19.09.2012, 16:17 ДУИ блокираше владин закон
Не се гледа светло во собранискиот тунел. Денеска и тоа се случи - не помина Законот за земјоделство и рурален развој предложен од Владата затоа што коалицискиот партнер на ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, гласаше против, а опозицијата беше воздржана. ВМРО-ДПМНЕ без „интегративците“ немаше мнозинство за да се изгласа законот.
Барањето на пратениците од опозицијата беше преку амандман да се овозможи поголема транспарентност на доделувањето на субвенциите.
Како и пред неколку дена за време на жестоката надзорна расправа, опозицијата укажа на низа примери за притисок и нетранспарентно и незаконско доделување субвенции.
Министерот Љупчо Димовски п��тенцираше дека одлуката кој и колку пари ќе добие зависи единствено од Агенцијата за финансиска подршка на земјоделството и руралниот развој.
„Не сум јас тој што испратил инспекција во Факултетско стопанство Трубарево, бидете сигурни во тоа“, одговори министерот Димовски.
ВМРО-ДПМНЕ, пак, обвини дека СДСМ ги злоупотребува земјоделците и дека во нивно време немаат ништо направено. Откога е владата на Груевски, само од субвенциите за тутунот во општина Прилеп влегуваа 40 милиони евра, велат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.
|