|
|
|
|
|
|
Дебата
Со Бранко тешко, без Бранко никако
Ѓорѓи Спасов
Во СДСМ треба еднаш да се постави прашањето зошто нема друг со таква харизма и способности да ја води партијата
На Конгресот на СДСМ утре во Битола се очекува партијата да ги разгледува резултатите од последните избори и да гласа за доверба во органите на партијата. Познато е дека Бранко Црвенковски нема да понуди оставка на функцијата и дека на конгресот ќе го повтори познатото „сменете ме или следете ме“.
Чувствувам потреба да потсетам дека оваа изјава не е сосема оригинална. Ваков вид изјави дават лидери што по долго време на чело на партијата, ја претвориле во партија на приврзаници на лидерот, на негови следбеници, верници, а не сорабо��ници, во која е поважно да се верува во водачот отколку во идеите заради кои е створена. Во таквите партии судбината на приврзаниците на лидерот е поврзана со неговата судбина и секоја помисла за повлекување или за негова смена се доживува како смислена активност на „непријателот“ за растурање на партијата.
Најголем број од тие приврзаници, меѓу кои има и добри социјалдемократи, денес сметаат дека Црвенковски ја консолидирал партијата, го обновил единството и дека токму поради тоа постигнала добар резултат на овие избори. Апсурдот се состои во тоа што партијата што побара предвремени избори за да ја смени власта, денес, откако ги изгуби тие избори, оценува дека постигнала „неочекувано добар резултат“ и дека „тимот што победува не треба да се менува“. Тој „неочекувано добар резултат“ се состои во тоа што разликата во гласови меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е сведена на „само“ 70.000 гласа.
Но, како сведок на многу настани во партијата, чувствувам должност да потсетам дека Црвенковски не размислуваше така во 2006 година. Тогаш кога прв пат победи Груевски, ВМРО-ДПМНЕ освои 300.000 гласа, а СДСМ 220.000. Разликата беше 80.000, приближно како и сега. Но, тогаш Црвенковски сметаше дека треба сите, особено постарите или основачите, како што не' нарекуваше (вклучително и мене, кој бев амбасадор во Лондон) да го повикаме Бучковски да си поднесе оставка и да ја преземе одговорноста за таков „срамен пораз“. Ние мислевме дека од тогашниот шеф на државата и поранешен лидер на СДСМ се воспоставуваат нови стандарди за одговорност во партијата. Партијата се демократизира. И искрено, но и наивно од денешна перспектива, јас и некои други ја поддржавме иницијативата за што јас дури и пред време бев вратен од Лондон. И денес одеднаш, тоа што беше срамен пораз во 2006 година, сега се нарекува „одличен резултат“, по кој не смее ниту да се помисли за нечија одговорност. Бидејќи преседанот во 2006 година беше направен, Радмила Шеќеринска по поразот во 2008 година не чекаше „анализа“ и конгрес, туку излезе и рече: „Направивме се' што можевме, но најголемата одговорност е моја и затоа поднесувам оставка на функцијата претседател на партијата“.
Јас имам разбирање за оние членови на партијата што велат дека им олеснало кога слушнале дека Црвенковски нема да поднесе оставка. Нивниот аргумент е дека во СДСМ во овој момент нема друг со таква харизма и способности да ја води партијата. Без Бранко на чело, би се обновиле внатрешните судири, би се нарушиле нејзиното единство и сила. Но, во СДСМ треба еднаш (ако не на овој конгрес, на некој нареден) да се постави прашањето зошто нема кој друг? Во демократските земји за успешен лидер на партија не се смета оној што вели „мора јас да останам на чело на партијата, бидејќи нема кој друг“, туку оној што изјавува дека во неговата партија има барем десет личности исто толку способни како него што можат да го заменат на функцијата. Само еден лидер од соседството кога се кандидираше за претседател на својата држава, излезе со слоганот „А ко би други?“. Но, не беше познат како демократ.
СДСМ мора да се запраша зошто по 20 години, нема друга личност освен Црвенковски што би ја водела партијата успешно? Дали таквите партии што се доведени во состојба да „нема кој друг“ треба да се сметаат за консолидирани партии, или можеби Црвенковски низ својот модел на работење, кадровската селекција лично се погрижил да нема кој друг да ја води партијата? Одговорот е од голема важност за секоја партија што ќе се најде во таква состојба. Таквите состојби не се комплимент за лидерите, туку знак за сериозен проблем со кој партијата ќе мора да се соочи еден ден, бидејќи никој не трае вечно. Зошто за СДСМ не би било добро тоа што се покажува како корисна практика во големите демократски партии во светот? Тие ги избираат своите лидери и кандидати за истакнати државни функции (како што е тоа во Социјалистичката партија на Франција) на внатрепартиски непосредни избори од повеќе кандидати, а притоа го јакнат, го зачувуваат, па дури го зголемуваат своето единство.
Без да се оспорува придонесот на Црвенковски за овие избори, за СДСМ би било здраво да си го постави прашањето: Што ако токму стравот кај дел од граѓаните од враќањето на Црвенковски на власт и неспособноста да обедини и други луѓе и партии околу себе натера 420.000 граѓани и по пет години, пак да гласаат за Груевски? Може ли тој недостаток на клучни гласови за победа да се надополни со изборот на нов лидер или тоа изгледа како експеримент, кој СДСМ во овој момент не смее да си го дозволи? Секоја промена на лидерот носи одредени опасности. Но, партијата треба да излезе од непотребната митологизација на Црвенковски како вечен спасител и треба да си ја врати самодовербата и да се обедини повеќе ако сака да го победи Груевски. А, за тоа се потребни храброст и подготвеност за ризик.
Таква храброст постоеше во СДСМ по губењето на првите парламентарни избори во 1990 година. Тогаш, по оставката на Петар Гошев, јас го предложив Црвенковски (кој имаше само 28 години) за претседател на партијата. Никој не го ни познаваше. Се знаеше само дека како најмлад член на поранешниот ЦК на Сојузот на комунистите ја кажал реченицата „со ситни души држава не се прави“. Но, ние што тогаш имавме по 40-ина години оценивме дека треба да му се даде можност на еден млад човек со наша помош да го победи националистички настроениот Љубчо Георгиевски, кој во тоа време имаше само 25 години. Оценивме дека новата СДСМ не само програмски, туку и симболично преку ликот на лидерот треба да се одлепи од минатото за кое беше обвинувана, а лидерот да биде иста или слична генерација со лидерот на главната опозициска партија. И не згрешивме.
Сега е време Бранко на свои 49 години да помогне СДСМ да се одлепи од нештата за кои е неправедно обвинувана сегашната генерација млади политичари во СДСМ и да даде можност партијата да го победи Груевски. Има место за сите во партијата што сакаат да помогнат, како што вели тој. Не мора да бидат на челни функции. И не се непријатели на партијата сите што имаат различно видување за состојбата во неа.
