Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Втора страница На прво место Политика Македонија Економија Хроника Едиторијал Анализа Мислења Свет Култура Спорт Скопје Забава Некролог Хороскоп Што прават денеска
Втора страница
18.09.2009, 17:39

Поглед

Има ли лек за аптекарите

Снежана Калабакова

Остана ли нешто недопрено од долгата македонска транзиција, ако и „Градски аптеки“ ставија клуч на врата. Вработените веќе седум месеци не примиле плата и без денар в џеб дојдоа на работ на својата егзистенција. Рафтовите на аптеките останаа речиси празни, пациентите неуслужени, а белите мантили поцрвенеа од срам поради она што им се случува. Правната држава не функционира, а разврската на случајот „Градски аптеки“ остана заплеткана во правните лавиринти.

Двајцата содружници во уделите на „Градски аптеки“, се чини, нема и не можат да најдат заеднички јазик да го решат проблемот, да ги исплатат вработените и да ги наполнат аптеките. Така ќе го решат случајот и во полза на вработените и во полза на пациентите, кои го извлекуваат подебелиот крај поради нивното несогласување. Двајцата ја преминаа границата на добро однесување, кога дозволија јавно да се навредуваат и меѓусебно да се напаѓаат. Вулгарниот однос што беше манифестиран на недоличен начин го демонстрираа на завчерашните вести на телевизијата А1.

Наместо да одговорат на поставените прашања на новинарката, која со крајни напори се обидуваше да дојде до збор, тие освен што рекоа дека им е жал што им се случува ова на вработените, не искажаа волја за решение.

Уште еднаш, по минатиот вулгарен дуел на состанокот на Управниот одбор на „Градски аптеки“, ја покажаа огромната нетрпеливост еден спрема друг. Ова е само доказ дека влегувањето на приватизацијата во рамките на брендот каков што беше „Градски аптеки“ оди во правец на неговото уништување, наместо да се продолжи со развој. Мотив очигледно е борбата за превласт и, секако, поголема финансиска моќ. И додека едните се стремат да направат повеќе пари, вработените останаа без гола егзистенција.


Статијата е прочитана 1516 пати.

Испрати коментар



Вербатим
Папата поканет да ја посети Македонија
В година нови 70 македонски мировници во Авганистан
Нема напредок кон ЕУ без решение за името



Kolo Diamantot, 19.09.2009 07:01:26
Tie nemaat milost sprema vrabotenite . Ama ic ne im e gajle deka tie luge vo gradski apteki ne zemale 7 meseci plata. Licno mislev deka nesto ima vo tie luge za zal mnogu prosti se pokazaa pred javnosta. Mnogu se sumljivi dokolku se ispita nivnata privatizacia ima kriminal.
ФЕЛИКС, 19.09.2009 07:20:06
Можеби лекот е на повидок ако се точни вчерашните информации да финансиската полиција почнува да ја ,,чешла ,, приватизацијата и работењето на ГА.Гулабот таклабас и неуспешниот ексградоначалник ја покажаа сета примитивност и нааканост на А2,ете тоа се транзиционите олигарси потпомогнати од двете опции.Гулабот таклабас од СДСМ во лефтерната хуманитарна хоби организација на сопругата на благонадежниот блгарин и пак во СДСМ 2оо2 год.И вториот ВМРО-ски кандидат за градоначалник а потоа лут непријател .Се на се ментална нехигиена на дотичните.
Koj sadi tikvi so Bari?, 19.09.2009 08:43:10
Sekoj koj se nafatil da"sadi tikvi" so mehandjisko, t.n. Bari istite mu se udiraat od glava. Samo neka proveri trudovata inspekcija na kakvo maltretiranje se izlozeni zaposlenite farmaceuti vo Zegin . Gi prisiluvat da bidat i cistaci , a gi placa po 6000 dena so vremeni dogovori na tri meseci, a potoa gi otpusta pa prima drugi. Vistinska eksploatacija od od raniot kapitalizam vo 17 vek.Toj za profit e vo sostojba da napravi se. nema ni dusa ni moral.
Стојче, 19.09.2009 14:41:06
А каде беа досега запослените на градски аптеки? Како и секогаш чекаат детето да падне во бунар па да се организираат. Акциите, штрајковите и вклучувањето на политичките партии требаше да дојде многу порано. Сега стојат пред свшен чин: „Градски аптеки" ќе одат во стечај а запослените ќе останат без работа. Граѓаните на Македонија треба да научат да се борат за своите права а не да чекаат на подароци да паднат од небо.
Petre, 20.09.2009 09:05:54
a ne primetuva nikoj deka i pored toa sto Farmacijata e zastitena od uvoz ko mecka ( se prasuvam do koga) ima PREMNOGU apteki ?? a sto fa kazat inzinerite od tehnickite nauki, se ispozatvorija site golemi fabriki, gi izbrkaa na ulica mnogumina i bez nikakvi otpremnini a stazot neplaten, tie ne se interesni za mediumite

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 18°C

Претежно облачно

Недела
Претежно облачно
Макс: 26°C, Мин: 11°C

Понеделник
Локални грмотевици
Макс: 26°C, Мин: 10°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (25)
Сомневање во лојалноста на Јованка. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Се надевам дека Загор ќе биде бесмртен
Мауро Лоренти, цртачот на стрип-ликот Загор е гостин на актуелниот „Стрип-салон“ во Велес...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Втора страница | На прво место | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Едиторијал | Анализа | Мислења | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Некролог | Хороскоп | Што прават денеска |