Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
18.09.2012, 18:21

Мислења

Министре, знаете ли што е синдикат?

Нано Ружин

Во 2012 година македонските синдикати ја доживуваат најголемата декаденција од нивното постоење со својата молчаливост и зависност од власта

На чудата и на аномалиите во Македонија им нема крај. По непромисленоста на ДПМНЕ со законот за бранителите и издејствуваната поддршка за него од страна на опозицијата, поглаварот на МПЦ речиси фрли анатема врз сите оние што во 21 век не верувале во катехизмот или верското учење, проблем со кој современа Европа расчисти уште пред 200 години за време на просветителството и рационализмот. Не е потребно да се биде верник за да се почитува вековната улога на МПЦ, значењето на светите браќа Кирил и Методиј, на Климент и Наум. МПЦ е составен дел на нашиот идентитет и го заслужува респектот на секој Македонец.

Меѓутоа, Македонија во Уставот од 1991 година се прокламира за секуларна држава и тоа функционира повеќе од две децении. Разбирливо е што македонските црковни великодостоинственици имаат целосна слобода во нивното духовно дејание, но е исклучено нивното зафаќање во световната власт и политиката. Тоа, впрочем, и не им треба, бидејќи политиката е поле на големи гревови кои политичарите ги прочистуваат и покајуваат преку идолатријата кон верата повеќе заради гласачкото тело отколку поради убедувањето.

Но, и покрај таквите манифестации, видливи се нивните газења на верските принципи, нивните лаги и остри зборови за политичките ривали. Овој старо-нов вид на партиски милитаризам продолжува и во невладиниот сектор и на провладините телевизии преку антикампањата спрема опозицијата. Нема сомнение дека оваа есен на ДПМНЕ не му оди. По меѓуетничкото имброглио, економското фијаско и бриселската опомена, владејачката партија како да живее во паника и го губи компасот. Организира сопствен „Аман“ наречен „Изгор приватизација“, каде што протестираат симпатизери и членови на партијата против ЕВН, иако на сите им е јасно дека главните профитери се ЕЛЕМ и МЕПСО, кои од вишокот пари почнаа да се занимаваат со уредување на зградата со лавови и барок глазура, да инвестираат во зимски спортски центри во Крушево, на Пониква, Галичица. За тоа време Австријците од ЕВН немаат големи сатисфакции од нивниот ЕВН-пакет откупен од владата на Бучковски. Денес настојуваат преку „Изгор...“ да се потсетат на романтичните денови од 2005 кога протестираа поради приватизацијата, но на некогашната хит-парада гледаме само неколку ислужени дпмнеовци и толку.

Партијата продолжува со лажниот хуманитарен маркетинг со единствена цел да ја неутрализира „Аман“ и да го насочи незадоволството на јавното мислење кон опозицијата. Во тоа се прават и грешки во чекори, а посебно внимание заслужуваат настаните во здравството. Анализирајќи ја реакцијата на министерот Никола Тодоров, се наметнува дилемата дали навистина во ДПМНЕ немаат познавања за синдикалните права или се работи за исклучиво непознавање на министерот.

По најавениот штрајк на Синдикатот на здравството, „свесните партиски докторски сили“ создадоа уште три нови синдикати кои се изјаснија против штрајкот, а министерот Тодоров се закани и со тужби, притисоци, откази кон непослушните. Дали може некој да му помогне на министерот за да го протолкува Уставот и синдикалните права, меѓу кои се издвојува правото на штрајк. Синдикалното движење не е нов феномен. Тоа настанало во втората половина на 19 век како израз на незадоволство на работниците од времето на дивиот капитализам, кога откажала невидливата рака на Адам Смит и довела до социјална напната поларизација во општеството меѓу екстремно сиромашните и богатите и потребата од поголема социјална правда. Синдикатот и денес е едно здружение во кое се здружени физички и морални лица за одбрана или управување со нивните заеднички интереси на национално ниво или на ниво на претпријатие. Синдикатот ја организира одбраната на интересите на вработените кои се заштитени и со синдикално законодавство и се манифестира при секој обид на власта да имплементира нови законски одредби во оваа чувствителна материја.

Заради зачувување на сопствениот идентитет, синдикатот се професионализира со цел да ја зајакне независноста во однос на државата. Синдикатот ги организира вработените, со цел поуспешно да се спротивстави кон патронатот кој, исто така, се организира во синдикат. Во Македонија така организираниот патронат се нарекува Стопанска комора, Сојуз на стопански комори кои се поблиску до власта и имаат цел да ги бранат интересите на работодавците. Синдикатите на вработените и на работодавците се во постојана битка и судири. Тоа е нивната природна состојба, бидејќи вработените постојано бараат поповолни решенија во доменот на платите, условите на работење. Работодавците или патроните секогаш се спротивставуваат на овие ревандикации.

Во општествената терминологија тие се нарекуваат и социјални партнери.Третиот социјален партнер е државата. Таа бдее врз социјалниот мир и настојува да го канализира дијалогот меѓу работодавците и вработените. Синдикатот е и актер на социјалниот дијалог. Тој ги прифаќа сите форми на дијалог, консултации, размена на информации со претставниците на работодавците или државата. Кога државата се појавува како работодавец, како што е случај во јавниот сектор, тогаш и таа се претвора во патронат и социјален партнер кој е спротивставен со интересите на синдикатот. Доколку работодавецот нема намера да реагира позитивно на барањата на синдикатот, како што е случај со нашиот министер за здравство, тогаш синдикатот може да го активира правото на штрајк кое е уставно загарантирана категорија. Дури и во поранешна Југославија, правото на штрајк не беше забрането, а забележан е и најдолгиот штрајк на работниците од „Иднина“ во Кратово.

Кога синдикатот се повикува на штрајк, ниеден политичар не смее да им се заканува на штрајкувачите, бидејќи на тој начин го нарушува уставното право на граѓанинот. Напротив, министерот може да биде тужен и да одговара и кривично и политички за искажаните закани кон синдикатот. Новосоздадените синдикати во доменот на здравството се изјаснија дека биле против штрајк, но за спроведување на реформите во здравството. Доколку таквите желби и цели ги искажуваа во времето кога Синдикатот за здравството се изјасни за штрајкот, можат и да се прифатат како вид синдикална фракција. Но, да се конституираат набрзина со цел да се релативизира штрајкот се вика штрајкбрехерство. Тоа се заплашени, корумпирани или партиски дисциплинирани луѓе и кариеристи, кои и покрај одлуката на Синдикатот, продолжуваат да работата или не прифаќаат да штрајкуваат.

Затоа треба да се поддржи храброста на македонскиот Лех Валенса, водачот на синдикалниот отпор, д-р Ставриќ, кој смогна сили да го изрази своето демократско синдикално право, притоа придржувајќи се кон познатите правила на штрајкување во јавниот сектор. Власта знае и се плаши од масовните незадоволства, особено во здравството, кое има голем влијание врз мислењето на граѓаните.

Во 1940 година во својот последен напис пред да биде елиминиран од страна на агентот на Сталин, Леон Троцки запишал дека приближувањето на сидникалните организации и нивната соработка со државната власт е најголемата декаденција во изигрување на правата на вработените. Во 2012 година македонските синдикати ја доживуваат најголемата декаденција од нивното постоење со својата молчаливост, зависност, недостојна зависност од страна на власта против која треба да ги бранат правата на вработените. Навистина, чудна земја сме.

(Авторот е универзитетски професор и член на ЛДП)

Наш став



Објавувањето колумни и мислења од надворешни автори е одраз на намерата на „Утрински весник“ да биде влијателен глас на заедницата. Но, напоменуваме дека не се согласуваме секогаш со ставовите што ги изнесуваат нашите колумнисти, особено кога станува збор за лични дисквалификации, етикетирања без основа и извртување на контексти со цел да се наштети на други личности од која било сфера. „Утрински весник“ се оградува од таквиот речник и конотации и ги смета за непримерни во јавната комуникација.


Статијата е прочитана 3391 пати.

