-->
Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Хороскоп

Хороскоп


Овен

Разговарајте искрено со саканата личност за проблемите кои ве оптоваруваат. Во новите случувања кои го обележуваат вашиот љубовен однос, одите чекор напред пред својот партнер. Нема причина да ги криете вашите чувства и потреби. Бидете внимателни, некој може да ги разоткрие вашите тајни планови.



Бик

Повремено поминувате низ фаза на лична и емотивна несигурност, загрижени сте

поради нечии постапки или зборови. Се обидувате да остварите семејна хармонија и да го подобрите љубовниот дијалог. Понекогаш не е лесно да ги разберете мислите и чувствата на партнерот, но тоа не е предуслов за заедничка среќа.



Близнаци

Сакате да ги остварите своите љубовни намери, дури и по цена некој во тоа да ве оспорува. Во согласност со својата импулсивна природа не бидете нестрпливи, почекајте вашите емотивни желби да се искристализираат. Квалитетот кој произлегува од љубовната врска претставува ваша интимна среќа. Ако сте млади и слободни, новите контакти ве водат кон возбудлива љубовна романса.



Рак

Во согласност со вашиот темперамент изгледате многу предизвикувачки и неодоливо на околината. Поради погрешни изјави или напромислени постапки запаѓате во конфликтни ситуации. Без разлика на популарноста која ја уживате во друштво на спротивниот пол, избегнувајте влез во забранетата зона или кокетирање со личност која изгледа премногу предизвикувачки.



Лав

Зрачите со позитивна енергија и некој побудува во вас емоции, поради новите можности не можете да останете рамнодушни во разни ситуации. Доколку сакате да ги остварите своите емотивни намери, потребно е да ги сложите коцките во љубовниот мозаик. Вие сте личност која во љубовниот однос сака целосна сигурност и предавање без ограничувања.



Девица

Повремено изгледате загрижено поради различните недоразбирања кои постојат во вашиот љубовен живот. Сепак, секој проблем има добро решение и претставува поучно искуство. Нема потреба да се задржувате на некои ситуации од вашето минато. Важно е да извлечете поука. Ве очекува вистински љубовен занес.



Терезија

Водите активен живот и често се наоѓате во можност да остварите нови љубовни контакти. Сепак, вашето емотивно интересирање за одредена личност не е од траен карактер. Во налет на страстите не сакате емотивно да се врзувате или да избирате смислени изговори. Изненаден импулс ве наведува на погрешно однесување, што го отежнува љубовниот дијалог.



Скорпија

Внимателно ги анализирате својот партнер и љубовниот живот, увидувате дека среќата изненадно е променлива, но и достижна. Посакувате повеќе емоции и нежност за да го почувствувате љубовниот занес. Доколку сте млади и слободни, прескокнете ги вашите зацртани граници. Сфатете дека среќата е на ваша страна, покажете ги своите добри страни.



Стрелец

Сакате да ги прикриете вашите интимни чувства или тајните намери во љубовниот живот, поради тоа изгледа премногу дипломатски. Потребно е да ги искристализирате вашите чувства и да ги решите заблудите. Нема потреба да играте погрешна улога, лошите потези можат да го искомпликуваат односите. Играта на заведување ве инспирира.



Јарец

Пронаоѓате емотивна инспирација на различни страни и изгледате задоволно во нечие присуство. Не криете дека имате големи очекувања од саканата личност. Новите предизвици во вас поткренуваат скриени емотивни желби и потиснати сеќавања. Чувствувате потреба да остварите комплетно задоволство со саканата личност.



Водолија

Најубавото задоволство во љубовниот живот ве очекува токму сега. Полесно од обично успевате да привлечете нечие внимание. Атмосферата и позитивните емоции внесуваат нова страст и топла боја во вашето расположение. Ви годи вниманието или заинтересираноста на спротивниот пол. Имате добро претчувство, сакате нова љубовна романса, страсна и возбудлива врска.



Риби

Во љубовниот живот или во односот со саканата личност сте многу енергични, понекогаш мислите дека сите можни варијанти се остварливи. Имате можност да чуете позитивни коментари за вашиот изглед. Ви годи нечија емотивна наклонетост и внимание кое го добивате. Имате желба да се наметнете во нечие друштво.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават денеска
 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 18°C

Делумно облачно

Петок
Сончево
Макс: 21°C, Мин: 6°C

Сабота
Сончево
Макс: 24°C, Мин: 13°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (5)
Владетелот и совладетелката често не беа на „иста бранова должина“. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
(ИНТЕРВЈУ) Рихард Самел - Ми беше чест да го играм Шпиц
„Ми се допадна дизајнот на Дарко Митревски, Шпиц e со квалитети кои во тоа време беа монополизирани од нацистите: дисцип...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |