Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
20.09.2012, 14:47

Нови тајни разговори меѓу Македонија и Грција?



Според весникот „Понтики“ минатата недела биле остварени првите контакти во Атина, при што американски дипломати оствариле посета на грчкото Министерство за надворешни работи

Грчкиот весник „Понтики“ тврди дека повторно има тајни разговори меѓу Македонија и Грција за спорот околу името под водство на САД. Според весникот минатата недела биле остварени првите контакти во Атина, при што американски дипломати оствариле посета на грчкото Министерство за надворешни работи. Како лидер на овој тим од американски дипломати се наведува Мишел Сајдерс, дипломат во амбас��дата на САД во Скопје, кое претходно служела и во амбасадата на САД во Грција.

Весникот се повикува на дипломатски извори кои тврделе дека главната цел на САД е да се забрза приемот на Македонија во НАТО, и тоа до крајот на годинава. Според тврдењата на „Понтики“, САД барале грчкиот премиер Андонис Самарас да испрати писмо до НАТО во која ќе забележи дека Македонија ги исполнува предусловите да почне нејзин прием во Алијансата. Во писмото наводно ќе биде потценет проблемот за името како една постоечка работа која треба да се реши. Името, кое наводно се предлага од страна на САД во овие тајни преговори со цел да се најде компромис е „Горна Македонија“.

Од амбасадата на САД во Скопје не го демантираат престојот на дипломатката Сајдерс во Атина, меѓутоа велат дека тоа било рутинска посета меѓу амбасадите во регионот. “Нашите дипломати редовно ги посетуваат другите амбасади во регионот за консултации“, велат од амбасадата на САД во Скопје.

Во текстот исто така се наведува дека грчката влада е спремна за помирување и „ да помогне да се реши американскиот проблем односно ставање на БЈРМ под американска-НАТО капа“.

„Владата бара начин да се помести од претходните позиции кои го доведоа овој спор и државата до денешниот безизлез“, пишува весникот. Предлогот Горна Македонија, според извори од грчкото МНР на кои се повикува весникот, за Атина би бил прифатлив доколку се прифатат црвени линии, односно името да биде за севкупна употреба, да се престане со иредентистичките изјави од македонската влада и да се реши претходно со џентлментски договор прашањето за оштета за имотите на Македонците од Егејскиот дел. (М.П.)



Статијата е прочитана 3841 пати.

Испрати коментар



Возачкиот испит ќе се полага електронски
Филмот „Невиноста на муслиманите“ можеби не постои?
Иванов на Генералното собрание на ОН во Њујорк
Солунското пристаниште се промовира во регионот
Едно лице загина во сообраќајка на патот Прилеп-Битола
САД не извршија доволен притисок врз Грција за спорот со името
Исчезнатиот Охриѓанец пронајден мртов
Нема отпуштања во администрацијата
Се модернизираат 16 училишта
Земјотрес во Охрид
Денеска пристигнува есента
Маж со секира уби четири, а повреди 13 деца во Кина
Нападнат белгискиот премиер
Македонските мировници не биле во опасност во Кабул
Mакедонската полиција ќе се вози во „шкода јети“
Откриени се прилепските бомбаши
СДСМ - Политиката да не се меша во образованието
Маљас прогнозира притисок од ОН, САД и ЕУ
Преговори, па името е нереална опција
Земјоделците ќе си менуваат ниви за поголеми парцели
Британски министер му се извини на полицаец за навредите
Турците разочарани од интересот за соработка на нашите бизнисмени
В понеделник предупредувачки протест на лекарите
Заразените закрепнуваат, уште еден сомнителен случај на западнонилска треска
Македонија очекува почеток на пристапните преговори до крајот на годината
Околу 6.000 компании од Солун го преселиле бизнисот во Бугарија
„Блиц“ го препорачува Охрид за есенски одмор
Хрватска отпушта 20.000 буџетари
Kонференција за е-Демократија во Охрид
„Парада на гордоста“ на шести октомври во Белград
Се истражува „руската врска“ во убиството на Литвиненко
Ветераните денеска на Марш на мирот
Арифи во Вашингтон се сретна со Филип Гордон
Кризата продава државен имот во Грција
Актерка го тужи режисерот на „Невиноста на Мухамед“
Тридецениска соработка на Скопје со Нирнберг
Лани 302.000 лица побараа азил во ЕУ
Тодоров - Судот мораше итно да постапува
Аризанов - СДСМ води дволична политика за земјоделците
Милиони отштета за бели дробови од пуканки
Страв од глобална криза за храна
Хрватски пилоти ги извлекле македонските војници во Кабул
Еврозоната во септември влегува во рецесија
„Џонсон Мети“ доби А-интегрирана еколошка дозвола
Исчистени делови од коритото на Вардар
„Дуна iStore“ изработен по дизајн на „Епл“
Прва жртва на западнонилска треска во Македонија
Потполковник на АРМ ќе настрадал од заскитан куршум
Тајната снимка го нагризува рејтингот на Ромни
Судот одлучи лекарите да не штрајкуваат
Владата ќе отвора градинки во руралните средини
Македонскиот правосуден систем станува поефикасен
Пороен дожд, грмежи и засилен ветер од денеска попладне
Бил Гејтс се` уште најбогат Американец
Попоски и Аврамопулос ќе се сретнат во Њујорк
Почнува предвремениот откуп на тутун во кутии
ДУИ блокираше владин закон
Спорот меѓу Бугарија и Македонија заглави во „Трето полувреме"