Испрати коментар



Писма - За увозот на пченицата
Писма - Лустрацијата ќе создаде нови страдања
Зависници од успех
Збогум, Европо
Три против еден



aleks, 19.09.2012 00:40:59
CUDNA? Antizemja sme nie . Alisa vo zemjata na cudata.
cane sokolovski, 19.09.2012 05:36:16
Vo toa monstruozno, ednoumno komunjarsko opstestvo rabotev vo golema fabrika. Eden den, nezadovolni od platite otidovme na strajk. Strajkot traese samo eden den - gi prifatija site nasi baranja. Toa ednoumno opstestvo bese raj sporedeno so ovaa quazidemokratija!
Нано, го знаеш ли синдикатот на Муратовски?, 19.09.2012 07:53:51
„Во 2012 година македонските синдикати ја доживуваат најголемата декаденција од нивното постоење“??? Очигледно во 2002-та Нано Ружин се шетал низ Бриселските улици и не ја видел таа срамота од синдикат во времето на Муратовски.
kris, 19.09.2012 07:54:28
Не знае........ да знаеше нема да беше Министер??????? Сепак се работи за детиште.........
Istocna Makedonija, 19.09.2012 08:04:06
Profesore,dobro znaete deka ova ne e Amerika i deka ovde se vedi glavata i koga se jade leb i sol, kakva li koincidencija so imeto na nasiot kulten muzicki sostav.Oti,imalo i poloso,velat starite.ako snema leb i solIA,genijalniot H.Miler,neka bide 100 reprizirano ,napisal:,,Ima edna rabota polosa od smrtta,GLADOTI Zatoa e i apsurdot,kaj nas,sindka tite da se privezoci,poltroni i vo sluzba na vlasta.Na nasa tragedija,i po 100 ti pat treba da se gleda kul tniot film ,,Na dokovite na Njujorkso briljatniot Marlon Brando.Kako naravonaucenie,za poukaI
Hari, 19.09.2012 08:07:23
Vo normalna drzava ima sindikat i e svetinja a vo nasata drzava poslednite 6 godini ima sindikat koj e ispostava na Vlasta, a vo zdravstvoto Ljubisa e vladin covek koj raboti na krsenje na pravata na doktorite , kako clen na Upraven odbor na ministerstvoto za zdravstvo. No vo ovoj slucaj ministerceto si ima rabota so nad 1000 gnevni doktori od cela Makedonija.....
девичанецот, 19.09.2012 08:36:56
Професоре, Од експерт за НАТО, станавте преку ноќ експерт за синдикатите. Никој никаде не може да го спречи правото на штрајк. Но тоа мора да биде регулирано, навреме најавено и да се одржи во време и место согласно планот за штрајк, без да ги нарушува егзистенцијалните потреби на населението, безбедноста и животот на граѓаните. Ајде ти на Запад било каде, ете да не речам во Англија и САД, штрајкувај си без најава, без тоа да кажеш дури и колку луѓе ќе учествуваат на штрајкот, без да ги почитуваш правилата за штрајк, па ќе те видам како ќе поминеш. Или не дај боже да блокираш со штрајкот некоја сообраќајница, како кај нас што си правеа со блокади на патиштата....Самиот виде како поминаа тие што ја означија годишнината на Блокирај го Волстрит..па да дискутираме после.
Vinci, 19.09.2012 11:13:50
Nema sto da dodadam na napisanoto, avtorot kaza realno i konkretno kako sto treba, samo ke odgovoram na prasanjeto vo zaglavieto na tekstot.Ministerot koj se gleda bajagi *umen*, a i od pravna gledna tocka se razbira mnogu dobro znae koja e ulogata i funkcijata na sindikatot vo zastita na rabotnickite prava!!??, megutoa kako i mnogu drugi sistemski procesi i raboti vo drzavata pod ovie denesni vlastodrsci, koi sto se totalno izmesteni, za nego normalno ke da e vlasta formira ne eden, tuku sto i eden sindikat, samo da go isteraat nivnoto, gazejki gi osnovnite rabotnicki prava regulirani vo zakonite i Ustavot.P.S.Na bagrata naemnici od *Izgor privatizacija* bi im preporacal da ne se blamiraat, zasto takvite i na niv slicni (se razbira vo produkcija na vlasta), normalniot svet odamna gi procital......
Глава, 19.09.2012 11:45:08
За жал, смешните скечови од Монти Пајтон со оваа власт кај нас станаа реалност. Се е извртено. Ненормалното е нормално, а нормалното ненормално. До кога така ?
dedo dimo, 19.09.2012 11:53:57
Mnogu lesno e da se kritikuva.Prvo za vreme na Komunizmot nemashe pravo da go spomnish zborot shtrajk, ako toa go napraveshe ,ke ti gi napravea plekite pomeki od stomakot.Drugo ako pretprijatieto ne praveshe promet od kade pogolemi plati ?.treto za da vi dadat podoba plata morate poveke proizvotstvo da pravite ili so pomalku luge istoto da go pravite .chetvrto e a dali ke se soglasite nekoi luge da e izgubat rabotata za drugite da imaat pogolema plata .Da se razberime ,sega e skoro sve privatno i privatnicite sakaat naravno da pravat zarabotka a ako ne pa zoshto da drzat firma.
gjoko, 19.09.2012 12:01:54
Nano , izlezi na ulica Makedonija,ili tamu si vekje, Japonci so kameri ja zaposednaa , neznam po koj povod , nema kineska ambasad tamu.
Нано, го знаеш ли синдикатот на Муратовски?,, 19.09.2012 12:04:13
Абе, Нано никаде не го анализира синдикатот на Муратоски значи неговиот став не го знаеме. Тој вика дека овој синдикат од 2012 е најсрамен од сите синдикатати досега јас би рекол и од Социјалистичките. За тебе вазно е дали синдикатот на Муратоски бил срамен. Ево јас викам дека тој Синдикат беше многу срамен, ама сега зборуваме за овој 2012 и за појавата која е новина во светот и за која сите се смеат а е иницирање на контра сибдикати од страна на владата. Ако ова на вас ви се бендисува бујрум, ама во тој случај не знам дали е нормално тоа.
BitolaHamiltonCanada, 19.09.2012 19:08:40
DO DEVICANECOT,Abe ti DEVICANEC si bil golem ekspert.Ne preku nokj ekspert,tuku preku den i nokj ekspert.Profesorot mozi voda da ti nosi.Ubava lekcija mu odrza kako treba da se shtrajkuva.Umno velish, shtrajkot mora prethodno da bidi reguliran,oti ako ne e,Ministerot ke go zabrani.Osnovna rabota, a Profesorot ne ja znae.A vidi chudo,Profesorot bez da gi znae ovie tvoi ekspertizi,pishuva za d-r Stavrich deka go izrazil svoeto pravo na shtrajk,PRIDRZUVAJKI SE KON POZNATITE PRAVILA NA SHTRAJKUVANJE VO JAVNIOT SEKTOR.Vidi majkumu,Profesorot sepak znael neshto.......Ako de ako,prosteno ti e,se pravat graski.
Волкот овчар, 19.09.2012 21:41:04
Закакви синдикати се зборува во јавните претпријатија? Директорот седнува во фотелјата и го повикува својот пулен и го назначува за председател на синдикатот честопати и без да има барем и виртуелни избори со лажни противкандидати. Со вакви синдикати нема работнички просперитет, ако имаш забелешка или проблем тогаш и трудовата инспекција не е моќна бидејки за јавните претпријатија немаат ингеренции и те препраќаат кај некоја си владина институција за да те посоветуваат дека ако интервенираат ќе имаш поголеми проблеми бидејки суверено право на работоводителот е за се тој да одлучува..... Тешко на тој што ќе западне во неволја, да не си му во кожата, а синдикатот се знае со лажни убедувања само ќе ти дава лажни надежи дека ќе се исправи неправдата.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 22°C

Претежно облачно

Четврток
Обилни врнежи
Макс: 21°C, Мин: 6°C

Петок
Сончево
Макс: 22°C, Мин: 9°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (4)
Хрушчов го викал Тито социјалистички цар. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Расте влијанието на салафистите по Арапската пролет
Растечкото влијание на ултраконзервативни салафистички групи, кое следеше по Арапската пролет, е предизвик за умере...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |