19.09.2012, 12:50 Укината забраната за движење низ шумите
Забраната за движење низ шумите е укината од денеска. Одлуката ја донесе Владата на вчерашната седница, а причина за тоа, како што соопшти владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, се променетите временски околности и намалување на опасноста од загрозување на шумите преку движење во нив.
- Ова значи дека од денеска граѓаните може слободно да се движат низ шумите, без барање претходни одобренија, како во време на важење на мерката, како и создавање услови за почнување со работа на Жичарницата на Водно, рече Ѓорѓиев на денешната прес-конфренција.
Забраната беше воведена со цел превенција и заштита од пожарите и тре��аше да трае до 30 септември 2012 година. |