и вашите емисии,несомнено најдобар новинар!
Од: Ilija
Датум: 02.07.2011 13:03:00
Vasko a koga toa Branko go pobedi Gruevski ke ni objasnish li na site? Ne se gubi druze xexexe
Од: ivan
Датум: 02.07.2011 13:14:18
Ех Василе,Василе прочитаjа колумната од Горги Спасов па може ке поднаучиш нешто. Па тебе ти било повеке криво од Бранко што СДСМ загуби.
Од: Maja
Датум: 02.07.2011 13:28:02
Se seta respekt kon Vas, ste ja otslikale vistinskata realnosta vo Makedonija
Од: milan
Датум: 02.07.2011 13:31:09
dobra beseda ! mislam deka premnogu go amnetirate G-dinot Crvenkovski ! toj se nafati i TVRDESE deka ke pobedi na izborite a sepak ne uspea ! se ostanato e alibi ! Toj covek ednostavno go dostigna svojot politicki zenit , se ostanatao posle 05.06.2011 ke bide samo eho !
Од: gjorgi mastev
Датум: 02.07.2011 14:02:27
Vasko.nekoi istinata gi vrega.jas znam samo,Deka makedonceto se prodava za malku pari.i sakada se navoi.
Од: SuicideMessiah
Датум: 02.07.2011 14:20:45
Hehehehe,...pak vie od DPMNE so vashite depeshi protiv Vasko dosadni i monotoni ste vekje,shto bi rekle brakjata Srbi dosadili ste i bogu i narodu!
Од: До “монтажерот евтов“
Датум: 02.07.2011 14:22:09
Изгубивте со 6:0 и ти пофторно монтираш “б.ц. го победил Никола Груевски“(!?!)Наместо кафе да не пиеше нешто друго?
Од: razocaran makedonec
Датум: 02.07.2011 14:26:35
sekoja cest za komentarot vasko samo takvi novinari kako tebe ke ne izvadat od ovaa kal vo koja sme zapadnati veke 6 -7 godini od ovaa diktatprska vlast ...a za ovie tuka sto za po 500 denari tropat gluposti ic da ne im zameris .. prosti im ne znaat sto pravat,a eden den vremeto ke pokaze koj bil vo pravo a koj ne ...
Од: stole
Датум: 02.07.2011 14:27:39
sramota gospodine eftof mnogu golem analiticar se pravite ama licno se imam uvereno vo poveke vasi pogresni teze ne vredi da pisete gluposti narodot e svesen veke ne e toa pred 20 godini koga go lazevte narodot
Од: Lence
Датум: 02.07.2011 14:59:08
Gospodine Vasko,ste gi dosegnale normite na edna vistinska realna demokratija, objektiven vo celost i golema steta sto vasata emisija od razbirlivi pricini se nadevam nakratko e prisilno prekinata.Dolgo vreme ne ziveam vo Makedonija, meguta i na ovaa dalecina vasite emisii redovno se gledani vo nasiot dom.Za vasa sreka,razmisluvate kako eden normalen civiliziran covek,koj gi sogleduva rabotite vo Makedonija objektivno i vo isto vreme za vasa nesreka toa vi steti zatoa sto takov stav normalno ne mu odgovara na eden totalitaren rezim koj e sproveduvan od segasnata vlada.Citajki gi komentarite na odredeni licnosti tuka, mozam da kazam deka e sosema logicno bas takvi luge so nisko nivo na inteligencija i mozat da bidat sledbenici na Gruevski,zatoa sto logicno samo na takvi i moze da im se ispere mozokot.Za zal tuka kade sto sum, Makedonija vazi za zemja za podsmev,eden golem cirkus i zemja kade sto caruva kriminal i bezredie.A zarem mozeme da go osporime toa i da zastaneme vo odbrana /
Од: ko-ra
Датум: 02.07.2011 15:09:52
Tesko i gorko na gragjanite na RM so vakvi politicari i uste polosi novinari,kaj ke ni bide krajot!!??Moja skromna pretpostavka ,se razbira vo EU!!
Од: Александрус
Датум: 02.07.2011 15:16:26
Немојте да навредувате луѓе, на погрешен пат сте. Не треба да се критикуваме затоа што не ни се допаѓа некој по изглед, или за тоа што го пишува, туку треба да ги критикуваме неговите тези. Бидете поздравени, имате време да излезете на правиот пат. Има голема логика во колумната на Васко. Политички неопределен сум, морам да потенцирам, бидејќи постојано ме бележат што мислам со своја глава.
Од: niko
Датум: 02.07.2011 15:31:29
g-dine Evtov, potpolno ste vo pravo, no ne ste od onie sto imaat svoj licen interes.( od ovaja vlast) Zatoa gi boli vistinata, deka gi prodale teloto i dusata
Од: Alek®
Датум: 02.07.2011 16:47:22
Токму она што и јас го мислам по однос на овие избори. Само напред, Васко, ќе ми биде задоволство да ги читам твоите колумни овде.
Од: milos
Датум: 02.07.2011 17:00:55
кога ги читам коментариве на момците што се за ВМРО не ми е чудно зошто живееме во ваква држава
Од: Od Bace Trajko
Датум: 02.07.2011 17:03:38
VIDI Vasko malku simni se dole od ovie izbori nemalo nikogas porozovi porealni i pocisti vo navodnici se premolcuvase se sto se slucuvase za vreme na izborite i od ednata i od drugata strana .NO sepak nekoj poveke rabotel na terenot a ucenite se edna golema nevistina i laga. Celiot izbiracki proces bese pogresno voden i od DIK i od OIK pa prasaj se kade e greskata.
Од: Neutralen
Датум: 02.07.2011 17:59:02
1.VMRO ima povekje od 500.000 glasa(so onie na Ljupco,Ljube,Dostoinstvo,Desnica)zatoa sto tie glasovi nokogas nema da otidat sa SDSM 2.A1 i donese na SDSM sigurno 100.000(lugjeto se poistovetija so kampanjata I JAS SUM A1,a toa nikogas vo idnina nema da se povtori,zatoa sto narodot vide kolku e saatot. 3.Seto ostanato e stabilno SDSM-ovsko glasacko telo 200-250.000 glasa plus nekoj momentalno nezadovolen glas,sto ne znaci deka vo narednite 4 godini nema da stane zadovolen od ovaa vlada. 4.V.Eftov e popameten od ova,no pari se vo prasanje,samo edno ke go prasam:NA KOE MESTO JA STAVA DRZAVATA I NEJZINITE INTERESI,KOGA DOBRO ZNAE KOJA VLADA RABOTI ZA MAKEDONIJA,A KOJA PROTIV? 5.Vi blagodaram za moznosta da se izrazam.
Од: Hajdi
Датум: 02.07.2011 18:57:23
Bravo Vasko ubava kolumna i analiza za izborniot ciklus(cirkus) Gruevski bese moken so finansii , seese strav i zakani, a Branko Crvenkovski dobi cisto glasacko telo koe moralno e pobednik na ovie izbori SDSM zaedno so svojot lider
Од: сасо
Датум: 02.07.2011 18:59:59
Од лисјата не можеш да ја видиш шuмата или толку ти дал Господ.
Од: mitko dimitrovski
Датум: 02.07.2011 20:23:12
Dodeka SDS-eto go ima Vasko Eftov i BC na Grujo ne oko ne mu trepnuva,a za 5 te silni momcinja da ti kazam: Na moeto izbiracko mesto 588 dojdoa 5 te silni momcinja da spasat sto moze da se spasi,ama Vasko zapameti go ova ispukana caura e neupotrebliva,a tie momci,Ti Vasko i BC ste ispukani cauri i ste za otpad oti samo tamu otkupuvaat staro zelezo!
Од: bluefighter
Датум: 02.07.2011 22:27:25
Za bednite vmrovski razmisluvanje imam samo edna poraka odnosno eden fakt da im kazam.Toj istiot Branko Crvenkovski koj patem za niv e grobarot na makedonskata drzava vo tranziciskiot period vo 2002 ra ja izvojuva najgolemata(vo dobieni glasovi) pobeda vi nezavisna Makesonija.Znaci narodot mu ja prosti tranzicijata na BC.Vasko realna i iscrpna kolumna prijatele.Sekoja cest
Од: Kice
Датум: 02.07.2011 22:32:23
Do site vmro-vci sto komentirate : koj vam vi kazuva koj da vi bide lider? Ne li e sramota da kazuvate koj da bil lider na sdsm. Pa koj i da e drug vo momentov, ne bi mozel da mobilizira tolkavo clenstvo ni tolku simpatizeri kako Branko, no vam drago vmro-vci toa vi odgovara, pa zatoa laete, sakate jakiot protivnik da go oslabite, da se trgne liderot. Ke se trgne liderot, no ne sega, ne dodeka ne padne Gruevski, a toa ke se sluci mnogu brzo. A za kupuvanjeto na glasovi - epten bese ocigledno - na Ljube mu gi kupija 2/3 a na Ljubco 1/2 od clenovite i simpatizerite, so zakani, so pritisoci, so pari, od kukja na kukja odea, ova site aktivisti go znaat. A 370.000-te glasovi na SDSM se epten golemi - dokaz neka vi se 305.000 na Grujo vo 2006-ta koga pobedi. Ke zavrsam so nesto od vasiot pastir Koljo: "Vistinata e kako shilo bode bode i ednas ke izleze na povrsina".
Од: CEGE
Датум: 02.07.2011 22:35:23
Vasko,samo cepi napred imas golema podrska!!Pozdrav i negi slusaj mnogu takanarecenive patrioti, ti si najgolem patriot.......
Од: глупост
Датум: 02.07.2011 22:47:36
која глупост напишал човеков: "Објаснето со политичка парабола, на овие избори Бранко Црвенковски успеа политички да го порази Никола Груевски". а кој формира влада?
Од: bezanec
Датум: 02.07.2011 22:53:03
Браво Ефто! А за твоите критичари,само ќе речам дека од носот повеќе не можат да видат,видокругот му е ограничен. А за тие дека грујо придонел,СДСМ да има толку гласачи,со својата тиранија,ја с ги прашувам„„ Дали толку ефтино чини твоето човечко достоинство?„ или пак станавте бетер од ромите(гупците) на народен јазик,дај денес да помина за утре здравје.
Од: ХАРИ
Датум: 02.07.2011 23:14:36
одлична анализа и досега најточна. точно е дека ги купија изборите. но мислам дека нема да можат да купуваат повеќе. поздрав Васко и ве молиме продолжи да пишуваш, затоа што малку останавте што можете да ни ги отворите очите на нас граѓаните.
Од: vera
Датум: 03.07.2011 01:49:02
Sekoja cest sto imas hrabrost edna vakva analiza i vistina da ja objavis,primer si za realen novinar, a mnogu lesno e koprivite da gi gledame kako rozi,kako sto ramisluvaat nekoi ograniceni umovi,umovi sto se plasat da se poglednat vo ogledalo i da si priznaat deka od drugata strana go gledaat spostveniot lik....Cestitki i prodolzi da ja kazuvas vistinata,....
Од: Кристина
Датум: 03.07.2011 03:15:05
Преубава колумна! Солзи ми навираа во очите додека ја читав... ЌЕ ПРОЦВЕТАМЕ!!!
Од: VASKO
Датум: 03.07.2011 09:24:45
uste sega se gleda deka i narednite izbori ke gi dobie Gruevski,----a ti EFTOV posle nekolku pati sto te citam i gledam, mi e krivo sto si VASKO
Од: rojkas
Датум: 03.07.2011 09:51:10
Ovoj se znae deka igra za paricka,ama tolku slepci sto se odusevija od kolumnata na Vasko,cudoo...
Од: prilep
Датум: 03.07.2011 10:15:18
Tocno e samo deka DPMNE gi kupi glasovite koi ja napravija razlikata od 70 000 i toa so drzavni pari na legalen nacin(preku socijalna pomos i dr.beneficii). Gruevski pokaza deka e poveke od toa sto misli SDSM za nego i ovie izbori na zalost na drzavava gi odigra maestralno. A tipcinjata kako Verusevski, Velkovski itn samo vo fantazijata na izgubenite vo SDSM mozat da napravat igra na teren. Greskata na SDSM e sto dozvoli izmena na izborniot zakonik bez SDSM, trosenje na kreditot vo kampanja(ne znam dali se sekavate na Svetlina i strajkovite za ESM-zosto bea?) i funkcioniranje na cel drzaven aparat na denot na izbori vo funkcija na DPMNE. Gospoda od SDSM i Vasko Eftov SDSM nikogas pod ovie okolnosti nema da go pobedi DPMNE, ne si pravete bajram so umot narodot e preplasen. Ako na ova gi dodadam 15 tina kadrovski utki na listite ( Stevce vo 3, Zaev vo 4 a osuduvan, Bendevska, Cvetanka, Mile Andonov i dr.) se e jasno. SDSM MORA da napravi osvezuvanje vo Centralniot odbor i mn.novi lica.
Од: toni
Датум: 03.07.2011 10:28:36
odlicno napisano i za zal ziva istina,dpmne gi kupi ovie izbori so mnogu pari,potkupot bese sekade zabelezan i samite vmrovci si priznavat sega...ke dojde denot koga nekoj ke odgovara za ova...i toa mnogu brzo!!!
Од: sglasnost so Lence
Датум: 03.07.2011 10:31:31
Nasava zemja R.Makedonija,sluzi za potsmev tamu kade zivejam; uste potocno, so godini veke ne ke ne spomenuvaat, ako nedojdese onoj smesen kic program "Skopje 2014". Rezimeto na avtorot na tekstot e za sekoja pofalba nesakam da gi povtoruvam i potvrduvam negovite zaklucoci kako i onie na Lence.Da dodadam deka VMRO ja DOBI Vlasta, no NE POBEDI na izbrite,Tie nasilno dobieni so uceni i teror, ne se speceleni. Onoa sto SDSM go dobi, bez nikakvi pari i zastrasuvanja, toa e praviot uspeh.Deneska mu ostanuva na SDSM da razmisli kako ke se organizira ponataka i umno da mu pomaga na Branko i da sorabotuva so nego,"Ili smenete me ilil sledete me" bez da mu se stavaat sopki kako nekoj odstran sto posakuva. Bckovski bi mozel da se priseti deka toj pocna prv so sopkite, pa pomogna da se izgubat predhodnite izbori,aSpasov ,neka se vrati vo staroto jato ,od kade kinisa bagodarejki bas na B.C. kogo kako pisuva, go donel na premiersko mesto; potocno nemal m..da da go zeme za sebe,vo tie teski v
Од: Demokraticnost + 100 miliona evra
Датум: 03.07.2011 11:38:46
Odlicna analiza, a toa sto nekogo go boli vistinata i i sluguva na lagata i menipulaciite e druga rabota. Najprvo da prasam: vo koja zemja vooci vonredni izbori se zema kredit tezok 220 miliona vera i so koja nanamena?Se cudam kako MMF gi odobri i samo na niv poznati pricini kontrolorite ne kaza ni zbor vo koja namena se trose istite. Toa go znaele Mijalkov, Sravreski i Grujo, a mozebi i Vlatce?!Kako e mozno zemja so okoli 2,1 milion ziteli da ima povece od 1,8 miliona glasaci( toa go prasuva i Evropa) a pri procistiuvanje od strana na " agilniot" Manevski se nasle visok samo okolu 15000 glasaci.Kade otidoa tie 150.000 fantiomski glasovi?, a isto i glasovite na Ljube Boskovski , Dostoinstvo i sl.? Se soglasuvam deka ovie izbori bea demokratski fer,a taa demokraticnost bese samo potpomognata so okolu 100 mil. evra dadeni pod raka i so mali uceni za rabotnite mesta .Obicna sitnica. pa toa e vece videna rabota vo "golemite demokratii" kako Zimbabve, Venecuela, S. Koreja , Kuba
Од: trajcemk
Датум: 03.07.2011 14:09:37
Vasko , Bi sakal da ti bidam gostin vo emisija, ke se iznaprikazime, ti ke prasuvas ti ke odgovaras - vprocem kako i vo site tvoi emisii... Toa sto si ZABEGAN ne ti dava pravo da mu sudis na Makedonskiot narod za negovoto demokratsko izjasnuvanje... ODI LECI SE!!!
Од: skrseniot
Датум: 03.07.2011 14:37:44
ako ne si dobar nemalo da te procitaat tolku patii hehenego da napises nesto za penziite na ona kako im se dadeni koj im gi dal koga se dogovorilo toa ti toa znaes da go napises majstorski i istrazis bidi pozdraven i gospod da blagoslovi
Од: Jas do Eftov
Датум: 03.07.2011 20:03:33
Се читаш ли што пишуваш:....Но, третата точка го прави несигурен Црвенковски. Како партијата, која условно речено, ја спроведе македонската приватизација, сега не може да ги натера македонските олигарси да ја финансираат нејзината кампања? И, каде се сега сите тие силни логистики на Верушевски, или Виктор Димовски во македонските безбедносни структури за да има СДСМ колку-толку соодветен одговор на политичкиот бодибилдинг на Сашо Мијалков.

Најди! во Утрински
Насловна
Пливачката од Јужна Африка стана принцеза
Насловна
Зошто Милошоски ја напушта кариерата?
Промоција пред настап на „Сунчане скале“
Згаснаа весниците „Време“, „Шпиц“ и „Коха е ре“
Златните модни години на Тито и Јованка Броз
Бидна сефтето со „Алтер его“
Собарката лажела за Доминик Строс-Кан
Невработеноста како апсурд
„Долнени“ привремено се сели во Прилеп
Црвенковски доби поддршка од делегатите
Неправилности во апсењето на Бошкоски
Времеплов на еден плоштад
„Фејсбук“ подготвува апликација за iPad
Ѓоковиќ е новиот крал на Вимблдон!
Економска моќ наместо воена сила?
Како е потрошено најголемото богатство во светот
Денч
Со Бранко тешко, без Бранко никако
Музејот на чоколадата најпосетен во Германија
Промовиран унифицираниот изглед на скопските такси возила
Зошто мажите умираат помлади од жените?
Кличко ги обедини титулите во тешка категорија
Мртов скопјанец извлечен од бездна
Алфите уапсија лице барано по меѓународна потерница
Парите од ММФ го зголемија владиниот долг
Колективна оставка на Советот на честа на ЗНМ

"""