Хороскоп
Овен
По секоја цена сакате да истерате некоја своја правда. Ви недостасува толеранција. Мислите дека секогаш сте во право, а дека сите околу вас грешат. Ако ги промените ставот и однесувањето, имате шанса совршено да го поминете денот.
Бик
Сонувате за средба од која премногу очекувате, бидете внимателни може да
се разочарате. Занимвајте се со уметност ако сакате да го ублажите незадоволството. Посакувате долги патувања, но мора да бидете трпеливи.
Близнаци
Исклучително друштвен ден полн со конструктивни идеи и успешни контакти. Некој се труди да ги минира вашите потези, но тоа нема да му оди од рака. Ве очекуваат многу активности, динамика и среќа, но само ако избегнувате расправии.
Рак
Не се чувствувате лошо. Со партнерот ве очекува заеднички успех и блиски односи. Потрудете се да ги прифатите сите обврски кои од вас се очекуваат. Како што гледате, ништо не е ниту црно ниту бело. Внимавајте на здравјето.
Лав
Потрудете се да ги поправите недоразбирањата со личноста што ја сакате. Можни се сериозни здравствени проблеми затоа внимавајте на исхраната. Бидете внимателни на работното место и завршувајте ги обврските на време.
Девица
Доколку не сте наметливи, ќе избегнете омраза од соработниците. Имате прекрасни особини, но морате да бидете посмирени. Во последно време го нервирате партнерот, па затоа потрудете се да најдете златна средина. Потрудете се да организирате нова работа.
Терезија
Превисоко летнавте, но и тешко ја прифаќате суровата стварност. Уметничките души ќе бидат среќни и за сето незадоволство ќе најдат компензација во уметноста. Внимавајте на нервниот систем, но и на парите.
Скорпија
Иако сте успешни на работното место можни се здравствени проблеми. Пречувствителни сте и многу размислувате, но оправдано ви е. Доколку успеете на момент да го оддалечите партнерот од себе, ситуацијата ќе биде полесна. Времето работи за вас, па затоа тактизирајте.
Стрелец
Максимално се потрошивте на работното место затоа имате потреба да се релаксирате и да уживате. Моменталните планови ви се нереални, заборавете на неа. Свртете се кон уметноста, филозофијата и спортот. Во љубовта сте на по��решен пат, партнерот не е она што замислувате.
Јарец
Во план ви се дружења. Голем дел од пријателите ги отфрливте од себе. Потрудете се да бидете реални ако сакате да избегнете разочарување. Потрудете се да ги согледате сопствените слабости. Со партнерот по секоја цена ќе ја истерате правдата.
Водолија
Денешниот ден ќе ви помине во посебно расположение. Ве очекува интензивно дружење со некој што ви се допаѓа, а може да очекувате и врска. Апетитот ви е зголемен, а неадекватната исхрана ви влијае на здравјето. Бидете внимателни.
Риби
Несериозни сте и тврдоглави, а тоа само ви штети. Потребно ви е разумно да размислите, но и морате да се одморите. Чувствителни сте и затоа внимавајте на повреди. Потрудете се да ги подобрите односите со партнерот.
|