(Авторот е универзитетски професор)
|
#
|
Статијата е прочитана 3787 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Hari |
Датум: 02.07.2011 00:26:42 |
|
Gospodine Spasov, edno nesto zaboravate a toa e deka 2006 godina vo Makedonija sostojbata bese poinakva od onaa sega. Bucko izgubi vo demokratski ambient a sega SDSM izgubi so razlika od 70 000 glasa koga vo drzavata imame totalitaren rezim, fasizam, pritisoci vrz administracijata, potkupuvanje, partizacija na site segmenti. Buko e vinoven sto ne snajde ova zlo, no Branko e edinstven so site maani da go simne ovoj totalitaren rezim. Da bea izborite demokratski SDSM ke pravese Vlada, toa e povece od jasno. |
|
|
|
|
|
|
Од: PAVLE , |
Датум: 02.07.2011 01:10:09 |
|
браво професоре,кој како сака нека зборува за ВАС и против Вас,таа е вистината за СДСМ и Бранко.Но,кој да ја покрене оваа маса послушници во СДСМ.Претседателите на ОПШТИНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ги постави лично БРАНКО,тие ли да станат против него,делегатите за конгресот ги одбираа ПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ на ОО,тие ли ќе станат на конгресот против БРАНКО |
|
|
|
|
|
|
Од: Lazo Stefanov |
Датум: 02.07.2011 03:59:45 |
|
Mora da im se dade prednost na nacelata, a ne na pretpostavkite i matematikite. Zagubi li, si odis. I taka da vazi za site lideri na site partii. Vo sprotivno se zabavuvaat promenite vo politickiot zjivot. Utre, toa nacelo ke vazji i za Gruevski, Ahmeti i za site. |
|
|
|
|
|
|
Од: Trpe 2 |
Датум: 02.07.2011 06:22:13 |
|
Ej profesore,profesore ! Vie ste opieni od ova sostojba vo zemjava.Zemja vo koja na sekoe k'ose stoi tabla :UNIVERZITET.Vo Makedonija veke nema luge;ima samo :REKTORI,DEKANI i PROFESORI.I kako sto veli CACKO "vo ponedelnik e zapisuvanje ,a vo cetvrtok se davaat diplomi ".Vie zatoa rabotite za vlasta i se' drugo vi preci. |
|
|
|
|
|
|
Од: vlatkov |
Датум: 02.07.2011 07:45:15 |
|
Gospdine Spasov, vaseto mislenje e malku zakasneto zosto"gjavolot veke 20 godini si gi jade decata". Inaku mislam deka se zalazuvate deka razlikata megju VMRO:SDSM e 70.000 glasovi(sto mu odi vo prilog na B.C). Pa verojatno ne mislite deka 50.000 - te iljadi glasovi sto gi izgubi VMRO vo borbata vnatre vo desnicata ke otidat na kontoto na SDSM. Toa ke go vidite na slednite izbori i kako sekogas , povtorno ke bide docna.Dodeka ve imame vasi i slicnite kako analiticari veke rezultatot ke bide 7:0. |
|
|
|
|
|
|
Од: dimitri |
Датум: 02.07.2011 08:30:57 |
|
Ne sakam da go komentiram izlaganjeto na gospodinot Spasov,bidejki za prv pat go delam negovoto mislenje vo vrska so slucuvanjata vo SDSM.No zatoa za komentatorot "Hari" imam sto da kazam.Opravduvanjeto e kako zadnik,znaci site go imaat.Pa zatoa ne tropaj gluposti za koi i ne go znaes nivnoto znacenje.SDSM zagubi i toa e fakt.A ako sakate da odite napred kako partija imajte doblest i obidete se da go smenite timot koj samo gubi,ne samo trenerot penzioner,Greskata e vo vasata partija t.e.vo kadrite koi ja vodat,a ne vo narodot.Kakov proizvod imate za na pazar tolku ke zarabotite.A proizvodot za ovie izvori vi bese katastrofalen.Vi treba" vnatresna kontrola" na kvalitetot,no i vie samite go znaete seto ova ,no vasa e izrekata(mislam na SDSM a ne na vas licno) navednata glava sablja ne ja sece,pa so sreka ponatamu na celo so nego. |
|
|
|
|
|
|
Од: vatra |
Датум: 02.07.2011 08:52:21 |
|
Go podrzuvam profesorot-ambasadorot. Medjutoa za nekoi raboti trebalo da se misli na vreme. Branko go trgase sekoj koj shto mozese da mu se priblizzi na liderskata pozicija. Kade e Handjo? Kade e Buchko? Ilinka...... SDSM e pretvorena vo privatno pretprijatie Branko dooel. Sega, tie shto se zagrizeni za partijata povece od Branko, im preostanuva da si najdat nekoj lider od nadvor. Gi imaat na raspolaganje - Ljubcho, Ljube, Elenovski.. |
|
|
|
|
|
|
Од: Goran |
Датум: 02.07.2011 09:32:44 |
|
Bravo za profesorot.Konecno se najde nekoj hrabar da progovori REALNO za vistinata ,i vistinskite pricini poradi koi SDSM gi izgubi izborite.Dojde vremeto koga treba da se svati deka mora da ima vistinski promeni vo partijata i da dojdat na celo mladi luge "neizvalkani" i so "cisti race" kako sto velese Petar Gosev se fatat za rabota i da go vratat renometo i ugledot na partijata kaj nas pa i nadvor od drzavata.POBEDA se proglasuva koga ke se dobies izbori a ne koga ke zagubis so 70.000 glasa pomalku.Dokolku ne se sluci promenata vednas kako sto katastrofalno se izgubija lokalnite pa i ovie izbori, uste poloso ke bide na narednite lokalni i parlamentarni izbori.Ke dadam eden mal komentar do gospodinot HARI koj me isprovocira da pisuvam na ovaa tema.Gospodine ako se izgubat izbori ne treba vednas krivicata da se bara vo drugi ,prvo treba da se bide samokriticen i da se priznaat greskite a potoa ke gi barame pricinite.Koga site relevantni faktori vo Evropa i svetot gi pofalija izborite |
|
|
|
|
|
|
Од: Opstina Karpos! |
Датум: 02.07.2011 09:57:25 |
|
Se soglasuvam vo edno, a toa e deka ne se napravija dovolno kvalitetni promeni na kadrite vo partijata.Procinata e ocigledna... ako kandidatot za premier ne uspea na listite da izdejstvuva da se pojavat maldi, uspesni i perspektivni luge togas,a za smetka na toa imate listi so likovi koi, ne bi sakale da sedat do vas ni na fudbalska utakmica... togas definitivno promenite se kozmeticki.Krivicata ja ima samo eden covek koj ocigledno nesaka da se pomiri deka e vistinsko vreme da napravi nesto za dobroto na partijata... promena e potrebna, kvalitetni luge ima . No potreben e i cekor koj treba da se napravi vo partijata. Dosta e veke od potroseni i nekvalitetni rodnini... dajte mlad kadar i iscistete gi redovite od licemerite i sitnite kriminalci. |
|
|
|
|
|
|
Од: Одлична, но, нецелосна анализа |
Датум: 02.07.2011 09:58:22 |
|
Колумната на Ѓ. Спасов е одлична, но, не е целосна! Стравот од враќањето на Б. Црвенковски, како човек кој ја опустоши македонската економија, без сомнение одеше во прилог на Н. Груевски, кој, иако не им ја подобри живејачката на луѓето, сепак „гради“ (споменици, музеи, фудбалски игралишта на селски ливади исл.)! Со изјавата дека ја „поштедува“ сопругата на несреќниот стечаец поради тоа што не можел да постигне, Б. Црвенсковски изреволтира многу жени и ги декуражира да гласаат за СДСМ! Иако самиот ја предложи Радмила за кандидат за премиер, Б. Црвенковски ни еднаш не ја спомна во своите предизборни тиради, со очигледна намера да демонстрира дека токму тој ќе биде главен по победата на изборите! Согласен сум и со некои ставови на Хари. Очигледно на СДСМ му треба нов лидер, но, се чини дека тоа, барем засега, е чиста илузија! |
|
|
|
|
|
|
Од: Od strana gledano |
Датум: 02.07.2011 10:32:35 |
|
Taka e profesore, toa e analiza a ne ona na Eftov, da ti se zgrozi dodeka ja citash. Analizata treba da se dopolni so toa shto 420 000 glasaci go dadoa glasot za delata shto gi napravi VMRO i shto se vidlivi so golo oko, kolku SDSM da go kritikuva proektot Skopje 2014 tolku povece gubi kaj glasacite, ovaa vlada napravi mnogu dela koi mozat da se rushat samo so prazni zborovi ! |
|
|
|
|
|
|
Од: Stipjanec |
Датум: 02.07.2011 11:01:21 |
|
Ja samo nesto ke kazam..do deka ima nekoi luge na vrvo na sdsm jas a veruvam i golem del od lugeto kako mene nema nikogas da glasat za niv..kako prvo..tie 150000 glasa so vikat deka gi osvoile plus...sega se kaj niv ama koj garantira deka i narednite izbori ke glasat za niv?? tie ne se nivni clenovi tuku "nezavisni strelci" so sega glasale za sdsm ama mos pa ako se podobrat sostojbite narednio pat ke glasat za vmro. a mos pa i 470000 ke stanat 570000..od deka da znaes. I uste ovoa: IZBORI NE SE DOBIVAT SAMO SO CLENOVI na politicka partija. Taj broj slabo variara i kaj dvete partii taka da so niv ne moze da se pobede na izbori.. Taka da partijata treba da privlece pogolem broj od tie "slobodnite strelci".. a kako so trgnalo so sdsm niv tie ne gi interesirat..Neka si sedat Jani, Minco, Gordan, Branko, i tie novite opasni faci na vrvo..ke si bidat vecna opozicija i sekogas nardodo ke im bide kriv. |
|
|
|
|
|
|
Од: Stojan |
Датум: 02.07.2011 11:23:26 |
|
Dobra kolumna profesore. Megutoa toa sto vie go zagovarate e mozno i na utresniot kongres. Glasanjeto e tajno a so samoto toa ke bide i demokratsko. Pa neli i argumentite za "demokraticnosta" na neodamnesnite parlamentarni izbori bea deka i pokraj pritisocite, spisocite, parite samoto toa sto glasanjeto e tajno znaci i fer i demokratski izbori. Kolku jas se sekavem edinstveni nedemokratski partiski izbori bea onie vo Olimpisko selo koga Urko, Zekirov i ostanatite "muskuli" na Mijalkov "na klici" gi izbrkaaa polivina delegati (ljupcovisti) od DPMNE i glasaa samo "gruevisti". Inaku ne se soglasuvam so vas sto ja spomenuvate Francija kako primer. Francija e svetlosni godini daleku od nas. |
|
|
|
|
|
|
Од: Vito |
Датум: 02.07.2011 11:28:46 |
|
Vie, profesore, ste go predlozile Crvenkovski za lider na partijata koga imal 28 godini!? Znaci, Vie ste vinovni sto ova mu se slucuva na SDSM!? |
|
|
|
|
|
|
Од: Македонец |
Датум: 02.07.2011 12:01:27 |
|
Утре на конгресот скоро едногласно ќе биде реизбран Бранко,по кој знае кој пат. И од тоа најмногу корист ќе има никој друг,ами неговиот лут противник Груевски. Пораз со 70000 гласа се толкува како победа,па сегашната власт токму таквите `победи` на опозицијата и ги посакува,за да си владее спокојно уште цел мандат, а како што се одвиваат работите подолго. ИИ на следните избори СДСМ ќе доживее пораз со Бранко,затоа што тој го достигна својот врв на овие избори. На сладните,ќе игуби од Груевски уште поубедливо и пак народот ќе му биде крив. |
|
|
|
|
|
|
Од: Од Мирко |
Датум: 02.07.2011 12:15:54 |
|
Еј,професоре! Од Лондон не те повлече предвреме Банко,него партијата што е на власт.Затоа не се жести на Бранко. Велиж 90 тите години ти си го предложил Брнка, за претседник на патијата, дедер денес кого предлагаш за функцијата на која се најдува Бранко.Вио колумната тоа не го правиш,само го критикуваш Бранко. Не биди злобен. |
|
|
|
|
|
|
Од: Даниела |
Датум: 02.07.2011 13:49:47 |
|
Бранко Црвенковски несомнено треба да остане Председател на СДСМ и да ја заврши до крај битката за конечен пад на Груевски и Вмро Дпмне.Инаку за кадровскиот потенцијал и наредните Лидери кои треба да застанат на чело на партијата и да ја водат во понатамошниот период после завршување на мисијата на Црвенковски(победа над Груевски)во СДСМ има многу.Навраќајки се пред 2 години со поставување на нови млади,надежни и успешни за Председатели на Општински Организации во повеќе градови а кои со својата посветеност,пожртвуваност од предходно речиси уништени ОО го подигнаа нивото,внесоа свежина и чесност во работата и резултатот си дојде,во градови во кои СДСМ беше буквално кажано отпишан на овие избори имавме резултати изедначени со Дпмне.Ако овие млади,чесни и искрени, се иднината на СДСМ зошто да не им дадеме шанса да се покажат и на централно ниво,зошто да не го искористиме нивниот потенцијал и капацитет да го покажат таму каде што ни се најпотребни тоа ке го види целата Македонскајавност |
|
|
|
|
|
|
Од: makedonec |
Датум: 02.07.2011 14:38:34 |
|
Jas se secavam deka i vie bevte vo taa postava na vladeenje na B.Crvenkovski gospodine Spasov.I vo kakva drzava ziveese togas i kako zivees denes,Zasramise kako vas sto lapavte pari od graganite i od drzavata sega nesto umno sakate da kazete.Zosto olku ne bevte umen pred 10 god.Izgleda si od onie sto setaat po vlasta i koi dobivaat po 6000 den.samo da pisuvate nesto za B.C. i kako profesor vi odgovara da zemate po pet plati vo sekoj grad kaj sto ima univerziteti.I kako da ne vi prie ovoj sistem i vlada ,sto ke pravime nie so 10 000 den.plata,i so ovie ceni na proizvodive.I sto moze ako se meni Branko C.ete tebe ke te glasame i za premier stio mislis, mandatot ke ti pomine dodeka ja sredis drzavata od lopuzanata.I site sto mislite deka B.C. e kriv za se lazite ,nemu nema familijta da mu pitaci po ulucite, gledajte nie sto ke pravime ete i Nikola G.za pet god.sto napravi a ke vidime i i ovie cetiri god.slednata godina poleka od pratenicite ke go napustaat i ke odat vo opozicija. |
|
|
|
|
|
|
Од: Tome Stojanovski,dipl.el.ing.62 god. |
Датум: 02.07.2011 15:23:16 |
|
G-dine Spasov mene me znaete kako Vas ogorcen protivnik i sega gledam daka sum vo pravo !! Velite vie go donesovte Drza(!)nikot koj seuste bil vo politicki peleni oti takov bil I Blgarceto !! Znaci site vie na 40 godisna vozrast koga e vrvot na covekovite sposobnosti se plasevte od Blgarceto pa go pustivte BaCeto da izgori !! Ama toj go javna vetrot i sto stana se udjum otide !! Blagodaram za informacijata,otsegoas tvrdev deka vo S(!)SM ima intelektulci ama m....da nema !! Toa e za zal sevkupnata makedonska realnost,sekoja cest za onie malkumina sto mozat na prsti da se izbrojat. |
|
|
|
|
|
|
Од: Mene |
Датум: 02.07.2011 15:42:05 |
|
Одлична анализа професоре!
Работите се токму такви и треба да се кажат. Радува фактот што и вие по „истапите“ на Никола Поповски, В. Бучковски, Е. Рахиќ... и веројатно многумина други кои немаат достап до колумни, го поставувате најболното прашање и барате одговор: Дали партијата ке одбере да остане „дисциплинирана“ од „лидерот“ или ќе се реформира? Тоа треба да се реши веднаш - на Конгресот во Битола.
