31.08.2010, 17:56 Репресираните Бугари се множат како печурки
Репресираните Македонци со бугарски пасоши се множат како печурки по дожд во земјава, па по паѓањето во заборав на Спаска Митрова, се вади од нафталин случајот со Мирослав Ризински, еден од неформалните лидери на декларираните Бугари во Македонија. Деновиве група бугарски јавни личности, бизнисмени, научници и културни работници испратија отворено писмо до државниот врв во Софија, барајќи да го стави под заштита Ризински, кој бил жртва на политичка репресија и монтиран корупциски случај во нашата држава. Вчера се огласи по истиот повод и Културниот центар на Бугарите во Македонија, практично еден ден пред одбележувањето на годишнината на Тодор Александров и пред најавеното доаѓање на радикалот Красимир Каракачанов. Ризински, кој бил член на партијата на Доста Димовска, во 2007 година бил уапсен за земање 6.000 евра мито, но во јавните апели се тврди дека бил наместен и дека неговата вистинска вина е што бил силен заштитник на бугарската самосвест во земјата и еден од организаторите на одбележувањето на годишнината на Мара Бунева што заврши со тепачка.
Директна причина за реакцијата, наводно, е фактот дека македонското Министерство за правда одбива да и' го предаде Ризински на бугарската држава, па веќе издржал половина од затворската казна. Како и во случајот со Митрова, во реакцијата се користат оцените на ЕУ, на Стејт департментот и на Советот на Европа за судството во Македонија за да се тврди дека процесот против Ризински бил пристрасен иако под превезот на независно судство. „Според Уставот, секој бугарски државјанин, каде и да се наоѓа, е под заштита на Бугарија и не може со леснотија да биде предаден на друга држава за кривично гонење“, стои во реакцијата до официјална Софија, иако прашањето може да се постави и обратно, бидејќи Ризински има бугарско, но и македонско државјанство. (Н.Р.) |
|
Стат��јата е прочитана 3719 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Димитар, 01.09.2010 00:24:17 | За добро упатените е повеќе од јасно дека процесот против Мирослав Ризински и Зуди Џелили е чиста полициска конструкција на антибугарска и антиалбанска основа. Како е можно обични државни службеници без никакви овластувања за потпис да се судат како министри? Како е можно да се судат двајца луѓе за организиран криминал, кога во законот стои дека за тоа се потребни минимум тројца луѓе? За какво независно судство зборуваме, кога Ризински и Џелили беа осудени од Филимена Маневска, сопруга на министерот за правда, Михајло Маневски? |
| Сергеј, 01.09.2010 00:26:37 | Нашиот источен сосед си има стратегија: преку СОЗДАВАЊЕ на „свое“ малцинство во Р.Македонија, да стигне до таа состојба да и самите Макдонци во сопствената земја станат малцинство. А што ќе биде понатаму, знае секој кој ја знае судбината на Пиринска Македонија. ( http://otpor.log.ph ) |
| Снежана, 01.09.2010 00:43:52 | Добра теза поставува новинарот, но сметам дека прашањето не може да се постави обратно. Сепак треба да се земе предвид дека Бугарија е полноправен член на ЕУ, а Македонија не е. Македонија се уште треба силно да работи за искоренување на партизацијата и политизацијата на судството. И никој не може да го убеди Брисел дека судскиот систем ни е добар се додека се монтираат процеси против граѓани на етничка или религиска основа. Тоа е дискриминација која нема место во ЕУ. |
| Ilija, 01.09.2010 01:02:06 | Za kakva tepacka gospoda zboruvate? Toa sto se sluci vo januari 2007 na panihidata na Mara Buneva bese organiziran napad na banda od 50 huligani vooruzeni so bezbol palki i kameni. Vo koja normalna drzava vakov napad vrz nevini gragjani se kvalificira kako tepacka? Tie banditi nikogas ne bea identificirani, kazneti i izneseni pred liceto na zakonot. |
| DX, 01.09.2010 01:10:39 | Site lica koi imaat po dve drzavjansta se obvrzani da go pocituvat zakonot vo zamjata vo koja se naogjat. Ako ne na tie sto imaat bg drzavjanstvo da im se odzeme Makedonskoto pa neka se vodat kako emigranti, so sto zakonot vo mk bi bil na sila prema niv i posle odlezuvanje na kazna pogolema od edna godina da bidat deportirani vo bg so zabrana za vlez vo mk od nekolku godini. So ova frustracijata ke im pomine. |
| pameten, 01.09.2010 07:13:00 | Ako ima futbalski mech megju Makedonija i Bugarija site Makedonski Bugarij kje navivat za Makedonija (site Makedonski Albanci kje navivat za Albanija, site Makedonski Srbi kje navivat za Srbija...) Makedonskite Bugari se pred se Makedonski patrioti. Se sho tie sakat e da se oslobodi Makedonija od "naukata na okupatorit", da se objavjat jasno i glasno Bugarskite korenja no i posebnata evolucija na Makedonskiot narod za poslednive deceni. Ako ovo ne se sluchi mnogu deca, koga ja nauchat istoriskata vistina kje se se objavuvat za Bugari, iako da ne znaat koi se Botev i Levski. Represii i oceni nema da gi soprat. Makedonskata nacija mozhe tragichnoda se podeli ... |
| xxL, 01.09.2010 08:03:03 | Pod hitno da se donesi zakon protiv dvojno drzavjanstvo. |
| Milan, 01.09.2010 08:26:32 | Sozdavanjeto na golemo Bugarsko malcinstvo vo Makedonija e posledniot udar(i najopasniot) za drzavava. Veke vo momentov Makedoncite vo Makedonija se edvaj nesto okolu 50% od naselenieto, ostanatata polovina se pretezno muslimani(Albanci,Romi,Turci,Bosanci,Makedonci-Muslimani),pa ako se postigne na popisot Makedonskoto naselenie da se spusti na ispod 50% vo drzavava, togas veke nema svrha imeto na drzavata da zavisi od "malcinstvo". Togas ke imame povtorno redefiniranje na drzavata Makedonija kako zaednica na razni narodi,bez nacionalno obelezije cija e drzavata. Grcite ova i go cekaat, toa i za niv e poslednoto oruzje(atomska bomba). |
| Дете бегалче - во сопствената земја, 01.09.2010 08:39:24 | Интересно е што меѓу таквите злоставувани се изјасни и Владимир Перев,еден од оснивачите на друштвото на загрозени патриоти„Радко“!Иако син на Бугарски Кмет,тој се школувал во Социјалистичкото општество (на сметка на СРМ),се вработил во претпријатие (продуцент во МРТВ,поточно РТВ Ско��је) во кое не можеше да се припари (ако не си подобен) бидејќи имаше Специјален Отсек за Безбедност!Ги користел сите благодети на општеството (кое „континуирано го загрозувало“),претпоставувам дека си добил и Општествен стан!Истиот остварил и право на пензија...Но,ете,отсекогаш се чувствувал загрозен,бидејќи „едвај чекал да пропадне Југославија“за да му дојдат неговите...па да си ги оствари сите права!Списокот можеби ќе го прошират и на бившите министри и директори,на кои,ете каква неправда,им беше сместен лоповлук-парите им ги ставаа во џебот,им нудеа и доделија имоти и фирми,па мораа да бегаат од државава! |
| Јован АН, 01.09.2010 09:22:50 | Па зарем требаше и слика да му објавите?!?Многу медиумска важност е тоа што ги тера овие изроди да ја блатат својата татковина. |
| ivan, 01.09.2010 09:46:45 | Srbskite agenti vo Mk ne se patrioti... dosta so tie akcii - "tepacka" i sl. Sramota... 20 godini posle Yugoslavia, ne sme samostojni od severniot sosed. |
| we ri tas, 01.09.2010 09:48:31 | Od komentarive se gleda deka vo makedonija ima makedonci koi se cuvstvuvaat bugari.Aku e toa tocno drzavata treba da im uskrati dvojno drzavjanstvo,pa da se definitivno dolucat sto se.Vaka kako da sedat na dva sytola. |
| miki, 01.09.2010 10:58:12 | ma, super, otkako i vestacki ke se namnozat bugarskata drzava so pravo ke izleze pred EU da kaze deka vo makedonija ne ziveat makedonci tuku blgari. neli, so blgarski jazik, spored brojot na izdadenite bugarski pasosi....pa, sega makedoncinja prodolzete so predavstvoto....za sitni pari....za avtomobilite, za Chernoto more, za cuski i frenki.....sram da vi e !!! i, mara buneva od grob da stane ke vi se izraduva na takvite. ma, haos ste!!!!! |
