Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
18.09.2012, 14:15

Расте влијанието на салафистите по Арапската пролет

Растечкото влијание на ултраконзервативни салафистички групи, кое следеше по Арапската пролет, е предизвик за умерените исламистите, вклучително и за Муслиманското братство

Насилните протести низ арапскиот свет, поттикнати од филм во кој се навредува исламот, можат да се рефлектираат во зголемената сила на салафистички групи кои имаат корист од проширувањето на слободата низ земјите од Арапската пролет, велат аналитичарите.

Салафистите се група на сунитски муслимани кои промовираат строг животен стил, базиран на традицијата на раните „посветени претци��, и направија изненадувачки скок во нивното влијание, воглавно во Египет, Либија и во Тунис.

Иако повеќето салафисти не се насилни, некои групи сега тежнеат кон верата заради употреба на сила.

Тие имаат „желба да создадат баланс меѓу силите на улиците, користејќи ја како изговорот за борба ’навреда на светоста‘ “, вели Жан Пиер Филиу, предавач на парискиот универзитет По.

Религиозните телевизиски канали кои се емитуваат од Саудиска Арабија - седиштето на салафизмот - се сметаат за движечка сила зад порастот на бројот на салафисти низ арапскиот свет во изминатите 20 години.

Но, иако се држени под цврста контрола во многу арапски земји, некои држави им даваат поддршка во тајната задача да ги „поделат исламистите“ и да го ослабнат воглавно Муслиманското братство, вели Башир Нафи, постар истражувач во центарот за студии Ал Џезира.

Другите режими, како што е оној во Сирија, го користат салафизмот „за плашење“ и за зголемување на нивното влијание меѓу вооружените групи како пропаганда против народните востанија, кои пак бара промени на режимите во закоравените автократии.

За разлика од Муслиманското братство, кое е добро структурирана политичка организација, салфистите се организираат во мали групи околу влијателните свештеници и се фокусирани на одбраната на верата, велат експерти. - Нивниот политички дискурс остана во состојба на зародиш, а социорелигиозните реформи остануваат нивен главен приоритет, вели Стефан Лакроа, авторот на „Будењето на исламот: Политиката на религиозните немири во современа Саудиска Арабија“.

Филиу смета дека терминот салафисти нашироко се користи за „разликување на исламистите, кои се поддржани од Саудиска Арабија, од тие на Муслиманското братсво“, и додава дека Катар, која игра водечка улога во поддршка на арапските востанија, „е сега поблиска со Муслиманското братство“.

Салафистите стануваат се поприсутни во арапските земји каде диктаторите кои владееја со челична тупаница беа сменети со неочекуваните востанија. Во Либија салафистите се осмелија да уништуваат муслимански светилишта, за кои тие сметаат дека се спротивни на исламистичките учења, откако диктаторот Моамер Гадафи беше сменет и убиен минатата година. Мнозина од нив се организираат во помали групи.

Но, салафистичките вооружени групи, кои себеси се нарекуваат бригадите Ансар ал шарија, неделава негираа дека учествувале во нападите на американскиот конзулат во Бенгази, каде беа убиени четворица, меѓу кои и американскиот амбасадор.

Нападот се случи кога демонстрантите тргнаа кон дипломатската мисијата на САД, гневни заради филмот со наслов „Невините муслимани“, од кои делови беа поставени на Интернет, и по кои илјадници луѓе во муслиманските земји излегоа на улиците да протестираат.

Во Тунис, четворица демонстранти беа убиени и 49 повредени, кога во петокот полицијата се судри со демонстрантите, кои излезе дека биле салафисти, и ја напаѓаа американската амбасада.

Салафистите беа забранети под режимот на сменетиот претседател на Тунис, Зине ел Абидин Бен Али, кој во јануари минатата година избега од земјата, бегајќи од првото востание кое го распали бранот протести на Арапската пролет.

Сега тие се поделени во две групи: свештениците кои го одбиваат насилството, и џихадистичката линија која е одговорна за неодамнешните напади на културните настани заради наводна навреда на исламот. - Мнозинството од арапските салафисти продолжуваат да одбиваат мешање во политиката, вели Филиу, додавајќи дека тие остануваат „подготвени да тргнат насилно“ против било што за кое тие сметаат дека е навредливо за исламистичкото учење.

Постојат се повеќе изгледи дека тие ќе продолжат со жестоки дела „во земјите каде тие не се вклучени во политиката“, како што се Либија и Тунис, вели Лакроа. Но, во Египет, каде салафистичката партија Ал Нури е сега длабоко инволвирана во политиката, оваа група одбра „умерен дискурс“, додава тој.

Салафистите направија спектакуларен излез на политичката сцена во Египет, освојувајќи 25 проценти од пратеничките места во првите избори по смената на претседателот Хосни Мубарак. Тие беа втори, по Муслиманското братство.

Но, според Нафи, овој феномен нема да трае. - Подемот на салафистите е транзициски феномен. Слободата и демократијата ќе ги притиснат назад кон нивната реална големина, рече тој. (Ал Ахрам)


Статијата е прочитана 722 пати.

Испрати коментар



Македонскиот правосуден систем станува поефикасен
Пороен дожд, грмежи и засилен ветер од денеска попладне
Бил Гејтс се` уште најбогат Американец
Попоски и Аврамопулос ќе се сретнат во Њујорк
Почнува предвремениот откуп на тутун во кутии
„Епл“ поамбициозно во Македонија
Бугарските европратеници ќе го бранат ориенталниот тутун
Штрајк на лекарите, сепак, ќе има
Меркел - ЕУ е во криза, но вратата за Западен Балкан е отворена
ДУИ блокираше владин закон
Воените ветерани ќе маршираат за мир
За 10 отсто намалена цената на огревното дрво
Ховит и Бејта се разидоа околу преименувањето на училиштата
Сопственикот на „Зара“ забележа зголемен профит
Компјутерски криминал причина за блокирање на аукцијата на МВР
Пензионерите и во сабота ќе се возат бесплатно во ЈСП
Обвинителството ќе истражува кој стои зад албанските химни
Филм за убиството на Бин Ладен
(ФОТО) Татко и син избодени со нож во Ѓорче Петров
Повторно одложено судењето против полицаецот Трифуновски
Карикатурите на Мухамед распродадени за еден час
Француската полиција упадна во редакцијата на „Клозер“
Горан Устијановски нов капетан на Капетанијата во Охрид
Владата определи минимална цена на надоместокот за сметководители
Укината забраната за движење низ шумите
Спорот меѓу Бугарија и Македонија заглави во „Трето полувреме"
Аврамопулос до ОН - Работете, не набљудувајте!
Кремљ ја прекина активноста на УСАИД во Русија
Oтворена 67. сесија на Генералното собрание на ОН
Ховит денеска и утре во Македонија
Обама „изненаден“ од гафот на Ромни
(ВИДЕО) Срѓан Керим за претседавањето на Јеремиќ во ОН
Дипломатскиот кор дегустираше македонско вино
Се буди вулканот на Санторини?
И Грција подготвува нова стратегија
Две полицајки убиени во Манчестер
Рамковниот договор изгубен во преводот
Граѓаните ќе плаќаат за здравствените картички
СДСМ - Владата преку институциите се пресметува со неистомислениците
Нов проект за заштита на Преспанското Езеро
„Чебрен“ и „Галиште“ пак паднаа во вода
Филе прецизира - Имате проблем со Бугарија
Џафери го прекина молкот поради Филе
Попоски - Попоски очекува исчекор во Брисел
Кралев - Општина Чаир да постапува по препораките од инспекторатот
Нова смртна закана за Јанез Јанша
Тачи заинтересиран за средба со Николиќ
Две самоубиства во скопски Карпош и Маџари
Прва трансплантација на матка од мајка на ќерка во светот
Продолжуваат антијапонските протести во Кина
Министерот Сарачини учествува на „Глобалниот енергетски самит“
Србија пред можен референдум - Европа или Косово
Директни избори за високите функционери во ЕУ
Полицијата го окупира „Волстрит“, уапсени речиси 200 демонстранти
Јованка Броз - Титова Совладетелка (2)
Полицијата тврди дека разузнавачот не бил убиен
ЗНМ го поддржа Законот за декриминализација
Филе очекува позитивен извештај, а Груевски почеток на преговoри
Царината заплени 14,5 кг дрога на Табановце
Трамвајот ќе стаса во 2013 година
Невработени ќе добијат пари да отворат фирма
Крвава пресметка на пазар во Струмица
Над 17 илјади студенти седнаа во академските клупи
Македонското вино ќе се извезува на кинескиот пазар
Бугарија би можела да ги уценува Македонија и Србија
СДСМ - Власта се обидува да ја минимизира рецесијата
Академската година во Тетово почна со албанската химна
Прекршочни пријави за директорите на чаирските училишта
Почна изградбата на мостот над реката Серава
САД и Јапонија ќе се бранат со штит
Со воени аташеа ќе се јакне имиџот на Македонија
Прашкиот аеродром преименуван во „Вацлав Хавел“
Почина норвешката принцеза Рагнилд
Избрана новата барокна фасада за „Нама“ и „Метропол“
Пратениците расправаат за електронската здравствена картичка



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 23°C

Претежно облачно

Четврток
Обилни врнежи
Макс: 21°C, Мин: 6°C

Петок
Сончево
Макс: 22°C, Мин: 9°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (4)
Хрушчов го викал Тито социјалистички цар. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Расте влијанието на салафистите по Арапската пролет
Растечкото влијание на ултраконзервативни салафистички групи, кое следеше по Арапската пролет, е предизвик за умере...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |