19.09.2012, 17:09 Анкета - Слупчане не е гест за помирување, Бесими да се извини
Мнозинството граѓани сметаат дека кризата треба да се надмине преку дијалог во институциите, а опцијата за ново мнозинство има најмалку приврзаници
Министерот за одбрана, Фатмир Бесими, треба да се извини за поклонувањето пред споменикот на ОНА во Слупчане, бидејќи тој чин не придонесува за помирување... Вака размислуваат мнозинството македонски граѓани, според резултатите од испитувањето на јавното мислење што го реализираа Институтот за демократија и Македонскиот центар за меѓународна соработка.
Во анкетата, што е спроведена од 14 до 17 септември, учествувале 1.100 испитаници, при што мнозинството од нив (58 проценти) се изјасниле дека настанот во Слупчане не придонесува кон помирување, а спротивен став имале 31 процент. Резултатите од одговорите на ова прашање јасно упатуваат на голем јаз во ставовите меѓу етничките Албанци и Македонци. Тоа дека Слупчане е гест за помирување сметаат 80 проценти од анкетираните припадници на албанската заедница, додека негативен одговор имаат 73 проценти од етничките Македонци. Според Институтот за демократија, најголем процент на испитаници кои одговориле со „не“ се од од високообразованата популација (79 проценти). Со постапката на министерот, генерално, не се согласуваат и испитаниците над 60 години.
Слични се параметрите на прашањето дали министерот Бесими треба да се извини за настанот во Слупчане, кој беше увертира во владината криза. Од вкупниот број анкетирани, дека Бесими треба да се извини се изјасниле 60 проценти, од кои 78 проценти се Македонци, додека дека нема потреба од извинување сметаат 29 проценти, од кои 83 отсто се Албанци.
Речиси половината од испитаниците (49 проценти) сметаат дека кризата треба да се надмине преку дијалог во институциите. Најмалку приврзаници, пак, има опцијата за ново парламентарно мнозинство без ВМРО-ДПМНЕ (13 проценти), додека за два процента е повисока бројката на анкетирани кои се за предвремени избори (15 проценти). Дека не постои криза сметаат 10 отсто од испитаниците. (П.Р.) |
|
Статијата е прочитана 745 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Itar Pejo, 20.09.2012 00:11:48 | A da napravea anketa dali Solun da i pripadne na Makedonija? |
| Сашо, 20.09.2012 01:28:03 | Да се обидам да дадам мислење без да навредам никого. Министерот за одбрана веќе двапати се извини за навредените чуства. Дополнително сметам дека цела јавност треба да размислува со изладени глави, а не со повици на омраза. Тука особено предничат пратениците од сите партии и одредени медиуми кои ја вжештуваат атмосферата. Да се обидеме да се потсетиме дека со закон припадниците на ОНА се амнестираа. Според тоа тие формираа политичка партија и беа избрани за пратеници и министри. Значи дека живите поранешни припадници на ОНА се во владата и се дел од политичкиот и јавниот живот. Тогаш дали амнестијата важи за сите или само за живите? Од друга страна министерот морал да започне дијалог ако планирал таков чин. Сепак мораме да размислуваме кон иднината, Франција и Германија имаа огромни жртви во меѓусебните војни, но денес се предводници на Европската Унија. Зошто да не бидеме предводници и ние? |
| Martin, 20.09.2012 03:12:40 | После работно време може секој кај сака да иде и да се поклонува кај сака. Министерот за тоа што го направи треба да се поведе постапка и да се симне таа униформа од него. |
| mkd, 20.09.2012 10:35:26 | mislam deka ministerot e ok, covekot si postapil ispravno |
| srebre, 20.09.2012 10:35:47 | ziveete vo magla makedoncinja,zosto se boreja vo 2001g za da berat krusi...albancite ziveat vo drug svet tie gledat i citat medii na drug jazik medii na kosovo,albanija takasto na toj nacin kako da ziveat vo druga drzava samo formalno se vo makedonija na papir zatoa ce ima uste mnogu slupcani spadnete na zemja podelba federacija,konfederacia ili celosna podelba se drugo e vetar i magla. |
| Patrioti, napravete razlika!, 20.09.2012 11:44:14 | Slupchane e i ne e grev, vo zavisnost od kade se gleda. No od onaa strana od kade se gleda grevot, ne znam zoshto tolkava buka i opshta pobuna, a nitu zbor za avtentichnoto tolkuvanje. A avtentichnoto tolkuvanje e zlochin (ne vencite) so koj se aboliciraa zlochincite. Napravete razlika pomedju borci i zlochinci, no ne izopachena. Borcite se priznaeni spored site medjunarodni zakoni i propisi, a spored istite tie zakoni, zlochincite ne mozat so nishto da se amnestiraat. A se amnestiraa. Ve prashuvam dragi patrioti, koj i kako go toa stori i zoshto se izvrtuvaat rabotite? Inache, najmalku gi branam albancite. So svoeto nasilnichko ponashanje i *nevinashkiot* nastap pred medjunarodniot faktor, i mene mi idat na zivci. Vo povece navrati sum komentiral da se najmalku naivni, jadni i za zalenje. Naprotiv! |
| Мартинез, 20.09.2012 12:33:09 | Мартине , ти кажал ли некој дека министерот не носи униформа? Кој да поведе постапка , Хорхе, Грујо?! Сигурен си?Што чекаат? |
| ez-mani, 20.09.2012 16:17:26 | toj shto e chovek i prav vernik mnogu dobro znae deka sekoj chovek se ragja so isti prava dadeni od gospod citiram dadeni od gospod a ne od politicharite albanci i politicharite makedonci.vo vojnata zaginaa nevini lugje, i mnogu pravedno ima postapeno ministerot besimi odavajqi im pochest na nivnite spomenici.ako sakaat makedoncite i allbancite da zhivaat zaedno vo makedonija bez uslovno treba ednite na drugite da im gi pochituvaat svojite prava zagarantirani od gospod,vo sprotivno gjavolot so vojskata na antihristot qe go igra oroto na vojnata i obata etniteti posle qe bideme porobeni i napateni.a toa qe ni bide kako bozhja kazna. |
| do Saso, 20.09.2012 16:52:49 | Ministerot ne se izvini samo izrazi zalenje,a toa ne e isto.Negovoto zalenje e poradi toa sto go osudivme negovoto odnesuvanje i rece deka pak toa vo Slupcane bi go napravil..Neka se prestane so baranje opravduvanja za gluposta sto ja napravi ministerot. |
| гимнастика на умот, 20.09.2012 17:46:05 | Бидна што бидна.Понатомошнот третирање на темава само ја влошува перцепцијата.Во моментов давање коментари на оваа тема и не е баш лесна работа,заради можностра граѓаните со однапред зацементиран став ќе те сватат добро или лошо.Но во интерес на смирување на состојбата,и правото на гледање на настанот од различни агли на еден ист човек,може да се каже,зашто да не и ова.Зашто некој не би се запрашпал зошто албанците да не бараа извинување за поиклонението на обележјето кај Карпалак.Ако пак се повлекуваат паралели по различни основи,најдобро нека остане случајов како вевчанскиот,со извинување ама без извинување. |
| blu win, 20.09.2012 19:20:41 | Da se smirime!!!!!! Akoj ke se zanimava so istorija togas? |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 18°C
Делумно облачно
|
Петок
Сончево
Макс: 21°C, Мин: 6°C
|
Сабота
Сончево
Макс: 24°C, Мин: 13°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз - Титова Совладетелка (5)Владетелот и совладетелката често не беа на „иста бранова должина“. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“ |
|