19.09.2012, 13:39 Повторно одложено судењето против полицаецот Трифуновски
Повторно е одложен стартот на судскиот процес против полицаецот Јаќим Трифуновски кој е обвинет за убиство на дбе момчиња во Гостивар.
Образложението за одложувањето е повторно процената на полицијата дека постои безбедносен ризик за Трифуновски кој треба да биде прененесен од прилепскиот затвор до судот во Гостивар.
Адвокатот на смејството на убиените гостиварчани, Бесим Шехтапи и Имран Мемети вели дека објаснувањето на полицијата не е издржано, бидејќи како што вели, во истиот суд немало никакви проблеми кога се водела истражната постапка за убиствата. Адвокатот ��а обвинетиот полицаец, пак, вели дека одлуката на судот е сериозна, додавајќи дека дел од сведоците не се појавиле на суд токму поради безбедноста.
|