17.09.2012, 14:26 Прашкиот аеродром преименуван во „Вацлав Хавел“
Патниците кои од идната недела ќе слетуваат на прашкиот аеродром во Чешка, ќе имаат можност да бидат пречекани на новопоставениот натпис „Аеродром Вацлав Хавел“.
Поставувањето на таблите со новиот назив на сите три терминали ќе биде завршено до крајот на неделата.
Официјалната цермонија на преименување ќе биде одржана на 5 октомври, на денот на годишнината од раѓањето на поранешниот претседател на Чешка.
Вацлав Хавел, кој почина на 18 декември 2011 година, беше чешки драматург, есеист, дисидент и политичар.
|