18.09.2012, 09:08 Полицијата го окупира „Волстрит“, уапсени речиси 200 демонстранти
Протестното движење Окупирај го Волстрит кое вчера ја одбележа првата годишнина, не успеа да го парализира финансиското срце на Њујорк и берзата, што означува дека губи инерција, констатираат набљудувачи.
Според податоци на полицијата, во текот на вчерашниoт ден уапсени се над 180 луѓе главно за непочитување на полицијата и обиди да блокираат движење на автомобили и пешаци. Во протестите во денот во различни делови од градот се вклучија околу 2.000 луѓе.
Акциите не привлекоа доволно учесници за да се опколи финансискиот центар со жив штит како што планираа ор��анизаторите, а уште помалку да се упадне на берзата.
Полицијата презеде вонредни мерки за обезбедување и ги блокираше приодите кон Волстрит, а полициски хеликоптер ја контролираше ситуацијата од воздух.
Сите околни улици беа отворени само за лица со пропусници.
Демонстрантите упатија барања за зголемување на даноците за богатите и затегање на финансиската регулација, па се до забрана за нафтени ископувања на Аљаска и спасување на белите мечки како и за независност на Порторико.
Во медиумите се појави соопштение од Движењето во кое се вели дека „понеделникот означува почеток на втора година од движењето Окупирај го Волстрит и четири години од прогласувањето на банкротот на банката „Леман брадерс“, помагајќи во катапултирање на глобалната економија и нејзин влез во нова фаза од запуштеност“.
- Нема жалби од еден процент богати - тие се се` уште богати. Тие се незаситни, се додека не ги потиснеме, се додава во соопштението на движењето Окупирај го Волстрит. |