Број 3620  сабота, 02 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Насловна








Site Meter

Поглед

Времеплов на еден плоштад

Деспина Трајковска

Скопски плоштад во 2009. Празен како празна табла. За некои без душа, па дури и здодевен... По некоја клупа, канта и нови канделабри со новите гранитни плочи од времето на Ристо Пенов му дадоа малку понов лик од оној што го имаше 20-ина години. Во меѓувреме не доби ни „с“ од содржина, било да е од уметнички или некој друг карактер. Со години само чавките што вообичаено прелетуваат преку центарот на Скопје асоцираат на него. И дури навидум мирно спиеше, плоштадот се наполни. Иако само на хартија. Се исцртуваше „Скопје 2014“.

Мај 2010, симболично ударнички (не)очекувано срцето на Скопје се отвори за десетици споменици. Сефте на коњи дојаваа Гоце и Даме, трасирајќи го патот за да се исправат Ченто, Чуповски, Гемиџиите. Преку мост им го покажаа патот на Климент и Наум, на Кирил и Методиј, на војводата Карпош. Во меѓувреме, место си најдоа и скопските шмизли, капачката и дрвото. Дојде денот да дојава и најграндиозниот, војсководецот Александар Македонски. За кратко доби и „грб“, Цар Самоил. Сите заедно, кај и да е, ќе го пречекаат и првиот лик од албанската историја, Неџат Аголи.

2014 година. Крај на владиниот урбанистички проект. Скопски плоштад, над десетина споменици, војсководци, цареви, лавови, војници, шмизли, згради, хотели... Плоштадот се раздвижи, почна да живее во муабетите на скопјани, во медиумите, даде материјал дури и за шеги, очекувано за политички препукувања, тема за комшиски муабети... Се отворија дилеми, трилеми, полемики на секој чекор за неговиот изглед. Полн погодок за Скопје, содржински богат и исполнет, магнет за туристи... Кичерајски натрупан, претворен во циркузантски шатор, магацин за споменици, измешани стилови, пример како не треба да се урбанизира еден град.


#
Статијата е прочитана 1517 пати.

Испрати коментар

Од: Do avtorkata
Датум: 02.07.2011 00:45:01
Tekst po naredba na Sonje ili siseto vo Ungarija si go napravi svoetoi. Prodadeni dusi.
Од: Ljubotan-Trade Name
Датум: 02.07.2011 07:25:52
Vo Skopje se nagramadija ;Kurta i Murta,AfroLioni,Lugje ,sto ni Cule i stapnale vo Skopje.a ona najvazno nitu eden istoriski kamen ne ostavile,a da ne zboruvame za Crkvi i Manastiri. Po koja logika ni kazuvate,deka Sveto Savcite, ne smeat da imaat svoi popovi i so kogo duhovno ,smeat i ne smeat da bidat vrzani! Zarem i den deneska Skopje ne Mirisa na Nemanici so site Crkvi i Manastiri niz celata Skopska Okolija.Ajde ne Dusan ,a Milutin?
Од: deli
Датум: 02.07.2011 07:53:27
Ne mi e baš jasno, kakva e poentata na ovoj text, no imam edna konstatacija: sekoj extrem nečini. Ni premalku, ni previše, oti ništo od toa nee zdravo. So decenii glaven skopski ploštad beše - mirno kažano, "ništo naročito", no što ke vidam, koga ke go vidam pak..? A ne samo ploštad...?? Imam vpečatok, resp. za mene e Skopje grad bez koncepcija, čistotija, zelenilo i svežina. No sepak go sakam, znači, ja sakam Makedonija, a koga ke go osetam miris na Skopje, moe srdce se raduva. Ne mora sve da e 100%, za da go sakame toa. Nikogaš ni nee sve 100%. No... sve što e mnogu, nečini. Dodavam - a ako toa "mnogu" ušte i mnogu pari (i ponataka ke) košta ... No: tražili ste, imajte. Pozdrav.
Од: "Nepismen.
Датум: 02.07.2011 08:29:13
Што глупости прочитав...ова е галерија а не плоштад...Има ли негде ваква глупост ,освен кај нас....
Од: kris
Датум: 02.07.2011 09:10:12
Odlicno kazano, obicen KICERAJ sto za prostata masa znaci umetnost.................kakva glava, takva kapa.........
Од: Mirko
Датум: 02.07.2011 09:13:34
Za zal e sega plostadot. See e tumbe i ne lici na nisto,a se sakase da ispadne svetsko, po neciji kriterijum.Zalno!?
Од: Igor
Датум: 02.07.2011 09:26:24
Vaka li Despina se ostanuva na rabota? Veruvam deka so vakvi plukacki tekstovi na nasata istorija, indirektno preku plukanje na kako sto velis ti so kicerajot, prenatrupanosta na plostadot i slicni poezii, stolceto pred kompjuterot vo ovaa redakcija ti e sigurno. Se sramam od vakvi licnosti vo nasata drzava!
Од: Kiril
Датум: 02.07.2011 10:03:09
Pa gradot zalici na sasava konstrukcija koj prilega na sasaviot narod i negoviot vozd. Bruki.
Од: Трпе
Датум: 02.07.2011 12:21:07
За разубавување на центарот,лесно е за чавките.Наместо чавки ке пуштиме гулаби кои ке ги обојуват спомениците.Но не сум прочитал дали во манифестот пропагандистите имат предвидено да се изгради и зидина околу плоштадот а да се влегува преку триумфалната капија.Е тогаш ке биде комплетно кога ке има се.Зарем немат видено низ старите туристички градови секаде имало тврдини.Во продолжение на Калето да се заобиколи целиот плоштад.И да се изгради резиденција на нашиот ни мил владетел мистер мр Рејтинг.
Од: mene
Датум: 02.07.2011 15:04:01
Ova se vika da pisuvas nesto sto e " okruglo pa na kose ",odnosno nesto da se pisuva makar i na nisto i da ne lici!A sega i za plostadot koj ne e predviden da izigruva muzej na otvoreno tuku e mesto za sredbi na gragjanite,organiziranje razni sobiri.i manifestacii,a kolku sto mene mi e poznato ova e edinstveniot plosdtad so takva golemina vo Skopje.Pokraj toa ne se vodelo smetka za prostornite moznosti na plostadot i da ne se postavuvaat spomenici so dzinovski dimenzii koi voopsto ne vklopuvaat vo opstiot ambient.Tak naprimer voinot na konj moze da se vidi celosno samo ako covek se kaci na tvrdinata Kale!!Komentarot im go prepustam na ljubitelite na muzeski postanovki pod otvoreno nebo!!??
Од: Nikola
Датум: 02.07.2011 15:09:12
"Na Epohata nejzinata Umetnost, na Umetnosta nejzinata Sloboda". Nitu na nasata epoha i ja ovozmozivme umetnosta, nitu na umetnosta i ja ovozmozivme slobotada. Los beleg na vladeenjeto na DPMNE!
Од: Gjokica Skopska Crna Gora
Датум: 03.07.2011 04:19:46
Site mi se vrtite ;,,Kako Dozd Naokulu Kraguevac", i se raspravate za ;Politickata Estetikata i Megalomanska Korelacija ,so so,i so za Skopskiot Plostad ,a ne za Komentarot na Ljubotan Trade Name,koj mozebi i e najsodveten i najprovakativen,od site gledeni tocki, kako istoriski Bar na mene mi se cini; Toj Ljubotan e Vzezen Zar, i nikoj ne sme ,da go fati i komentira!

Најди! во Утрински
Насловна
Пливачката од Јужна Африка стана принцеза
Насловна
Зошто Милошоски ја напушта кариерата?
Промоција пред настап на „Сунчане скале“
Згаснаа весниците „Време“, „Шпиц“ и „Коха е ре“
Златните модни години на Тито и Јованка Броз
Бидна сефтето со „Алтер его“
Собарката лажела за Доминик Строс-Кан
Невработеноста како апсурд
„Долнени“ привремено се сели во Прилеп
Црвенковски доби поддршка од делегатите
Неправилности во апсењето на Бошкоски
„Фејсбук“ подготвува апликација за iPad
Ѓоковиќ е новиот крал на Вимблдон!
Економска моќ наместо воена сила?
Како е потрошено најголемото богатство во светот
Денч
Со Бранко тешко, без Бранко никако
Музејот на чоколадата најпосетен во Германија
Промовиран унифицираниот изглед на скопските такси возила
Ако се рози, ќе процветаат
Зошто мажите умираат помлади од жените?
Кличко ги обедини титулите во тешка категорија
Мртов скопјанец извлечен од бездна
Алфите уапсија лице барано по меѓународна потерница
Парите од ММФ го зголемија владиниот долг
Колективна оставка на Советот на честа на ЗНМ

"""