Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
17.09.2012, 14:26

Со воени аташеа ќе се јакне имиџот на Македонија

Според министерот Бесими одбранбените дипломати се битни актери во борбата против безбедносните ризици на Македонија

Преку новата улога како одбранбени дипломати, аташеата за одбрана на Република Македонија се битни актери во политиката за борба против тероризмот и сите безбедносни ризици и закани на Република Македонија и нејзините држави партнери и сојузници, нагласи во обраќањето министерот за одбрана Фатмир Бесими на денешната јавна расправа по предлог текстот на Стратегијата за одбранбена дипломатија, што се одржа во Домот на АРМ во Скопје.

Одбранб��ната дипломатија на МО, укажа тој, пред присутните дипломати, професори, поранешни амбасадори и одбранбени аташеа, ќе помогне при развивањето синергија меѓу воените и цивилни дипломатски елементи со цел целосна поддршка на интересите на Република Македонија.

Стратегијата за одбранбена дипломатија, констатира Бесими, ќе претставува основа и рамка за донесување правилници, кодекси и упатства со кои детално ќе се регулира оваа област.

Главната карактеристика на одбранбената дипломатија, според него, е комбинираното користење на дипломатски и воени алатки. Активностите на оваа дипломатија вклучуват разменување на воен совет и помош на земји кои ги реформираат своите одбранбени сектори, формирање мешовите цивилни и воени мисии при конфликтни и пост-конфликтни закани, развивање нова контрола на оружјето, разоружувањето и, мерки за градење на безбедност и доверба, исто така главно како одговор на потребите при конфликтни и пост-конфликтни закани.

Особено внимание по донесување на Стратегијата за одбранбена дипломатија, истакна Бесими, ќе се посвети на обуката на воените аташеа и тоа спецејализирана обука за јазик, обука соодветна на функциите на работното место, како што е одбранбена и безбедносна политика, разузнавање, протокол, структура на вооружените сили, контрола на оружјето, контроли на извоз на оружје и специјализирана компјутерска обука, како и обука од областа на културата за да може аташето за одбрана да се аклиматизира во земјата во која е назначен.

- Има потреба од зајакнување и проширување на одбранбено дипломатската мрежа на Република Македонија во странство, особено во сите постојани членки на Советот за безбедност на Обединетите нации. Се планира отворање и пополнување на позиција на одбранбен претставник во Постојаната мисија на Република Македонија во ОН во Њујорк, најави министерот за одбрана додавајќи оти имајќи ја предвид значајноста од воспоставување поинтензивна билатерална соработка со нордиските земји, Апенинскиот полуостров, Пиринејскиот полуостров ќе се настојува да се создадат услови кога економските состојби ќе бидат подобри да се отворат и постепено распоредат одбранбени аташеа во Рим, Мадрид, Копенхаген, Осло и Стокхолм. Во иднина, ќе биде потребно да се воспостави воено преставништво во македонската мисија во ЕУ со најмалку еден цивилен преставник со оглед на партиципацијата на македонските војници во мировни мисии на ЕУ.

За началникот на ГШ на АРМ, генерал-мајот Горанчо Котески и поранешно воено аташе во СР Германија, клучен момент во одбранбената дипломатија треба да претставува континуираното учество на Македонија во регионални и меѓународни операции за поддршка на мирот и хуманитарни операции предводени од НАТО, ЕУ и од ОН.

- Заврши времето на шпионажа на работата на воените претставници кои се во странство. Ова е време на работа на воените претставници кога треба да се развие соработка и координација меѓу земјите како Република Македонија и со оние од НАТО, но и со останатите, рече началникот на ГШ на АРМ, Котески, додавајќи оти многу е важна потребната обука и квалитетни подготовки пред упатување на должност и остварување на нивната мисија во странство

Според шефот на Канцеларијата за врски на НАТО Александар Александров презентираниот документ претставува високо подготвен професионален документ, а земени се предвид сите национални стратешки цели.

- Генерално, стратегијата ќе обезбеди повеќе човечки ресурси и способности, заштитувајќи ги истовремено заедничките национални цели барајќи соодветна рамнотежа и компромиси, смета Александров, кој нагласи дека истата е исклучително корисна во насока на евроатлантската ориентација на Република Македонија.

Донесувањето на ваква стратегија го поздрави и генерал-потполковник во пензија Драган Андревски, првото воено аташе на Република Македонија од 1996 година во Турција, кој меѓу другото истакна дека воената дипломатија е особено важна за идниот развој на вооружените сили, а пред се` на Република Македонија.

- Умешноста на секое воено аташе и неговата успешност ќе се гради според тоа колку придонесува пред се Република Македонија и АРМ биде претставена во странство и во меѓународните организации, изјави генерал-потполковник Андревски.

Генерал-мајор во пензија Илија Николовски, последен воен аташе во Бугарија и прв воен претставник во Воениот комитет на РМ во НАТО во Брисел смета дека концептот треба да биде одбранбена дипломатија, а не воена.

- Република Македонија има доволно човечки капацитети да ја спроведе оваа стратегија, меѓутоа при изборот на воено-дипломатски претставници не се почитуваат општо прифатените критериуми, туку имаме партизација на одбранбената дипломатијата, рече Николовски, кој меѓу другото оцени дека во постоечката економска криза треба да се укине цивилниот воен претставник.

Инаку, првиот воен дипломат Република Македонија го има пратено во Република Турција, а денес имаме 8 воени аташеа и тоа во: седиштето на НАТО, потоа во САД, Турција, Велика Британија, СР Германија, Франција, Грција, како нерезидентен преставник од Скопје воено аташе ги покрива Црна Гора, Босна и Херцеговина и Република Косово. Имаме еден цивилен преставник за одбраната во САД и 18 воени преставници кои се распоредени во мисиите во Брисел, Центарот РАКВИАК, на национални штабни позиции во НАТО командите и во единицата СЕЕБРИГ каде командант е генерал на Армијата на Република Македонија.


Статијата е прочитана 636 пати.

Испрати коментар



Македонскиот правосуден систем станува поефикасен
Пороен дожд, грмежи и засилен ветер од денеска попладне
Бил Гејтс се` уште најбогат Американец
Попоски и Аврамопулос ќе се сретнат во Њујорк
Почнува предвремениот откуп на тутун во кутии
„Епл“ поамбициозно во Македонија
Бугарските европратеници ќе го бранат ориенталниот тутун
Штрајк на лекарите, сепак, ќе има
Меркел - ЕУ е во криза, но вратата за Западен Балкан е отворена
ДУИ блокираше владин закон
Воените ветерани ќе маршираат за мир
За 10 отсто намалена цената на огревното дрво
Ховит и Бејта се разидоа околу преименувањето на училиштата
Сопственикот на „Зара“ забележа зголемен профит
Компјутерски криминал причина за блокирање на аукцијата на МВР
Пензионерите и во сабота ќе се возат бесплатно во ЈСП
Обвинителството ќе истражува кој стои зад албанските химни
Филм за убиството на Бин Ладен
(ФОТО) Татко и син избодени со нож во Ѓорче Петров
Повторно одложено судењето против полицаецот Трифуновски
Карикатурите на Мухамед распродадени за еден час
Француската полиција упадна во редакцијата на „Клозер“
Горан Устијановски нов капетан на Капетаниј��та во Охрид
Владата определи минимална цена на надоместокот за сметководители
Укината забраната за движење низ шумите
Спорот меѓу Бугарија и Македонија заглави во „Трето полувреме"
Аврамопулос до ОН - Работете, не набљудувајте!
Кремљ ја прекина активноста на УСАИД во Русија
Oтворена 67. сесија на Генералното собрание на ОН
Ховит денеска и утре во Македонија
Обама „изненаден“ од гафот на Ромни
(ВИДЕО) Срѓан Керим за претседавањето на Јеремиќ во ОН
Дипломатскиот кор дегустираше македонско вино
Се буди вулканот на Санторини?
И Грција подготвува нова стратегија
Две полицајки убиени во Манчестер
Рамковниот договор изгубен во преводот
Граѓаните ќе плаќаат за здравствените картички
СДСМ - Владата преку институциите се пресметува со неистомислениците
Нов проект за заштита на Преспанското Езеро
„Чебрен“ и „Галиште“ пак паднаа во вода
Филе прецизира - Имате проблем со Бугарија
Џафери го прекина молкот поради Филе
Расте влијанието на салафистите по Арапската пролет
Попоски - Попоски очекува исчекор во Брисел
Кралев - Општина Чаир да постапува по препораките од инспекторатот
Нова смртна закана за Јанез Јанша
Тачи заинтересиран за средба со Николиќ
Две самоубиства во скопски Карпош и Маџари
Прва трансплантација на матка од мајка на ќерка во светот
Продолжуваат антијапонските протести во Кина
Министерот Сарачини учествува на „Глобалниот енергетски самит“
Србија пред можен референдум - Европа или Косово
Директни избори за високите функционери во ЕУ
Полицијата го окупира „Волстрит“, уапсени речиси 200 демонстранти
Јованка Броз - Титова Совладетелка (2)
Полицијата тврди дека разузнавачот не бил убиен
ЗНМ го поддржа Законот за декриминализација
Филе очекува позитивен извештај, а Груевски почеток на преговoри
Царината заплени 14,5 кг дрога на Табановце
Трамвајот ќе стаса во 2013 година
Невработени ќе добијат пари да отворат фирма
Крвава пресметка на пазар во Струмица
Над 17 илјади студенти седнаа во академските клупи
Македонското вино ќе се извезува на кинескиот пазар
Бугарија би можела да ги уценува Макед��нија и Србија
СДСМ - Власта се обидува да ја минимизира рецесијата
Академската година во Тетово почна со албанската химна
Прекршочни пријави за директорите на чаирските училишта
Почна изградбата на мостот над реката Серава
САД и Јапонија ќе се бранат со штит
Прашкиот аеродром преименуван во „Вацлав Хавел“
Почина норвешката принцеза Рагнилд
Избрана новата барокна фасада за „Нама“ и „Метропол“
Пратениците расправаат за електронската здравствена картичка



Mitre od Rotino, 17.09.2012 14:55:26
Да не е некојја печатна грешка дека пензионираниот генерал Илија бил првиот прретставник во НАТО, да не мислите на Наумовски д-р Андреа кој што беше таму повеќе од пет години. Ако така ги бирате и аташеата добра воена дипломатија ќе имаме. Нека одат сручни лица што го познаваат не само англискиот туку и јазикот на земјата каде што се испраќаат но не е така, се бара подобност или врска.
воено аташе кој... или кое или која?!?, 17.09.2012 17:32:37
„Воено аташе“ или воен аташе? ако сте го напишале во среден род тогаш заменката веднаш зад него не може да биде којшто, туку и таа треба да е во погрешен род како и именкатата пред неа и да биде „тоашто“... а генералот Андревски не е дете туку мажиште од 100 кила.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 23°C

Претежно облачно

Четврток
Обилни врнежи
Макс: 21°C, Мин: 6°C

Петок
Сончево
Макс: 22°C, Мин: 9°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (4)
Хрушчов го викал Тито социјалистички цар. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Расте влијанието на салафистите по Арапската пролет
Растечкото влијание на ултраконзервативни салафистички групи, кое следеше по Арапската пролет, е предизвик за умере...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |