Број 3620  сабота, 02 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Ек��номија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Насловна








Site Meter

ЕДИТОРИЈАЛ

Невработеноста како апсурд

Маја Томиќ

Во земја со повеќе економски апсурди, уште еден апсурд. Невработените упорно се намалуваат иако во економијата не ни цветаат рози повеќе години. Тоа го потврдуваат податоците и од Агенцијата за вработување и од Државниот завод за статистика. Според едните, во мај годинава имало 315.472 невработени што е за 19 илјади помалку отколку истиот месец минатата година. Според другите, пак, во првиот квартал од годинава е измерена стапка на невработеност од 31,2 отсто и таа е за 2,3 проценти помалку од истиот период лани.

Само инвестициите се вистинска работа што носи нови вработувања, а оттаму и намалување на стапката на невработеност, прецизираат експертите. А, каде и какви се нашите инвестиции? Според официјалните податоци на Народна банка на Македонија, во првите три месеци во земјава влегле директни странски вложувања во висина од 204 милиони евра што е малку повеќе од износот на инвестиции остварен во цела 2010 година, 221 милион евра.

И што е нормално, Владата постојано со задоволство го потенцира тој податок и нагласува дека тоа е показател за раздвижување на нашата економија. Но, како и порано, се забошотува реалниот факт дека од вкупната цифра, околу 159 милиони евра отпаѓаат на акционерски капитал и реинвестирана добивка, додека остатокот се должи на заеми и на кредити што меѓу себе си ги одобруваат странските компании, чии фирми-ќерки веќе работат во државава. Притоа, од вкупната сума, 120,8 милиони евра биле акционерски капитал и реинвестирана добивка, а 27 милиони евра се одлеале како дивиденди на странски компании што работат тука, а парите ги испратиле во своите матични фирми во странство.

Да не испадне на крајот, има инвестиции, ама џабе ни се. Експертите посочуваат на економската логика дека новите инвестиции заедно со растот на производството и на извозот можат да донесат нови вработувања, а со тоа и автоматски пад на невработеноста.

Сега е многу важно да се види како работите ќе се одвиваат во наредните месеци. Имено, дали овие силни инвестиции ќе се движат во вистинската насока, како ќе се искористат, дали ќе се зголеми производството, дали ќе се зголеми бројот на вработени, дали за одредено производство веќе е обезбеден извоз, бидејќи во земјава нема побарувачка и слично. Со други зборови, на земјава и' се потребни инвестиции во нови производствени погони. Само така има економски развој и отворање нови работни места.

Во спротивно се подгреваат скептичните констатации што Агенцијата за вработување никогаш јавно не ги признава. Дека невработените се намалуваат најмногу како резултат на вештачкото бришење од списоците на сите оние што не се пријавуваат навреме. А, не затоа што нашле некаде работа.

Да потсетиме и на апсурдот од пред две години, кога секаде во светот се изгубија илјадници работни места поради кризата и, според Синдикатот, околу 20.000 вработени кај нас останаа без работа. И тогаш имаше пад на невработеноста. Во декември 2009 година Агенцијата регистрираше 341.295 невработени и таа цифра беше пониска од онаа во истиот месец 2008 година за 2.068 лица. Како и да е, според бројот на невработените, Македонија беше и уште долго ќе остане рекордер во европски рамки.


#
Статијата е прочитана 1226 пати.

Испрати коментар

Од: marika cair
Датум: 02.07.2011 00:10:15
ajde more vmro se majstori da ja obricat nevrabotenosta i se drugo...sega izmislija zakon preregestracija na nevrabotenite ce treba da trcat eden kup dokumenti da zbirat za na kraj da ne stasat ili da se otkazat od maltretiranje ionaka zavod ne nudi rabota pa za godina dve vmro ce prezentira nevrabotenost od 2%,site koi ziveat na selo gi smetat kako vranoteni,onoj koj raboti bilo sto 1 sat mesecno go smetat za vraboten...taka vistinskata cifra od 315000vraboteni za 5god je isminkaa na 650000...SPORED VMRO VO POSLEDNI 4GOD NEE REGISTRIRAN NI EDEN SLUCAJ NA PITAC....
Од: Nekoj
Датум: 02.07.2011 11:53:29
Nevraboteni ima, ama ima i mnoooogu vraboteni, koi se prijaveni kako nevraboteni, i zemaat socijalna pomos.Pak ke recam, eden kup se so bugarski pasosi, rabotat po stranstvo,site vozat avtomobili i istite tie se nevraboteni.Apsurd? ili Fikcija?
Од: Istocna Makedonija
Датум: 02.07.2011 13:43:10
Ne ima mnogu poveke nevraboteni od oficijalnata brojka sto se prikazuva.Vo agenciite,polupismenite sefcinja i administrativci se srekni koga od banalni pricini brisat od evidencija nevraboten(zadocnil den da se prijavi).Narodnata mudrost veli,stapot ima dva kraja i ne se siti na tugata nesreka!.No,nikoj da ne go snajde zlo kako ovie nad 400.000 nevraboteni vo MKD!
Од: dixi
Датум: 02.07.2011 14:09:22
Vo cel razvien svet se meri i vrabotenosta ! Prosto videte kolku lilca bile vraboteni lani ovaa vreme kolku se sega???? i za kolku od niv redovno se isplakaat plati? Dali e nevraboten lice koe vozi nova kola od 20000 $ i dali e vraboten nekoj na gradiliste ili sivalna koj ne zema plata i nema plateni pridonesi so godini?????Paradoks -
Од: seirdzija
Датум: 02.07.2011 14:24:09
Nekoj da ti dade gospod i ti so bugarski pasos da odis da rabotis,a toa sto go velis e tocno....eve na primer mojot komsija ide u Italija so Bugarski pasos vo berba na ovosje....a i avtomobil vozi....
Од: Tina
Датум: 02.07.2011 14:50:26
Dali vie zboruvate da vo Makedonija poveke nema nisto za rabote?, i da se e na mesto, i cisto i sredeno, taka da poveke nema sto da se poprava? Toa ne mi se veruva. Ulicite se aljkavi, svetlata po nokta site ne rabotat, grankite na drvja se za secenje oti se suvi, a centrite vo gradot deka se javni nuznici, smrdat. I vie ke mi kazite, nema rabota? Ima, ima, ama nema dobar organizator. Nekoj ne si ja raboti rabotata.
Од: goran
Датум: 02.07.2011 15:32:07
Toa NE NE UDARA u glava. site go vadat toa NE NE NE . NE vraboten. NE mozam da dojdam sega RABOTA IMAM> rabota si IMAL. pcelar pceli si IMAL ovcar ovci si imal. gostin gosti si imal, vraboten rabota si IMAL. dojdi kaj mene sega/ NE MOZAM RABOTA IMAM. ako imate nekoja NE mazena komsika od 30 40 50.godini NE MAZENA E OTI SVALER si IMALA. ulicata koga ja mines NE MOZES da pomines oti KOLA AVTOBUS ima .. NE MOZES DA POMINES oti COVEK IMA
Од: ivo
Датум: 03.07.2011 02:35:41
Mislam deka nevrabotenosta vo mediumite naglo ke porasne ! Zosto? Zatoa sto Partiite sogledaa deka se samoizglasuvaat i deka doagaat na vlast vo sekoja varjanta, pri sekakvi "somnitelni" finansiranja na kampanjite i na propagandnite masinerii vo mediumite! Obvinitelot ocigledno ne cita vesnici, ne gleda televizija, mediumite verojatno nesmeat da go prasaat nitu nego nitu Narodniot pravobranitel za toa kolku e legalno finansiranjeto ili kolku e legalno Partija da gi drzi ostavkite i politickite menici koi treba da se "protestiraat" vo odredeni situacii , a koi tezat po nekolku stotini iljadi evra! Pri vakva sostojba , partiite zaedno so svoite delegirani komunisti, pardon kolumnisti , i so po desetina novinari, mozat soodvetno da gi opsluzat svoite potrebi! Sto ke im se redakcii od po 40,50,60,70... novinari? Gledate kako se pragmaticni Partiite! ?

Најди! во Утрински
Насловна
Пливачката од Јужна Африка стана принцеза
Насловна
Зошто Милошоски ја напушта кариерата?
Промоција пред настап на „Сунчане скале“
Згаснаа весниците „Време“, „Шпиц“ и „Коха е ре“
Златните модни години на Тито и Јованка Броз
Бидна сефтето со „Алтер его“
Собарката лажела за Доминик Строс-Кан
„Долнени“ привремено се сели во Прилеп
Црвенковски доби поддршка од делегатите
Неправилности во апсењето на Бошкоски
Времеплов на еден плоштад
„Фејсбук“ подготвува апликација за iPad
Ѓоковиќ е новиот крал на Вимблдон!
Економска моќ наместо воена сила?
Како е потрошено најголемото богатство во светот
Денч
Со Бранко тешко, без Бранко никако
Музејот на чоколадата најпосетен во Германија
Промовиран унифицираниот изглед на скопските такси возила
Ако се рози, ќе процветаат
Зошто мажите умираат помлади од жените?
Кличко ги обедини титулите во тешка категорија
Мртов скопјанец извлечен од бездна
Алфите уапсија лице барано по меѓународна потерница
Парите од ММФ го зголемија владиниот долг
Колективна оставка на Советот на честа на ЗНМ

"""