| terezija, 01.09.2010 11:29:19 | Ni mene ne mi e dobro vo ovaa i vakva Makedonija a daleku e da se pomene i zborot ubavo - pogotovo otkako dojde na vlast momentalnata vladeachka garnitura. No, ni na kraj pamet ne mi padnalo ,za taa cel da baram ili nedajboze dobijam Bugarsko drzavjanastvo.Ne mozam da kazam za sebe deka se precenuvam no ispod sekakvo dostoinsyvo mi e da manipuliram ITOA BASH so B'lgarsko drzavjanstvo...A znaete zoshto??! Ne bi sakal da se vklopam vo "mileto" odnosno gnasnite -predavnichki igri na laznite "Patrioti" kako kalfata na Ljubcho,Prem.N.Gruevski koj e zadolzen da go dovrshi ZACRTANOTO (odnosno-DOGOVORENOTO) za realizacija na zagovorot za Golema B'lgarija... I seushte ne sum siguren dali site koi ja podrzuvaat ovaa 70% Bugarofilska Vlada -dali svesno i samite se podrzuvachi na taa varijanta ilipak (moe mislenje ) gi drzat vo zabluda i ne se svesni za konechniot katastrofalen izhod po nashata tatkovina i nacionalen identitet... |
| bg, 01.09.2010 11:59:55 | Југославија ја нема 20 години и законот за македонската чест кои осуда на затвор секој што се дефинира како Бугарин, исто така, го нема, и доаѓа ред на сите србомани / и господ нема да им помогне / кои малтретират македонските Бугари |
| Проф. Жарко пд Злетово, 01.09.2010 12:10:38 | Читам, читам, убаво пишува:КУЛТУРЕН ЦЕНТАР НА БУГАРИТЕ ВО мАКЕДОНИЈА! Ама, мене,пак, нешто не мие до крај јасно. Ајде ЦЕНТАР може да има кога има толку ИНСТИТУТИ (Шатев, Чуповски итн.) ама од кај ја ископаа таа КУЛТУРА? |
| од мене, 01.09.2010 12:51:26 | Една од најголемите заблуди во македонското општество е дека македонските Бугари по дефиниција работат против државата Македонија. Напротив историскта вистина зборува дека токму идејата за независна Македонија како и најголемите и најискрени борци за независна, демократска, економски просперитетна и евроатлантски ориентирана Македонија се токму македонските Бугари. А кој како се етнички се чуствува е едно од соновните демократски права, апсурдно е едно демократско општество да го ограничува или репресира некој по таа основа. Вистинското прашање дали некој го почитува правниот поредок на една земја и дали правниот систем на една земја ги третира еднакво своите граѓани. Така да се е легитимно додека не се нарушуваат законите на една земја. |
| Тони, 01.09.2010 13:46:05 | Поради вакви и поради оние што ги слават Александров, Михајлов и Бунева, на Македонците ќе почне да им се гади од самиот збор Бугарин. Тоа не е добро за никој. Бугарите веднаш во Бугарија, Србите во Србија!!! Тоа ќе биде добро и за Македонија и за Бугарија и за Србија. Ние ќе се ослободиме од оние кои цел живот ги уживаат благодетите од моменталната политика. Денес оние што се претставуваат како бугари кои биле „потлачувани“ во Југославија, токму во таа Југославија ги имаа најголемите привилегии. Истото е и во самостојна Македонија! По потреба: , Македонци, Срби, Бугари, ројалисти, либерали, комунисти... СЕ ЕДНИ ТЕ ИСТИ!!! До кога? Таквите се срам за сите три народи!!! |
| Душко, 01.09.2010 13:52:56 | Целосна поддршка за Мирослав Ризински! Човекот е осуден во монтиран политички процес, тоа е јасно и за малите деца. Случајот се разгледува во детали и во Брисел и најдобро за оваа власт е да ги отфрли сите обвиненија против Мирослав. Никој од нас нема намера да биде заложник на крвавата политика на Груевски и Маневски, и да останеме во третиот свет со Иран, Либија, Северна Кореја. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 16°C
Претежно облачно
|
Четврток
Обилни врнежи
Макс: 21°C, Мин: 6°C
|
Петок
Сончево
Макс: 22°C, Мин: 9°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз - Титова Совладетелка (4)Хрушчов го викал Тито социјалистички цар. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“ |
|