19.09.2012, 14:47 Филм за убиството на Бин Ладен
Американската режисерка Кетрин Бигелоу, позната по оскаровскиот филм за војната во Ирак, Hurt Locker, во декември ќе подготви премиера на својот нов филм, посветен на убиството на Осама бин Ладен.
Филмот се подготвува со поддршка на американската администрација, при што Бигелоу доби пристап до големо количество на податоци поврзани со десетгодишната потрага по Осама бин Ладен, што предизвика критики од конгресмени, кои предупредија на опасноста од истекување на доверливи информации.
|