Број 3620  сабота, 02 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Насловна








Site Meter

Промовиран унифицираниот изглед на скопските такси возила

03.07.2011, 13:35

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска официјално ги промовираа унифицираните ознаки за авто-такси превозниците во главниот град и ги доделија лиценците за авто такси дејност.

Такси–превозниците со ова ќе добијат унифициран изглед во надворешното обележување на возилата и внатрешниот изглед на возилото.

Секое возило добива унифицирана табла со натпис ТАКСИ и број од изводот од лиценцата, издадена од Град Скопје. Такси возилата ќе бидат видно обележени и со надолжни налепници, изработени од ретрорефлектирачка фолија (лесно забележлива и во темнина), заштитена од фалсификување со хо��ограм.

Во внатрешниот дел на секое возило унифицирано се поставуваат информации за извод од лиценцата на авто-такси возилото, легитимација на возачот и тарифа за наплата. Овие изводи со унифицирани димензии се поставуваат на пропишани јасно воочливи места за патниците на предниот кокпит на возилото.

„Со промоцијата на унифицираните ознаки за авто-такси превозниците стартува реализацијата на новиот концепт и организација на овој вид превоз на патници, утврден со Одлуката за авто такси дејност на подрачјето на град Скопје, донесена во октомври 2010 година, ќе стави крај на хаосот во такси превозот“, изјави градоначалникот Трајановски.

Град Скопје за изработка на ознаките за унифицирање (табли и налепници) за сите возила предвидени со Одлуката издвои 5.800.000 денари, од кои 3,8 милиони денари за таблите и 2 милиони денари за налепниците, а истите бесплатно се поделени на лиценцираните авто такси превозници.

Во овој дел околу организацијата на такси превозот, Град Скопје, согласно Одлуката, досега уреди 90 такси стојалишта и до крајот на септември ќе бидат уредени уште 45, со што ќе се обезбедат услови на нив да се стационираат околу 720 авто-такси возила.





#
Статијата е прочитана 613 пати.

Испрати коментар

Од: milos
Датум: 03.07.2011 20:31:34
Ne sum protiv sreduvnje na taxito ali sve se desi radi nekolku kompanii kaj koi rabotat luge za 150 evra 12 sati ... ali kaj ima sila nema pravdina znaeme site civi se tie taxi kompanii ....imam kum koj e 15 godini legalen taxsit i sega posle dogolgodisniot haos vo taxivo koga finaskiskata mok mu e oslabena radi neredot koj go napravi gradot vo proslite godini go stavi vo novi troskovi od nekoi si 700 evra .....plus farabneto na koli koi treba da se napravi do nova godina ...sve se sredi vo drzavaa pa dojde na red taxito

Најди! во Утрински
Насловна
Пливачката од Јужна Африка стана принцеза
Насловна
Зошто Милошоски ја напушта кариерата?
Промоција пред настап на „Сунчане скале“
Згаснаа весниците „Време“, „Шпиц“ и „Коха е ре“
Златните модни години на Тито и Јованка Броз
Бидна сефтето со „Алтер его“
Собарката лажела за Доминик Строс-Кан
Невработеноста како апсурд
„Долнени“ привремено се сели во Прилеп
Црвенковски доби поддршка од делегатите
Неправилности во апсењето на Бошкоски
Времеплов на еден плоштад
„Фејсбук“ подготвува апликација за iPad
Ѓоковиќ е новиот крал на Вимблдон!
Економска моќ наместо воена сила?
Како е потрошено најголемото богатство во светот
Денч
Со Бранко тешко, без Бранко никако
Музејот на чоколадата најпосетен во Германија
Ако се рози, ќе процветаат
Зошто мажите умираат помлади од жените?
Кличко ги обедини титулите во тешка категорија
Мртов скопјанец извлечен од бездна
Алфите уапсија лице барано по меѓународна потерница
Парите од ММФ го зголемија владиниот долг
Колективна оставка на Советот на честа на ЗНМ

"""