Горан Устијановски нов капетан на Капетанијата во Охрид
Горан Устијановски е нов капетан на капетанијата во Охрид. Одлуката ја донесе Владата на вчерашната седница на предлог на Министерството за транспорт и врски.
Портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев на денешната прес-конференција информира дека Устијановски има долгогодишно искуство во оваа област. Има дипломирано на Факултетот за туризам и угостителство, положен испит за звање бродовозач во внатрешна пловидба и положен испит за звање морнар.
- Тој е актуелен претседател на Здружението на бродари и екипаж на брод и долгогодишен капетан на бродот „Галеб“, рече Ѓорѓиев
Хрушчов го викал Тито социјалистички цар. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“