Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
18.06.2012, 18:00

И на ГТЦ му се крои барокна фасада

На конкурсот за идејно решение за фасадно обликување на трговскиот се сугерираат три стила за фасадата: класицизам, барок и футуризам

Билјана Ангеловска

Големи се шансите и Градскиот трговски центар во Скопје да добие барокна фасада. По веќе проверениот рецепт, кој се покажа успешен дури и онаму каде што најмалку се очекуваше (на зградата на Владата), сега и најстариот, најголем и најатрактивен трговски центар во државата ќе го менува ликот. Како ќе изгледа во иднина се' уште е рано да се каже, но изборот не е многу голем, со оглед на тоа дека одговорните во ГТЦ сугерираат решение меѓу три стила: класицизам, барок или футуризам.

Деновиве беше објавен конкурс за изработка на идејно решение за надворешно фасадно обликување на Градскиот трговски центар „Скопје“ со надградба од еден кат и негово целосно затворање со нова фасада. Конкурсот е јавен и анонимен и на него можат да учествуваат и домашни и странски физички и правни лица.

Неоставањето простор за слободно архитектонско размислување и сугерирањето израз од нестручни служби, ја наметнува констатацијата дека ГТЦ, дефинитивно, ќе ја изгуби чистата современа модерна архитектонска линија. Самиот конкурс е доволна потврда за такво нешто, со оглед на тоа дека тој сам го негира пред две-три години избраното идејно решение за негова надградба од уште еден кат, кога беа доделени прва и втора награда.

Директорот на ГТЦ, Аго Абазовски, во изјава за „Дневник“ вели дека објектот треба да се вклопи во околината. Не е тешко да се претпостави во кој правец ќе се движи вклопувањето, бидејќи најголем дел од околните стари објекти веќе се обликуваат во барокот наметнат со новите градби од проектот „Скопје 2014“. Легитимитетот на намерата за целосно нов изглед на ГТЦ би требало да го обезбеди компетентната жири-комисија која ќе ги оценува пристигнатите трудови. Професорите Георги Константиновски, Митко Хаџи Пуља, Виолета Бакалчева, Петар Цветановски би требало да бидат гаранција дека ќе биде избрано најдоброто идејно решение. Дали ќе биде тоа така, останува да се види.

Архитектите што ги контактиравме рекоа оти до сега тие го немаат ставено својот потпис дека се согласуваат да бидат членови на жирито. Велат дека иако имале еден состанок уште пред Нова година на кој начелно било дискутирано околу надградбата на Трговскиот, досега никој од надлежните од ГТЦ не контактирал со нив за да биде потврдено нивното членство во жири- комисијата. Нивниот став е повеќе од јасен, тие не се согласуваат со такви драстични промени на изгледот на објектот.

„Не е во ред да се наметнува или да се влијае на стилот на новата фасада, каков и да е', а пред се' барок. Јас никогаш нема да се согласам на такво нешто. ГТЦ има модерна архитектура, која мора да се задржи како историско наследство. Голема глупост е да се враќаме назад со стиловите“, категоричен е доајенот на македонската архитектура, проф. Георги Константиновски.

Според него, еден од најдобрите примери на современа архитектура која може да биде обновена без да и' се изгуби основната стилска линија е Градската болница. Константиновски смета дека е многу потешко да се проектира современ израз отколку да се прави емитација на стилови, што претставува само шминка, без вистинска вредност. Веројатно тоа е и причината поради која многу млади архитекти учествуваат на вакви конкурси.

Речиси идентичен став со Константиновски има и професорката на Американ колеџ, Виолета Бакалчева. Зборувајќи и како архитект, но, пред се', како граѓанин на Скопје кој секојдневно минува низ ГТЦ, таа потенцира дека има посебен респект кон објектот кој има голем технолошки дострел.

„Мора да се препознаваат вредностите на објектот, кој не е само трговски центар, туку е и инфраструктурен објект. Неговиот партер е отворен и лебди, приземјето им припаѓа и на паркот ’Жена-борец‘, и на Кејот, и на Плоштадот. Тој е порозен, проткаен со околината и тоа не смее да се изгуби. Никогаш нема да се согласам на нешто што ќе придонесе да се изгуби неговата препознатливост“, вели Бакалчева, која со ГТЦ има и емотивна врска - таа е внука на неговиот идеен творец, архитектот Живко Поповски.

Како гл��да на новиот лик на ГТЦ со евентуален барокен стил еден од авторите на ултрамодерниот објект „Лумикс“, изграден пред самиот влез на трговскиот, професорот Митко Хаџи Пуља, не успеавме да дознаеме. Вчера беше невозможно тој да се добие на телефон, бидејќи не се јавуваше, туку можеше само да се остави порака. Хаџи Пуља не одговори на нашата порака. На нашите инстистирања да добиеме објаснување не одговори ниту директорот на ГТЦ, Абазовски. Тој вчера, како што ни беше речено од неговата канцеларија, постојано бил на состаноци.

Новиот лик во 2015

Конкурсот за избор на идејно решение за нова фасада на ГТЦ трае до 18 октомври годинава, а резултатите ќе бидат објавени 20 дена подоцна. Потоа, во управата на ГТЦ ќе биде отворена изложба, која ќе трае 10 дена. Неофицијално се говори дека трговскиот ќе го добие новиот лик во 2015 година.

 


Статијата е прочитана 2472 пати.

Испрати коментар



Црвенковски
Големите успеси издишаа
Интервју - Историските личности не се пинг-понг топчиња
Колку е богат Субрата Рој?
Нова влада - стар песимизам
Пат низ трње за новата грчка влада



ФД, 19.06.2012 08:57:27
„Не е во ред да се наметнува или да се влијае на стилот на новата фасада, каков и да е, а пред се барок. Јас никогаш нема да се согласам на такво нешто. ГТЦ има модерна архитектура, (Дел од изјавата во текстот) -Во Уганда има помодерна архитектонска изведба на ТЦ отколку на ГТЦ во Скопје. -оставете помладите архитекти да дојдат до израз,а постарите модерни архитекти нека чуваат внучиња. -ГТЦ не е ИСТОРИСКИ СПОМЕНИК во стилот на биг бен или кривата кула во пиза па мора да се зачува неговата форма ,едноставно треба да служи како Трговски центар уреден,чист ,вклопен во средината и атрактивен. -Во Скопје има изградени повеќе модерни трговски центри и веќе сите знаат како изгледа модерен ТЦ. -Јас ГО избирам БАРОКОТ плоштадот тоа го бара!
ultra, 19.06.2012 17:46:51
ULTRAMODEREN objekt na Lumiks ??? Zaradi vakvi ultri i ne snajde barokot !! Nesposobni za nisto osven za falenje.
Od Avram, 19.06.2012 19:54:16
Se prasuvam kako ce gi napravat trite kuli sto se vo sklop na trgovskiot da izgledaat barokni ili pa mozebi ce gi srusat?! Se e mozno od ovaa postava...gradat barokni zdanija vo srceto na Balkanot?!Koj barok ve spopadnal, 5 veka sme bile pod tursko, se sto znaeme e gradenje kuci od kerpic i lepeski.Edinstveno Ohrid imal nekakva gradska arhitektura i taa pod vlijanie na turcite.Pratete go toa a, ne barok!!!!!????Cardaci....

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 12°C

Делумно облачно

Четврток
Сончево
Макс: 13°C, Мин: 2°C

Петок
Делумно облачно
Макс: 16°C, Мин: 1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (46)
Амбициите на Даријана. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Настани
(ВИДЕО) Скопје 2014 во новиот спот на Macedonia Timeless
Главниот фокус во најновиот спот на Macedonia Timeless е општина Центар, односно градбите и спомениците од проектот Скоп...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Еко��омија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |