|
|
|
|
|
|
Неправилности во апсењето на Бошкоски
Се' уште нема индиции зошто лидерот на ОМ е лишен од слобода, велат во „ТИ - Македонија“
„Транспаренси интернешенел - Македонија“ оценува дека во апсењето на Љубе Бошкоски, кое се случи на спектакуларен начин имало повеќе неправилности и незаконитости. „Јавноста беше сведок на погрешна примена на правилата од законите и од криминалистиката за обезбедување на доказите, како и на повреда на пресумпцијата на невиност“, оцени невладината организација на вчерашната прес-конференција.
„И по три недели од апсењето на Бошкоски се' уште нема никакви индиции зошто ова лице лишено од слобода е осомничено и кога ќе биде обвинето. Да не говориме за тоа врз основа на кои докази“, изјави претседателката на „ТИ – Македонија“, Слаѓана Тасева.
Таа посочи дека случајноста во поставувањето на камерите и изборот на медиумите, исто така, ќе биде оцена на независното судство, како и дека не може да се избегне постапувањето на истражните судии во спрега со Министерството за внатрешни работи, при изрекување и спроведување посебни истражни мерки. Признанието од МВР дека два месеца пред апсењето на Бошкоски полицијата спровела посебни истражни мерки, меѓу кои и прислушување - го наметнува прашањето кој се' се прислушувал пред и за време на изборната кампања.
„ТИ - Македонија“ констатира дека политичката партија Обединети за Македонија е правно лице, а дека Бошкоски како претседател на партијата е битно лице во неа. Но, не е сигурно дека токму Бошкоски е одговорен за материјалното и за финансиското работење на партијата.
„Финансискиот извештај на партијата Обединети за Македонија доставен до Државната изборна комисија на 26 мај е потпишан од одговорно лице, но тоа не е Бошкоски. За волја на вистината, одредбата во Кривичниот законик во која се одредуваат санкциите за незаконско финансирање на изборната кампања, не се однесува на ситуацијата кога некое друго лице во партијата би примило средства во вид донација, а за оваа околност одговорното лице не било запознаено. Одредбата од КЗ се однесува на одговорно лице во правното лице, во случајот тоа лице, кое е одговорно за материјалното и финансиското работење. Другите лица се изземени од одговорност“, објасни Тасева.
Таа рече дека останува да се види дали и како ќе бидат оценети законитоста и транспарентноста на финансирањето на политичките партии на изборите од 5 јуни, односно како организаторите на кампањите се стекнаа со толкави износи средства за покривање на трошоците за своите кампањи.
„Транспаренси интернешенел – Македонија“ ја отвори дилемата дали институциите постапуваат селективно и преземаат мерки само против политичките партии од опозицијата и неистомислениците со власта. Оттаму повикаа на безусловна примена на правото и законите без селективност и предрасуда. (К.Ч.) |
#
|
Статијата е прочитана 3562 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Lazo Stefanov |
Датум: 02.07.2011 04:48:19 |
|
Surova realnost na nepocituvanje na covekovite prava i kazenje na pravoto.I najstrasnoto, vo kolku glavi se razmisluva deka toa e zaradi ona negovoto: ,,bando kriminalna,, i deka i vlastodrscite gi ceka istoto. Mracno osvetoljubie. |
|
|
|
|
|
|
Од: Dragan |
Датум: 02.07.2011 08:00:47 |
|
Slatkarstvo i politika ne odat zaedno brate Ljube!
|
|
|
|
|
|
|
Од: bale |
Датум: 02.07.2011 08:59:44 |
|
Ocigledna mestenka..........samo cudno kako bivs Minister taka naivno nasedna................... |
|
|
|
|
|
|
Од: Трпе |
Датум: 02.07.2011 11:12:19 |
|
Сега власта е во нивни раце,може да апсат па и да бесат и колат.Само лошо е што тоа го прават селективно.Но неможе да бидат вечни.Што ке се прави после.Дали народот само го раскаруват и прават омраза.Нивното е познато,подели па владеј.Шилото врти,влти и на крајот излегува на вистинското место. |
|
|
|
|
|
|
Од: Vineam Makedonski |
Датум: 02.07.2011 11:16:53 |
|
Se e po staron vo Makedonija a brat Ljube ne ja procital lektirata navreme ,,Parite se otepuvacka"
i taka lakomo go zel keseto so samo 100.000 evra ... |
|
|
|
|
|
|
Од: Oд Мирко |
Датум: 02.07.2011 11:43:18 |
|
И тој на сличен начин ја практикуваше власта како министер за внатрешни работи.Сега му се вати како бумеранг. |
|
|
|
|
|
|
Од: Od Prilepcanec |
Датум: 02.07.2011 13:00:17 |
|
Vcera izleze od HAG i nikogas ne kaza pod koj okolnost, nikogas ne odgovori na prasanjeto od graganite na Republika Makedonija, dali Johan e zrtveno jare za tvojata "skapocena" sloboda, za sega da se pretstavuvas kako "heroj" od hag izleze pred nekolku godini a veke vozi auto poskapo od 100 iljadi evra ...od kade ?????? toj luksuzen zivot na Boskoski i negovata familija da nee od parite sto gi sobiraa nasincite vo Avstralija !!!!!! ili od nekoja komsiska drzava???????? |
|
|
|
|
|
|
|
|