Заради заедничкото добро: да не живеат во илузија ни ВМРО дека се непобедливи, а ни СДСМ дека се победници |
|
|
|
|
|
|
Од: dragan |
Датум: 02.07.2011 18:05:00 |
|
Sekoja cest za analizata...kako i sekogas, Spasov ne umeren i realen covekj..toa sto "gazolizacite" vo SDSM se uste ziveat vo 1994 e niven problpme...zatoa i ke bidat uste 100 godini vo opozicija,. Branko ne da vodi nitu fudbalski klub od treta liga a kamoli partija...greota za SDSMN..go svede na pitacki stap... |
|
|
|
|
|
|
Од: Goce |
Датум: 02.07.2011 22:25:35 |
|
|
|
|
|
|
|
Од: Aleksandar III |
Датум: 02.07.2011 22:40:43 |
|
Добра анализа, веројатно професорот имал поумерен тон за да им остави простор на 200-тина делегати на конгресот да се обидат да почнат да размислуваат со своја глава, а не на осигурувачи кои БЦ им ги вградува преку нивните шефови кој лично си ги бира. Да не е така т.е. да имаме демократија во СДСМ, досега не требаше дискусии од ваков тип. БЦ уште вечерта на изборниот пораз ќе си поднесеше оставка, а сега партијата ќе се бореше за убави работи за НОВ лидер и за нејзина демократска трансформација за сигурна победа во 2015 година (10 години опозиција). Е сега само ВМРО-овците ќе се радуваат заедно со 200-те полтрони на битолскиот конгрес. Навистина голем срам е за човекот кој бил 2-3 пати премиер и претседател да нема сенс за демократија. |
|
|
|
|
|
|
Од: kango |
Датум: 02.07.2011 23:22:30 |
|
gospodine Spasov, ako se soglasam deka "problemot" kaj sdsm vi e dobro lociram, sto da recam na toa sto ne nudite podobra alternativa, resenie za "problemot". Zatoa, koga samo kritikuvate, ne znam sto e poentata na ovaa kolumna. Go iskritikuvavte B.C.? Ok. I sto sega? Ke mi izvinite, ama ne se cuvstvuva vo vasite kolumni iskrena analiza i zelba za da mozebi pomognete so sovet kon sdsm za resavanje na nivniot "problem". |
|
|
|
|
|
|
Од: jas |
Датум: 03.07.2011 08:28:33 |
|
Nasite treneri na sportski timovi odsekogas go pocituvaat prviloto (kako i onie od razvienite zemji): stom se izgubi prvenstvoto si zaminuvaat od ekipata, am tie se strucni i barani pa zatoa toa go pravat, a sto bi pravel eden bokser so falsifikuvani diplomi dipl., m-r), eden elektro inziner bez iskustvo, eden diplomiran filolog i sl? Bukvalno nemaat nikakva kvalifikuvanost za druga rabot, sto bi rekle ni za magacioner, a za nivna i nasa nesreka premladi se za nisto da ne rabotaat. Site nasi politicarcinja dosegnuvaat do nivoto na diktator(ce); ne e vazno dali od tipot na Kastro, Stalin ili Tito, vazno nasata zemja seuste proizveduva diktatorcinja. Kako asocijacija: Gledam vo stranski spisanija kako obicni lugje ronat solzi za Pretsedatelot na Venecuela (bolen od rak) i mi idat sliki od pred trieset i edna godina pa toa nase deredze go sporeduvam so denes i seto toa mi izgleda nekako slicno-ne mnogu podmrdnato od togas do sega. |
|
|
|
|
|
|
Од: toni |
Датум: 03.07.2011 10:57:22 |
|
dodeka e grujo na vlast mora i branko da bide lider na sdsm,oti vo vakvo nedemokracko opstestvo moze samo branko da mu se sprotistavi na gujo so se familijata,a koga bi bile normalna drzava so normalna vlast togas moze da zboruvame za lideri na partii,togas moze sekoj da bide lider na sdsm,a dotogas ne gledam nikoj drug osven branko,a za kraj mozam samo da kazam deka grujo gi dobi izborite so potkup so pari a ne so fer izbori!!! |
|
|
|
|
|
|
|
|