Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
17.09.2012, 15:58
Невработени ќе добијат пари да отворат фирма



Нови 1.000 невработени лица кои се евидентирани во Агенцијата за вработување најмалку една година, ќе имаат можност да се вработат преку проектите за самовработување со кредитирање и за финансиска поддршка на микро и мали претпријатија за отворање нови работни места. Невработените имаат можност за отворање нова фирма да добијат од 3.000 до 15.000 евра, во зависност од бројот на нови работни места кои ќе бидат отворени. Проектите важат за земјоделците, трговците, угостителите, текстилците и туристичките работници. Фирмите кои во рамките на овој проект ќе вработуваат нови работници ќе имаат обврска да ги задржат најмалку една година.

За двете програми за вработување се обезбедени средства во висина од околу 193 милиони денари. Огласот со условите кои треба да ги исполнуваат невработените беше објавен во саботата, а заинтересираните ќе може да аплицираат до 1 октомври годинава.

Според министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски, двете мерки не се специјално наменети за надминување на економската ситуација во која се наоѓа државата, но индиректно тие би влијаеле на неа.

„Проектите се редовен дел од оперативните политики за вработување, но индиректно би влијаеле на стабилизација на дел од економската состојба кај определени компании“, истакна Ристовски. Тој потенцира дека во моментов не може да се претпостави дали рецесијата ќе предизвика отпуштање на работници од фирмите. Дел од работодавците, преку Стопанските комори најавија вакви мерки, но засега не се преземаат никакви потези на тој план. Ристовски нагласи дека и во минатиот период кога беше актуелната светска економска криза имаше најави за отпуштање работници, меѓутоа тоа не се случи со толкав интензитет како што беше најавувано.

Според директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски, целта на двете мерки е да им се даде поттик на компаниите да го зголемат бројот на вработените, а воедно да добијат соодветна финансиска помош.

Проектот за самовработување со кредитирање постои повеќе од четири години и досега се поддржани 3.867 кредитобаратели за вработување на 4.511 лица и одобрена е исплата на кредитни средства во износ од околу 832 милиони денари. Проектот за финансирање на микро и мали претпријатија досега опфати 167 лица. (С.Н.)

Статијата е прочитана 2386 пати.

Испрати коментар



Македонскиот правосуден систем станува поефикасен
Пороен дожд, грмежи и засилен ветер од денеска попладне
Бил Гејтс се` уште најбогат Американец
Попоски и Аврамопулос ќе се сретнат во Њујорк
Почнува предвремениот откуп на тутун во кутии
„Епл“ поамбициозно во Македонија
Бугарските европратеници ќе го бранат ориенталниот тутун
Штрајк на лекарите, сепак, ќе има
Меркел - ЕУ е во криза, но вратата за Западен Балкан е отворена
ДУИ блокираше владин закон
Воените ветерани ќе маршираат за мир
За 10 отсто намалена цената на огревното дрво
Ховит и Бејта се разидоа околу преименувањето на училиштата
Сопственикот на „Зара“ забележа зголемен профит
Компјутерски криминал причина за блокирање на аукцијата на МВР
Пензионерите и во сабота ќе се возат бесплатно во ЈСП
Обвинителството ќе истражува кој стои зад албанските химни
Филм за убиството на Бин Ладен
(ФОТО) Татко и син избодени со нож во Ѓорче Петров
Повторно одложено судењето против полицаецот Трифуновски
Карикатурите на Мухамед распродадени за еден час
Француската полиција упадна во редакцијата на „Клозер“
Горан Устијановски нов капетан на Капетанијата во Охрид
Владата определи минимална цена на надоместокот за сметководители
Укината забраната за движење низ шумите
Спорот меѓу Бугарија и Македонија заглави во „Трето полувреме"
Аврамопулос до ОН - Работете, не набљудувајте!
Кремљ ја прекина активноста на УСАИД во Русија
Oтворена 67. сесија на Генералното собрание на ОН
Ховит денеска и утре во Македонија
Обама „изненаден“ од гафот на Ромни
(ВИДЕО) Срѓан Керим за претседавањето на Јеремиќ во ОН
Дипломатскиот кор дегустираше македонско вино
Се буди вулканот на Санторини?
И Грција подготвува нова стратегија
Две полицајки убиени во Манчестер
Рамковниот договор изгубен во преводот
Граѓаните ќе плаќаат за здравствените картички
СДСМ - Владата преку институциите се пресметува со неистомислениците
Нов проект за заштита на Преспанското Езеро
„Чебрен“ и „Галиште“ пак паднаа во вода
Филе прецизира - Имате проблем со Бугарија
Џафери го прекина молкот поради Филе
Расте влијанието на салафистите по Арапската пролет
Попоски - Попоски очекува исчекор во Брисел
Кралев - Општина Чаир да постапува по препораките од инспекторатот
Нова смртна закана за Јанез Јанша
Тачи заинтересиран за средба со Николиќ
Две самоубиства во скопски Карпош и Маџари
Прва трансплантација на матка од мајка на ќерка во светот
Продолжуваат антијапонските протести во Кина
Министерот Сарачини учествува на „Глобалниот енергетски самит“
Србија пред можен референдум - Европа или Косово
Директни избори за високите функционери во ЕУ
Полицијата го окупира „Волстрит“, уапсени речиси 200 демонстранти
Јованка Броз - Титова Совладетелка (2)
Полицијата тврди дека разузнавачот не бил убиен
ЗНМ го поддржа Законот за декриминализација
Филе очекува позитивен извештај, а Груевски почеток на преговoри
Царината заплени 14,5 кг дрога на Табановце
Трамвајот ќе стаса во 2013 година
Крвава пресметка на пазар во Струмица
Над 17 илјади студенти седнаа во академските клупи
Македонското вино ќе се извезува на кинескиот пазар
Бугарија би можела да ги уценува Македонија и Србија
СДСМ - Власта се обидува да ја минимизира рецесијата
Академската година во Тетово почна со албанската химна
Прекршочни пријави за директорите на чаирските училишта
Почна изградбата на мостот над реката Серава
САД и Јапонија ќе се бранат со штит
Со воени аташеа ќе се јакне имиџот на Македонија
Прашкиот аеродром преименуван во „Вацлав Хавел“
Почина норвешката принцеза Рагнилд
Избрана новата барокна фасада за „Нама“ и „Метропол“
Пратениците расправаат за електронската здравствена картичка



Митре, 17.09.2012 17:01:34
Како не бе! Ако не биле способни да си најдат работа со години, како тоа сега кога државата ќе им даде 3-15,000 Евра наеднаш ќе станат успешни бизнисмени?! Се е ова извлекување пари од буџетот и трупање на партиски и приватни сметки. Не берете гајле ДПМНЕовци, и за оваа мучка ќе се најде правна форма да се санкционира и некој да одлежи во затвор.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 23°C

Претежно облачно

Четврток
Обилни врнежи
Макс: 21°C, Мин: 6°C

Петок
Сончево
Макс: 22°C, Мин: 9°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (4)
Хрушчов го викал Тито социјалистички цар. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Расте влијанието на салафистите по Арапската пролет
Растечкото влијание на ултраконзервативни салафистички групи, кое следеше по Арапската пролет, е предизвик за умере...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |