Број 3620  сабота, 02 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Насловна








Site Meter

Интервју

Денч: Никој не може да пишува како Шекспир

Од нашиот известувач
Сунчица Уневска

Карлови Вари - „Никогаш не бев убава и затоа мислам дека се работи за талентот, дека можам да ја одиграм улогата добро", со смеење изјави Џуди Денч, која и на 77 години изгледа одлично. "Мислам дека имам многу среќа. Зад мене стојат во ред сигурно илјадници кои би ја сакала истата улога, но ја добивам јас. Мислам дека се работи за голема среќа", вели оваа неверојатна актерка, која само следната година очекува шест нови премиери.

Кај Џуди Денч изненадува распонот на улоги што таа ги добива и во сите е подеднакво уверлива. Кај Шекспир играше многу, ја играше кралицата Викторија, па кралицата Елизабета I, потоа ја играше слободоумната Арман во „Чоколадо", писателката „Ајрис" која има Алцхајмерова болест, па се до студената и енергична М, шефицата на Џемс Бонд.

„Шекспир! Ако имате време за него можам да зборувам до вечер. Но, ако му се вратам на театарот ќе загуби филмската индустрија (се шегуваше Денч, нагласувајќи дека британскиот и американскиот хумор се многу различни). Никој како Шекспир не може да пишува за љубовта, за алчноста, за љубомората, за зависта. Се вљубив во Шекспир од многу мала. Бев цело време во театрите и ги гледав сите претстави. Всушност, мојот брат сакаше да биде актер, а јас сакав да бидам театарски дизајнер. Но, сега мислам дека не би можела да работам ништо друго“, вели Денч.

(Целосното интервју со Џуди Денч ќе можете да го прочитате во утрешното печатено издание на „Утрински весник“)


#
Статијата е прочитана 158 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Пливачката од Јужна Африка стана принцеза
Насловна
Зошто Милошоски ја напушта кариерата?
Промоција пред настап на „Сунчане скале“
Згаснаа весниците „Време“, „Шпиц“ и „Коха е ре“
Златните модни години на Тито и Јованка Броз
Бидна сефтето со „Алтер его“
Собарката лажела за Доминик Строс-Кан
Невработеноста како апсурд
„Долнени“ привремено се сели во Прилеп
Црвенковски доби поддршка од делегатите
Неправилности во апсењето на Бошкоски
Времеплов на еден плоштад
„Фејсбук“ подготвува апликација за iPad
Ѓоковиќ е новиот крал на Вимблдон!
Економска моќ наместо воена сила?
Како е потрошено најголемото богатство во светот
Со Бранко тешко, без Бранко никако
Музејот на чоколадата најпосетен во Германија
Промовиран унифицираниот изглед на скопските такси возила
Ако се рози, ќе процветаат
Зошто мажите умираат помлади од жените?
Кличко ги обедини титулите во тешка категорија
Мртов скопјанец извлечен од бездна
Алфите уапсија лице барано по меѓународна потерница
Парите од ММФ го зголемија владиниот долг
Колективна оставка на Советот на честа на ЗНМ

"""