19.09.2012, 15:23 Компјутерски криминал причина за блокирање на аукцијата на МВР
Единицата за компјутерски криминал при Центарот за сузбивање организиран и сериозен криминал при МВР до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе посебен извештај за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ по член 251 ст.1 од Кривичниот законик на РМ извршено од страна на непознат сторител.
На 3 септември Бирото за јавни набавки до Единицата достави пријава заради утврдување настанати технички проблеми во функционирање на Електронскиот систем за јавни набавки при спроведување електронска аукција објавена од страна на МВР за набавка на моторни возила.
Како што соопшти МВР, од спроведената истрага е утврдено дека на 29 август од 12:15 часот до 12:45 часот од страна на Интернет Сервис Провајдерот каде што е хостиран серверот на Бирото за јавни набавки регистриран е зголемен интернет сообраќај насочен кон домашна веб страница хостирана на сервер кој што се наоѓа на ист колокациски простор со серверот на Бирото за јавни набавки. Серверот на домашната веб страница и серверот на Бирото за јавни набавки имале мрежна конекција со помал капацитет за прием на интернет сообраќај, од сообраќајот кој што во критичниот период бил насочен кон домашната веб страница со што настанало преоптоварување на мрежата и довело до отежнување на комуникацијата со серверот на Бирото за јавни набавки при што одреден интернет сообраќај бил отфрлен и не стигнувал воопшто до серверот. На овој начин на сите учесници кои учествувале на електронската аукција им бил отежнат пристапот и користењето на Електронскиот систем за јавни набавки.
Од анализата на логовите за пристап до домашната веб страница констатирано е дека зголемениот сообраќај доаѓал од вкупно 119 различни ИП адреси од повеќе држави од светот.
Од страна на Единицата за компјутерски криминал преку примена на меѓународните механизми за соработка и обезбедување докази за вакви случаи ќе изврши дополнителни проверки за корисниците на наведените ИП адреси со цел утврдување на сторителите на кривичното дело и нивно кривично санкционирање. |
|
Статијата е прочитана 434 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Vane-Kavadarci, 19.09.2012 19:11:02 | E toa e toa...mora da se isturka do kraj ovaa rabota, da se vidi koj e vinoven, da se istera pred sud i da mu se zakachi debela kazna - kako predupreduvanje za site ostanati vo idnina. Pozdrav ! |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 23°C
Претежно облачно
|
Четврток
Обилни врнежи
Макс: 21°C, Мин: 6°C
|
Петок
Сончево
Макс: 22°C, Мин: 9°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз - Титова Совладетелка (4)Хрушчов го викал Тито социјалистички цар. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“ |
|