Хороскоп
Овен
Многу вообичаено за вас, се наоѓате во период исполнет со задоволства што ќе бидат насочени кон саканото лице. Бидете оптимист и надевајте се на најдоброто. Подгответе се за добар помин со многу љубов и внимание.
Бик
Успехот се должи на шармот што го поседувате во големи количества. Колегите немаат срце да ве одбијат, а партнерот прави с? за да ве придобие. Денот ќе ви биде во знакот на пријатни настани. Чувството дека сте сакани ви годи.
Близнаци
Немате јасна претстава за настаните што следуваат. Само фантазирате, а не сте ни свесни за можните компликации. Ви се советува внимание не само кога се во прашање парите туку и с? друго. Потрудете се да ја смирите конфузната ситуација.
Рак
Премногу сте љубопитни, па затоа и пријателите бараат од вас некој совет. Добро знаете како да ги совладате проблемите на најлесен начин. Обидете се малку да се осамите, бидејќи пријателите веќе ви се качија на глава.
Лав
Чувствувате потреба за размена на идеи. Но, уште на првиот чекор ве очекуваат разочарувања. Мора да бидете свесни дека моментално смислата за комуникација не ви е силна страна. Ви се советува да бидете пообјективни.
Девица
Интуицијата ви говори како да се однесувате. Ако го послушате нејзиниот глас, шансите за успех се големи. Денот е добар и за некои активности што бараат имагинација. Исполнете го со глума, бидејќи во тоа сте добри
Терезија
Убаво изгледате, а се чувствувате уште поубаво. Сега гледате со повеќе оптимизам. Бидејќи за брзо време ве очекува некоја прослава, подгответе поголема сума пари. Ако не ви појде од рака, не грижете се бидејќи партнерот е тука да ви излезе во пресрет.
Скорпија
Многу бурно реагирате во некои кризни ситуации. Ви недостасува одлучност, па незадоволството комбинирано со страв се манифестира во вид на стрес. Работната ситуација е под строга контрола. Кога е во прашање љубовта, вие сте постојано напнати.
Стрелец
Полни сте со оптимизам во борбата со проблемите. Ги совладувате сите предизвици. Бидејќи се чувствувате повеќе од одлично, обидете се оваа состојба да ја држите подолго. Не оптоварувајте се со глупости и со нешто за кое не знаете однапред како ќе се одвива.
Јарец
И понатаму постои опасност од повреди и операции, бидете уште ден-два претпазливи и ќе ги избегнете непријатните моменти. Бегајте од Водолиите и од Овните, бидејќи не се добри како ваши соработници.
Водолија
Се наоѓате во состојба на блага емотивна напнатост. Причината за таквата состојба е индивидуална. Размислувате и за некоја промена на средината. Обидете се да го промените пристапот кон околината и да бидете потолерантни.
Риби
Моќта за имагинација е изразена. Смислата за уметност и паранормалните феномени, исто така, се на преден план. Пријателите и вашиот партнер ги согледаа вашите слаби страни, па сега поведете и вие малку сметка како ќе се однесувате во иднина
|