Број 3620  сабота, 02 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Насловна








Site Meter

Задоволство

Музејот на чоколадата најпосетен во Германија

Во зградата на три ката во Келн е прикажан цел чоколаден свет, каде што посетителот може да патува низ историјата на чоколадата, долга 3.000 години

Музејот на чоколадата во Келн, Германија, годишно го посетуваат околу 650.000 луѓе поради неговата атрактивност и е еден од десетте најпосетени музеи во Германија.

Некогашниот шеф на „Штолверк“, голем концерн за производство на продукти, Ханс Имхох, во 1993 година си ја исполнил долгогодишната желба и за 53 милиони марки отворил необичен музеј, во кој се' се врти околу чоколадата.

Во зградата на три ката е прикажан цел чоколаден свет каде што посетителот може да патува низ историјата на чоколадата, долга 3000 години - од божествената храна на Ацтеките до модерниот индустриски производ.

Патувањето започнува кај дрвото на какаото, чие ботаничко име е Theobroma cacao (на грчки „храна на боговите“). Таму посетителите можат да видат како настанува какаото и како изгледа патот од таа состојка до чоколадата. Особено е интересна т.н. „тропска куќа“ - стакленик во кој може да се види оригиналното дрво на какаото и во вистинска смисла да се почувствува тропската клима.

Патот понатаму води до производствените постројки - поточно до швајцарскиот производител за чоколада „Линт Шиндли“, кој од 2006 година е партнер на Музејот на чоколадата. На релативно мал простор е поставена мала фабрика од чоколадата.

Посетителите на самото место можат да доживеат целосен производен процес, со оглед на тоа дека сите машини се опремени со проѕирни заштитни рамки.

Главната атракција на музејот е три метри високата „чоколадна фонтана“. Покрај неа секогаш стои работничка од музејот и потопува бисквити во чоколадата, кои подоцна им ги дели на посетителите. Секој може да смета на еден свеж чоколаден бисквит, иако вработените во Музејот нема претерано да се возбудат ако забележат некој посетител по неколку пати заталкува до чоколадната фонтана.

На вториот кат посетителите можат да дознаат нешто повеќе за почетоците на културната историја на чоколадата од пред 3000 години во мезоамерика. Народот кој прв го користел какаото и од неговите зрна подготвувал чоколадна напивка, бил стариот индијански народ Олмеци. Подоцна тоа го правеле и племињата Маји и Ацтеки.

Откако е откриена Америка, Шпанците го донеле какаото на стариот континент. Иако на почетокот претставувал луксузен производ што се користел само на дворовите на европските владетелски семејства, со текот на времето какаото им станало достапно на сите и денес речиси не може да се замисли домаќинство во кое нема чоколада.

На последниот кат се' се врти околу чоколадните производи: од чоколадни јајца, па до чоколади со виолетова обвивка, каде што е насликана „Милка - кравичка“. Во Музејот на чоколадата, на мало кино, се емитуваат реклами за чоколадни производи од 1926 година, па се' до денес, кои сведочат како се менувала модата, но и духот на времето. (Дојче веле)


#
Статијата е прочитана 759 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Пливачката од Јужна Африка стана принцеза
Насловна
Зошто Милошоски ја напушта кариерата?
Промоција пред настап на „Сунчане скале“
Згаснаа весниците „Време“, „Шпиц“ и „Коха е ре“
Златните модни години на Тито и Јованка Броз
Бидна сефтето со „Алтер его“
Собарката лажела за Доминик Строс-Кан
Невработеноста како апсурд
„Долнени“ привремено се сели во Прилеп
Црвенковски доби поддршка од делегатите
Неправилности во апсењето на Бошкоски
Времеплов на еден плоштад
„Фејсбук“ подготвува апликација за iPad
Ѓоковиќ е новиот крал на Вимблдон!
Економска моќ наместо воена сила?
Како е потрошено најголемото богатство во светот
Денч
Со Бранко тешко, без Бранко никако
Промовиран унифицираниот изглед на скопските такси возила
Ако се рози, ќе процветаат
Зошто мажите умираат помлади од жените?
Кличко ги обедини титулите во тешка категорија
Мртов скопјанец извлечен од бездна
Алфите уапсија лице барано по меѓународна потерница
Парите од ММФ го зголемија владиниот долг
Колективна оставка на Советот на честа на ЗНМ

"""