Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
18.09.2012, 16:36

Се буди вулканот на Санторини?



Атина - Грчкиот остров Санторини, еден од најпопуларните туристички дестинации, предизвикува загриженост во научни кругови поради зголемена вулканска активност. Количеството магма на островот се зголемило за 10-20 милиони кубни метри за само 15 месеци во периодот од јануари 2011 до март 2012 година. Истражувањето на професори од престижниот Оксфорд и Атинскиот универзитет ги потврдија шпекулациите кои подолго време се слушаат во Грција за зголемување на вуланската активност и насобирање големо количество магма кое се смета за еднакво на 10-20 години активност на островскиот вулкан. Просторот што го зафаќа магмата се проценува дека е 15 пати поголем од Лондонскиот олимписки стадион. Научниот тим што ја следи активноста предупредил дека ако вулканот продолжи со иста ваква активност и во следните години, магмата ќе достигне исто количество како и при последните две големи ерупции на вулканот. Професорот на Универзитетот во Џорџија, Ендру Њуман, уште во март годинава предупреди на зголемена вулканска активност на познатиот остров.

Монденскиот Санторини е создаден од вулканска ерупција пред 3.600 години. Сегашната активност се смета за најзначајна од ерупциите на островот во периодот од 1939 и 1950 година, кога биле последните две значајни вулкански ерупции на Санторини. Во дел од научните кругови каде што се испитува активноста на вулканот има подрастични предупредувања дека не е исклучена ерупција, додека, пак, други се обидуваат да ја смират топката и коментираат дека зголемената магма е само потсетување да не се заборави дека на островот има вулкан. Со цел да се смири јавноста, професорите кои го набљудуваат вулканот смируваат дека постојано и секојдневно се следат будно активностите на Санторини, така што не би дозволиле да бидат изненадени од ерупција. Научниот тим дава можност од 10 до 50 отсто за ерупција на вулканот доколку продолжи активноста со ист интензитет како досега. Весникот „Етнос“ пренесува дека според грчките научници од април досега активноста полека спласнува, што се смета утешително и ја зголемува надежта за смирување на вулканот. Тие потенцираат дека ако во јануари биле забележани околу 120 земјотреси на островот поголеми од 0,5 степени според Рихтеровата скала, бројот на земјотреси значително се намалил во февруари на 25 земјотреси и 15 во март. Според тимот што го следи вулканот, од април досега месечно има само од два до четири земјотреси на островот.

Шпекулации за активноста на вулканот на Санторини се ширеа во грчката јавност веќе неколку месеци. Грчките и светските медиуми пренесуваат дека во последната година на островот биле забележани чудни потреси и гасови, кои сега се објаснуваат со покачување на количеството магма во вулканот. (М.П.)


Статијата е прочитана 1026 пати.

Испрати коментар



Македонскиот правосуден систем станува поефикасен
Пороен дожд, грмежи и засилен ветер од денеска попладне
Бил Гејтс се` уште најбогат Американец
Попоски и Аврамопулос ќе се сретнат во Њујорк
Почнува предвремениот откуп на тутун во кутии
„Епл“ поамбициозно во Македонија
Бугарските европратеници ќе го бранат ориенталниот тутун
Штрајк на лекарите, сепак, ќе има
Меркел - ЕУ е во криза, но вратата за Западен Балкан е отворена
ДУИ блокираше владин закон
Воените ветерани ќе маршираат за мир
За 10 отсто намалена цената на огревното дрво
Ховит и Бејта се разидоа околу пре��менувањето на училиштата
Сопственикот на „Зара“ забележа зголемен профит
Компјутерски криминал причина за блокирање на аукцијата на МВР
Пензионерите и во сабота ќе се возат бесплатно во ЈСП
Обвинителството ќе истражува кој стои зад албанските химни
Филм за убиството на Бин Ладен
(ФОТО) Татко и син избодени со нож во Ѓорче Петров
Повторно одложено судењето против полицаецот Трифуновски
Карикатурите на Мухамед распродадени за еден час
Француската полиција упадна во редакцијата на „Клозер“
Горан Устијановски нов капетан на Капетанијата во Охрид
Владата определи минимална цена на надоместокот за сметководители
Укината забраната за движење низ шумите
Спорот меѓу Бугарија и Македонија заглави во „Трето полувреме"
Аврамопулос до ОН - Работете, не набљудувајте!
Кремљ ја прекина активноста на УСАИД во Русија
Oтворена 67. сесија на Генералното собрание на ОН
Ховит денеска и утре во Македонија
Обама „изненаден“ од гафот на Ромни
(ВИДЕО) Срѓан Керим за претседавањето на Јеремиќ во ОН
Дипломатскиот кор дегустираше македонско вино
И Грција подготвува нова стратегија
Две полицајки убиени во Манчестер
Рамковниот договор изгубен во преводот
Граѓаните ќе плаќаат за здравствените картички
СДСМ - Владата преку институциите се пресметува со неистомислениците
Нов проект за заштита на Преспанското Езеро
„Чебрен“ и „Галиште“ пак паднаа во вода
Филе прецизира - Имате проблем со Бугарија
Џафери го прекина молкот поради Филе
Расте влијанието на салафистите по Арапската пролет
Попоски - Попоски очекува исчекор во Брисел
Кралев - Општина Чаир да постапува по препораките од инспекторатот
Нова смртна закана за Јанез Јанша
Тачи заинтересиран за средба со Николиќ
Две самоубиства во скопски Карпош и Маџари
Прва трансплантација на матка од мајка на ќерка во светот
Продолжуваат антијапонските протести во Кина
Министерот Сарачини учествува на „Глобалниот енергетски самит“
Србија пред можен референдум - Европа или Косово
Директни избори за високите функционери во ЕУ
Полицијата го окупира „Волстрит“, уапсени речиси 200 демонстранти
Јованка Броз - Титова Совладетелка (2)
Полицијата тврди дека разузнавачот не бил убиен
ЗНМ го поддржа Законот за декриминализација
Филе очекува позитивен извештај, а Груевски почеток на преговoри
Царината заплени 14,5 кг дрога на Табановце
Трамвајот ќе стаса во 2013 година
Невработени ќе добијат пари да отворат фирма
Крвава пресметка на пазар во Струмица
Над 17 илјади студенти седнаа во академските клупи
Македонското вино ќе се извезува на кинескиот пазар
Бугарија би можела да ги уценува Македонија и Србија
СДСМ - Власта се обидува да ја минимизира рецесијата
Академската година во Тетово почна со албанската химна
Прекршочни пријави за директорите на чаирските училишта
Почна изградбата на мостот над реката Серава
САД и Јапонија ќе се бранат со штит
Со воени аташеа ќе се јакне имиџот на Македонија
Прашкиот аеродром преименуван во „Вацлав Хавел“
Почина норвешката принцеза Рагнилд
Избрана новата барокна фасада за „Нама“ и „Метропол“
Пратениците расправаат за електронската здравствена картичка

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 23°C

Претежно облачно

Четврток
Обилни врнежи
Макс: 21°C, Мин: 6°C

Петок
Сончево
Макс: 22°C, Мин: 9°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (4)
Хрушчов го викал Тито социјалистички цар. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Расте влијанието на салафистите по Арапската пролет
Растечкото влијание на ултраконзервативни салафистички групи, кое следеше по Арапската пролет, е предизвик за умере...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |