Шарлин Витсток
Пливачката од Јужна Африка стана принцеза
Иако главната причина за женидбата на принцот Алберт се наведува можноста дека ако набрзо не добие наследник, Монако ќе и' припадне на Франција, дводневната кралска венчавка е една од најгламурозните во оваа деценија. Не можеа да ја расипат ниту злобните гласишта. Сепак, грдиот трач што осамна во француските медиуми претходниве денови, го расипа идиличното сценарио.
Принцот Алберт Втори синоќа и' кажа „да“ на својата јужноафриканска пливачка Шарлин Витсток, а целото кнежевство се надева дека наскоро ќе добие и легитимен наследник. Извештаите дека Шарлин се премислила и дека е под голем прашалник нејзината волја да се омажи, ги шокираа официјалните лица, но и жителите на Монако. Имено, невестата, наводно, разбрала оти Алберт не е тој за кој се претставува, дека има мрачни тајни и дека купила билет во еден правец за Јужна Африка, но дека полицијата ја пресретнала во Ница и се вратила во „златниот кафез“. Се споменува дека вистинската причина за скандалот е уште едно вонбрачно дете на Алберт.
Алберт има две вонбрачни деца со други жени, а ако не направи легитимен наследник на семејството Грималди, Монако би требало да биде присоединет кон Франција и да ја изгуби територијата што ја има од 1297 година.
Претставниците за печат на палатата се огласиле со соопштението: „Овие гласишта немаат друга цел, освен да и' наштетат на репутацијата на монархијата“. |