Прием во НАТО одлучи Судот во Хаг, 20.09.2012 15:49:57
Ако имаат Нато и Еу демократија треба и да ја докажат. Судот во Хаг донесе Одлука која треба да се почитува. А околу додавката на името. Сакам во Нато и Еу ама и несакам ако се дирне идентитетот и јазикот. Тоа е македонската црвена линија.
do diplomatite, 20.09.2012 17:30:14
Pa sto ako juzniot sosed go prifakja imeto Gorna Makedonija koga za nas ne e prifatlivo toa i ne e prifatlivo nikakvo menuvanje na imeto.
nato-jato, 20.09.2012 17:40:45
Za zal kje mora da ne diraat samo prasanje e kolku kje ne izdiraat bidejkji sami si go baravme diranjeto!
до „прием во НАТО...“, 20.09.2012 20:50:06
Судот во Хаг одлучи дека Грција го попречувала приемот на ФИРОМ во Букурешт со што прекршила член од договорот со ФИРОМ. Кажи сега ти што значи ПОЧИТУВАЊЕ на одлуката на судот од Хаг? Што треба да направат НАТО и ЕУ затоа што Грција не почитувала член од договорот со ФИРОМ? НАТО и ЕУ не потпишале договор со ФИРОМ дека нема да ја попречуваат нашата држава како ФИРОМ да аплицира за членство.Што сега ти очекуваш? НАТО и ЕУ да ја примат ФИРОМ затоа што Грција не го почитувала договорот помеѓу ФИРОМ и Грција? Како ќе биде примена некоја земја во НАТО и ЕУ одлучуваат самите НАТО и ЕУ со свои одлуки,а не со одлуки на Суд.
Трпе, 20.09.2012 22:48:37
Ако пријателите американци го имат овој предлог е одличен.Само лажните патриоти ке најдат фалинка.Каков јазик ке зборуват горно македонците.Би и препорачал ако не и се допага јазикот на Блаже Коневски,нека го активират Блаже Ристевски тој ке го дотера.А за идентитет на лажните патриоти сигурно им се допаѓа долни или бедни македонци.
deko, 21.09.2012 00:16:48
До Трпе, не биди зелен после преименувањето во Горна или Северна мислиш ќе биде исто се лажеш.Што мислиш Грците се будали или неуки па ќе останат само на тоа, многу се лажеш.Ако го смениш името, во ред ќе се добие датум за преговори кој има 15-тина фази кои Македонија една по една мора да ги помине со одобрување на сите членки на ЕУ- А ГРЦИЈА ПАК ЌЕ МОЖЕ ДА ТЕ БЛОКИРА кога сака и нормално кога си го сменил името ГР. ќе очекува после да го смениш и јазикот,идентитетот и се така по ред.Ќе бидам поедноставен кога еднаш ќе дадеш ќе даваш нон-стоп.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 8°C

Ведро

Сабота
Ведро
Макс: 23°C, Мин: 11°C

Недела
Сончево
Макс: 29°C, Мин: 13°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (6)
Голооточки и дедињски молчаливци. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
(ИНТЕРВЈУ) Рихард Самел - Ми беше чест да го играм Шпиц
„Ми се допадна дизајнот на Дарко Митревски, Шпиц e со квалитети кои во тоа време беа монополизирани од нацистите: дисцип...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |