Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
18.09.2012, 14:48
Филе прецизира: Имате проблем со Бугарија



Од СДСМ велат дека Филе видел прогрес зошто му е задача како еврокомесар за проширување да шири оптимизам

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе за Радио Слободна Европа прецизира дека новиот проблем се односите со Софија, бидејќи во Унијата сe почесто слуша за комплексноста на односите на Македонија со Бугарија.

„Нема дистинкција, сите соседи се важни за земјата кандидат, за земјата која сака да се приклучи кон Европската унија. Случајот со Грција е очигледен, тоа е прашањето за името кое треба да се реши. Дополнително на тоа, сe почесто слушам за комплексноста на односит�� со Бугарија. Слушам голем број изјави од бугарски претставници кои се осврнуваат врз проблемите во односите меѓу Софија и Скопје. Тоа треба да се реши, тоа треба да биде водено од политичарите од двете страни. Политичарите од двете страни ја имаат одговорноста. Патот кон ЕУ минува низ добрососедските односи и ако сакате да станете добар член на Унијата,  единствен можен начин е во исто време да стaнетe добар сосед“, изјави Филе.

Прашањето за добрососедските односи досега не беше дел од дијалогот и еврокомесарот во Скопје најави дека за првпат се отвора и тоа прашање. Во интервјуто Филе истакна дека патот кон ЕУ минува токму низ добрососедските односи и дека тоа е еден од основните копенхагеншки критериуми, кои секоја земја-членка мора да ги исполни, затоа што Унијата сака да се прошири со нови членови, но не сака да ги увезе и нивните билатерални проблеми.

Иако овој аспект од посетата на еврокомесарот беше најударен за медиумите во Македонија, реакциите на политичките партии сепак се вртеа на домашни теми, а пред се околу оценката - не фалеше или не еврокомесарот, т.е. има ли според него прогрес или не во реформите. Од СДСМ изјавија дека како партија не се изненадени од изјавите на Еврокомесарот Филе, бидејќи како комесар за проширување на Европската Унија „тој е задолжен да шири оптимизам кај земјите кои сакаат да станат полноправни членки на ЕУ“.

„ Да не ги заборавиме и изјавите на највисоките преставници на ЕУ чија улога е да не соочуваат со реалноста.Жалиме што наместо порано, Владата во последен момент се обидува да ги исполни задачите од дијалогот, притоа задржувајќи се многу повеќе на формата отколку на содржината. Во јавноста затоа се создава впечаток дека предпристапниот дијалог е многу повеќе формален отколку суштински имајќи предвид дека токму најважните и суштински препораки на ЕУ не се имлементирани во предложените закони, а за жал се нотира само нивното формално поднесување“, оценија вчера од СДСМ.Како пример го наведоа Извештајот за имлементација на рамковниот договор, кој е набројан како постигнување, а денес во Македонија , според оваа оценка, меѓуетничките односи се на најлошо можно ниво во последните шест години.

„Поднесените измени на Изборниот законик не ги содржат суштинските препораки на ОБСЕ и ОДИХР, ниту пак декриминализацијата на клеветата и навредата не можат да бидат замена за очигледниот недостаток на слобода на медиумите. Очекуваме ЕК во наредниот период внимателно ќе ги следи политичките случувања во земјата во контекст на исполнување на критериумите за нашите евроатлански интеграции“, порачуваат од СДСМ. (Н.Р.)



Статијата е прочитана 2871 пати.

Испрати коментар



Штрајк на лекарите, сепак, ќе има
Меркел - ЕУ е во криза, но вратата за Западен Балкан е отворена
ДУИ блокираше владин закон
Воените ветерани ќе маршираат за мир
За 10 отсто намалена цената на огревното дрво
Ховит и Бејта се разидоа околу преименувањето на училиштата
Сопственикот на „Зара“ забележа зголемен профит
Компјутерски криминал причина за блокирање на аукцијата на МВР
Пензионерите и во сабота ќе се возат бесплатно во ЈСП
Обвинителството ќе истражува кој стои зад албанските химни
Филм за убиството на Бин Ладен
(ФОТО) Татко и син избодени со нож во Ѓорче Петров
Повторно одложено судењето против полицаецот Трифуновски
Карикатурите на Мухамед распродадени за еден час
Француската полиција упадна во редакцијата на „Клозер“
Горан Устијановски нов капетан на Капетанијата во Охрид
Владата определи минимална цена на надоместокот за сметководители
Укината забраната за движење низ шумите
Спорот меѓу Бугарија и Македонија заглави во „Трето полувреме"
Аврамопулос до ОН - Работете, не набљудувајте!
Кремљ ја прекина активноста на УСАИД во Русија
Oтворена 67. сесија на Генералното собрание на ОН
Ховит денеска и утре во Македонија
Обама „изненаден“ од гафот на Ромни
(ВИДЕО) Срѓан Керим за претседавањето на Јеремиќ во ОН
Дипломатскиот кор дегустираше македонско вино
Се буди вулканот на Санторини?
И Грција подготвува нова стратегија
Две полицајки убиени во Манчестер
Рамковниот договор изгубен во преводот
Граѓаните ќе плаќаат за здравствените картички
СДСМ - Владата преку институциите се пресметува со неистомислениците
Нов проект за заштита на Преспанското Езеро
„Чебрен“ и „Галиште“ пак паднаа во вода
Џафери го прекина молкот поради Филе
Расте влијанието на салафистите по Арапската пролет
Попоски - Попоски очекува исчекор во Брисел
Кралев - Општина Чаир да постапува по препораките од инспекторатот
Нова смртна закана за Јанез Јанша
Тачи заинтересиран за средба со Николиќ
Две самоубиства во скопски Карпош и Маџари
Прва трансплантација на матка од мајка на ќерка во светот
Продолжуваат антијапонските протести во Кина
Министерот Сарачини учествува на „Глобалниот енергетски самит“
Србија пред можен референдум - Европа или Косово
Директни избори за високите функционери во ЕУ
Полицијата го окупира „Волстрит“, уапсени речиси 200 демонстранти
Јованка Броз - Титова Совладетелка (2)
Полицијата тврди дека разузнавачот не бил убиен
ЗНМ го поддржа Законот за де��риминализација
Филе очекува позитивен извештај, а Груевски почеток на преговoри
Царината заплени 14,5 кг дрога на Табановце
Трамвајот ќе стаса во 2013 година
Невработени ќе добијат пари да отворат фирма
Крвава пресметка на пазар во Струмица
Над 17 илјади студенти седнаа во академските клупи
Македонското вино ќе се извезува на кинескиот пазар
Бугарија би можела да ги уценува Македонија и Србија
СДСМ - Власта се обидува да ја минимизира рецесијата
Академската година во Тетово почна со албанската химна
Прекршочни пријави за директорите на чаирските училишта
Почна изградбата на мостот над реката Серава
САД и Јапонија ќе се бранат со штит
Со воени аташеа ќе се јакне имиџот на Македонија
Прашкиот аеродром преименуван во „Вацлав Хавел“
Почина норвешката принцеза Рагнилд
Избрана новата барокна фасада за „Нама“ и „Метропол“
Пратениците расправаат за електронската здравствена картичка



mene, 18.09.2012 15:03:05
дајте ни датум за преговори и ќе го решиме.
marika, 18.09.2012 15:05:36
medjuetnicki odnosi so albancite sekogas bile loso nikogas podobri ili polosi...sekako imame probæem so bugarite koga krademe istorija malku na grci pa sega iako vo istoriski dokumenti stoi sme buile bugari do doadjanenjeto na srbite 1913g...
веселински јован, 18.09.2012 15:39:02
внимателно ги следам изјавите на нашите политички партии за тоа како не третира европа и какви се нашите меѓу национални однос но никако не дадат заедничка изјави каков е нашиот македоски став кокнечно кои се нашите зеднички црвени линии , а за тоа треба да дадат и став и албанците дали тие ја почитуваат македонската држава , а не само да се зборува за нарушени меѓунационални односи и нарушени меѓу соседски односи за што зборува Г-дин Филе , ние сме на Балканот и се што е подоцна остварено сакаме да го негираме
Warrior of LOVE, 18.09.2012 15:51:09
Јас прецизирам: Ние немаме проблем со никого, Бугарија (и Грција) има проблем со себе!
Руди, 18.09.2012 16:04:00
Ако сакаме ЕУ, некои од антибугарските митови треба да бидат развенчани. Елементарен пример е Митот за Ваташките деца. Според Енциклопедија на Македонија, страница 273, жртвите од Ваташа се: Перо Илов (15 години), Ванчо Гурев (19), Данко Давков (18), Илија Димов (18), Ристо Гондев (18), Блаже Ицев (20), Пане Мешков (18), Герасим Матаков (18), Ферчо Попѓорѓиев (26), Васо Хаџиjорданов (28), Диме Чекоров (20), Пане Джунов (18). Очигледно е дека меѓу жртвите има само едно дете: Перо Илов (15). Тоа не пречи да се зборува за Младинците од Ваташа, а на широко ниво пропагандата да го заменува со Децата од Ваташа http://promacedonia.com/mak_enc/encyclop...nica_1.pdf
Македонија грчка. Јазикот бугарски. Црквата српска., 18.09.2012 16:53:19
Исто како во 1913. За Грција 51% . За Србија 38%. За Бугарија 10%. ЕУ да не куртулите од вакви добрини.
Nekoj, 18.09.2012 17:48:31
Gospodine File, kako prvo da kazam deka Bugarija i Grcija , ne se Avstrija ,Germanija, Holandija kade preovladuva razumot, a ne gluposta, taka da se sto e kazano, deka bugarskite i grckite parlamentarci vo EU imale prigovori e bespredmetno da se diskutira.I Vie samite znaete deka Bugarskite ili Grckite tn. tezi, se ne samo besmisleni, tuku i opasni.Koj NAROD na ovaa Zemja nema svoi tradicii i istorija?Zarem na Amerikancite (USA) spored bugarska i grcka logika treba da im se skrati pravoto na svoja tradicija, bidejki e donesena tradicijata na evropa, so mali izmeni? Toa sto Grcija ja smetate za kolevka na demokratijata (poradi koja i ja galite tolku) e vas problem, iako od site svetski naucni centri e dokazano deka ne tamu, tuku vo Indija e rodena prvata demokratija, a toa sto grcite kopirale od niv i od egipkanite e nevazno za vas, vazno e deka vo EU nastanala demokratijata.Pa i Vavilon bil na toa vreme iljadnici godini pred grcite, se drugo sto ke ni go servirate e navreda za nas.
do File, 18.09.2012 18:03:37
Gospodine File, gledajte go filmot TRETO POLUVREME pa videte koj so kogo ima problem a ne Bugarite so nas imale problem, Grcite so nas imale problem, Albancite so nas imale problem...kako izjavuvate vie kako nie Makedoncive eve otidovme i gi okupiravme Albanija, Bugarija, Grcija a mozi i Afrika ke ja zazemem uste malce i sega site ni cukaat na glava nie sme sekogash loshite, site okolu se arni i za zalenje im krademe nacionalnost, jazik, istorija, ora i coceci mozi i zenite im gi krademe, dajte malce toa unijata EVRO-mafija neka ne pravi dvojni standardi site zemji i narodi imaat pravo da se vikaat kako sakaat samo nie nemame pravo samo nie treba da smenime se i ustav i zname i ime i prezime za da vlezeme vo taa vasata EU, i koga ke vlezeme vo EU pak ke treba da vlezeme so nasite dusmani zaedno pod eden cador so istite sto ne negiraat sto ne ubivaa sto ne ja priznavaat ovaa drzava sto sakaat da ja delat , rabotava e TURNIME DA KINISAM.
Goran, 18.09.2012 19:19:44
Do Marika... Marika toa sto sme bile pod Turkso robstvo tolku godini neznaci deka sme bile Bugariili Grci. Ima dovolno pismeni dokumenti da pokazat deka Makedoncite se custvuvale kako Makedonci. Moze da gi proverite i imigracionite dokumenti vo Amerika od 19ot vek za lugjeto koi se doseluvale i se pisuvale deka se Makedonci. Dedo mi i baba mi, isto rodeni 1897 i 1903 mi imaat kazuvano za balkanskite vojni i vo nieden moment ne mi rekle deka sme bile Bugari, Srbi ili Grci... Zasramete se so vasite izjavi...
stojko, 18.09.2012 19:51:00
Dobro ke bese na Fule damu ja intoniraa albanskata himna vo SK!?
Кои проблеми со Бугарија?, 18.09.2012 21:42:36
Ние немаме проблемисо Бугарија! Кој не верува, нека погледа како Бонева , Ристо Спирковски и Илија Димовски , одушевено ја пеат песната за Тоде Александров , на прославата на УМС на ДПМНЕ!
pile, 18.09.2012 23:36:52
Sosedite i prijateli od istok treba da imaat vo predvid deka Republika Makedonija e suveren i priznat nivni sosed vo OON pod privremenoto ime PJRM,se do nadminuvanje na razlikite za imeto so R.Grcija za koja cel e potpisana VS od 1995 godina. Kako i da se potseti deka pomina vremeto na gradenje na vestacki frontovi od tipot se slusne istrel vo Trst i sledi mobilizacija R.Bugarija da ne ja napadne R.Makedonija,kako i deka Republika Makedonija kon suvereniot sosed, zemja clenka na NATO i EU i koja megju prvite ja prizna R.Makedonija pod ustavnoto ime,ima namera da vodi miroljubiva i transparentna posebno ekonomska politika so kvalitetno infrastrukturno povrzuvanje za podobruvanje na zjivotot na dvata naroda,so zaemno pocituvanje i pocituvanje na malcinskite prava soglasno megjunarodnite konvencii.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 20°C

Претежно облачно

Среда
Грмотевици со дожд
Макс: 27°C, Мин: 14°C

Четврток
Обилни врнежи
Макс: 20°C, Мин: 5°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (4)
Хрушчов го викал Тито социјалистички цар. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Расте влијанието на салафистите по Арапската пролет
Растечкото влијание на ултраконзервативни салафистички групи, кое следеше по Арапската пролет, е предизвик за умере...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |