17.09.2012, 14:39 Почна изградбата на мостот над реката Серава
Градските власти почнаа да градат нов армирано-бетонски мост над реката Серава, на ролерско-велосипедската патека од левата страна на реката Вардар. Мостот ќе биде долг 16,6 и широк 4,6 метри, ќе има ограда од челични цевки, а со неговата конструкција на скопјани треба да им се овозможи непрекинато движење по патеката од мостот кај хотелот „Александар палас“ до мостот „Тодор Александров“ (бивши „Близнак“). Од Градот велат дека осветлувањето на мостот ќе биде овозможено со светилките кои ја осветлуваат ролерско-велосипедската патека од левата страна на Вардар.
„Градот Скопје за изградба на овој мост ќе потр��ши околу 4,8 милиони денари, а рокот на изградба е пет месеци“, истакна градоначалникот Коце Трајановски на официјалниот почеток на градежните работи.
На терен, зафатите ќе ги изведуваат екипи од градежната фирма „Жикол“ од Струмица.
|