05.10.2012, 18:28 „Карфур“ ја раздвижи конкуренцијата
Пониските цени во новиот хипермаркет поттикнаа некои маркети во Скопје да ги намалат цените на одредени производи
Деспина Траjковска
И вториот ден по отворањето на хипермаркетот „Карфур“ реки народ со натоварени ќеси излегуваа од новиот трговски центар. Други, пак, со нетрпение очекуваа да влезат бидејќи поради големата навалица, влезот во хипермаркетот беше регулиран со обезбедување, кое вчера на секои дваесетина минути пропушташе групи потрошувачи.
Гледано од страна, човек да се запраша толку ли е евтино, што е тоа што го има таму, а го нема во другите маркети? И, додека во „Карфур“ врвулици од народ се разминуваа по рафтовите, во другите поголеми маркети во Скопје атмосферата беше неспоредливо поразлично. Но, сепак, далеку од вообичаената. Во некои од нив, сведочат одредени дистрибутери, речиси и да немало потреба од надополнување со роба, што инаку им било вообичаена секојдневна активност. Во „Карфур“, пак, одредени рафтови се празнеа за час, дотур на стока на некои производи се вршеше на секои дваесетина минути, се' течеше како на филмска лента. Но, тоа не беше случај и на касите, кои втор ден по ред дали од турборабота или од други причини, на моменти се блокираа. Потрошувачите што вчера ги затекнавме пред „Скопје сити мол“ излегуваа натоварени со најмалку 7-8 кеси од „Карфур“. Секој од нив имаше различно искуство и впечаток.
Некој дошол да пазари од љубопитност, некој да провери дали навистина некои производи буквално се со преполовена цена во однос на другите на пазарот, а други само за да ги споредат цените со другите големи маркети во градот. Дел од оние што пазареа рекоа дека дошле дури од Сопиште, имаше граѓани и од Скопје Север. Сепак, вчера најбројни беа пензионерите, некои поради ниските пензии, а начуле дека во „Карфур“ е евтино, други, пак, само од љубопитност, и онака градскиот превоз вчера им беше бесплатен.
Но, сите тие граѓани констатираа дека францускиот синџир маркети го раздвижи пазарот. Конкурентните маркети (не)очекувано почнаа со слични акции и тоа на сродни производи кои во „Карфур“ овие два дена се по багателни цени. Останатите скопски маркети „удрија“ на рекламирање, одредени производи преку ноќ почнаа да ги продаваат по цени двојно, па и тројно пониски од вообичаените. Купувачите што случајно се затекнаа во овие маркети, а не знаеја за намалувањата, земаа по неколку парчиња од еден ист производ, бидејќи, како што велат, не се знае кога повторно ќе начекаат така ниски цени.
Сепак, некои маркети продолжија само со вообичаените викенд или неколкудневни акции на одредени производи со верување дека „треската“ што ја предизвика „Карфур“ ќе трае кусо, само неколку дена. А, дали е така, ќе покаже времето. Но, факт е дека на Скопје му требаше хипермаркет од ваков тип и тоа токму во време кога перманентно се бележи пад на потрошувачката моќ на граѓаните како резултат на секојдневниот раст на цените. |
|
Статијата е прочитана 13635 пати.
|
Испрати коментар
|
|
jovan, 06.10.2012 00:28:59 | Neopravdano se velica i reklamira ovoj*uspeh*na Karfur. Kako prvo, toa bea nerealni ceni so proizvodi od dobavuvaci koj se*uceneti* da doniraat dokolku sakaat potoa da prodavaat tamu, pa Karfur gi prodava posto zasto za da se reklamira. Vtoro, ne izdavaat fiskalni smetki, a drzavata toa go tolerira, dodeka nekoj za neplakanje danok i neizdavanje fiskalni lezi zatvor(Velija). Narodot kako narod vo ovaa bedotija ova dobro im dojde pa se raduvaat(makar i 5-6 dena traelo). Me cudat samo ostanatite marketi(Tinex. Tediko....) zosto molcat i ne reagiraat na ovie nepravilnosti, bidejki dokolkju i oni ne bi izdavale fiskalni i oni bi bile 20setina procenti poeftini. Inaku za ponataka, ne veruvam deka ke bidat poeftini i bogznae kolku konkurentni. Standardot ovde e katastrofa, a takvite firmi ne se nauceni da rabotat so bedno naselenie. Vo toj trgovski ke kupuvaat 2-3% od narodot, a ostanatite ke setaat i plaknat oci. |
| mkd, 06.10.2012 00:51:58 | Za zal za euforicnite kupuvaci sekoe cudo trae 3 dena |
| fipomkd, 06.10.2012 09:16:20 | Vcera bev vo SkopjeCityMall i mozam da kazam deka navistina mi se dopadna, a na Skopje mu trebase ovakvo nesto, osobeno posle nekolku neuspesni obidi na sozdavanje na mall-ovi bez hrabrost da se napravi nesto so ovakava normalna golemina. Vo Carrefour ne vlegov poradi navistina golemata guzva, no imav prilika da go posetam nekolkupati vo Grcija pa spored predhodnite iskustva mozam da ve uveram deka sigurno ke imaat poniski ceni od Vero, Tinex, Tediko i kompanija koja go dere narodov so decenii. Tolku bezobzirno go dere narodot sto malce im bea marzite sto dostignuvaa i do 100-200% od realnata cena pa udrija po dzepot na narodot naplakjajki im kesi sto e MIZERIJA. A sto se odnesuva do komentarot na g-dinot koj tvrdi deka bile ucenuvani nekoi proizvoditeli za otidat so minimalna zarabotka mozam samo glasno da se nasmeam od pricina sto pogolemi ucenuvaci na istite tie firmi od Tinex i Vero nema. Ona sto isklucivo gi interesira Vero, Tinex i Co. e cist EXTRA profit nisto drugo. |
| volter, 06.10.2012 09:52:17 | Ова е сосема нормален потег на еден голем супермаркет кој по прв пат се појавува на пазарот. Со продавање на одреден број на производи по дампинг цени, привлече огромен број посетители и доби реклама многу поголема отколку тие пари со кои ја покрива загубата од продажбата на овие производи, да ги дадеше за реклама на телевизија. Па откако се отвори сите зборат само за тоа, сите весници и телевизии известуваат за тоа. Има ли од ова подобра реклама и тоа бесплатно?
|
| Gogo, 06.10.2012 12:05:40 | Samo sakam da napomenam deka vo odredeni situacii moze da se izdavaat paragoni(koga sistemot e padnat ili fiskalnata e blokirana)toa e dozvoleno so zakon od UJP. |
| pravda, 06.10.2012 12:06:39 | cenite se namaleni no treba da se ima predvid deka se raboti za otvaranje i pozicioniranje na nov market na pazarot namaluvanjeto na cenite e edinstven nacin da se nametnes na pazarot.tie ceni se nerealni i ke traat kratok period.inaku ogromen pritisok e napraven vrz firmite da gi dadat proizvodite po poniski ceni zatoa i golem broj firmi gi nema vo carfur.stvarno ne mi e jasno zasto nikoj ne reagira na toa sto ne se izdavaat fiskalni smetki zarem ova ne bese pravna i demokratska drzava ako moze mala prodavncia od 50 kvadrati so mesecen promet od 20 000-30 000 den da izdava fiskalna smetka zasto togas hipermarket so dneven promet od 3 000 000 denari ako ne i poveke da ne izdava fiskalna razmislete kolkava e stetata sto se nanesuva na budzetot na Republika Makedonija . |
| [email protected], 06.10.2012 13:36:57 | vakvo nesto navistina trbase ama ovie ceni da ostanat a ne samo dva tri dena pa da nema tepacki pred vrata toa na nisto ne lici kako ofci se guraat se tepaat toa e navistina strasno nekoj i da saka da vleze ke se otkaze i zatoa treba da ostanat ovie ceni i sekoj koj saka da pazari da si pojde a poradi toa ke bidat primorani kako sto kazafte i drugite marketi da gi simnat cenite pozdrav |
| Dimitar, 06.10.2012 15:10:41 | 2 -3 ДЕНА ОД КАКО СЕ ОТВОРИ МАРКЕТОТ СЕ ИЗНАЧИТАВ МИЛИОН КРИТИКИ,КАКО Е ТАМУ ЕВТИНО КАКО Е ТАМУ ЏАБЕ,КАКО ТАМУ ЦЕНИТЕ НЕ БИЛЕ РЕАЛНИ ИТН.... ПА ДУРИ И СО СОМНИТЕЛЕН КВАЛИТЕТ. ПОЧИТУВАНИ КРИТИЧАРИ СЕ ОДНЕСУВАТЕ КО СИТЕ ДА СТЕ СО 1000 ЕВРА ПЛАТА И ДЕМЕК ЕВТИНОВО НЕ ВИ ОДГОВАТА И КО ДА ВИ Е ИСПОД ЧЕСТ ДА КУПИТЕ ЕВТИНО.... ПА НИКОЈ НЕ ВЕ НИ ТЕРА ДА ОДИТЕ ТАМУ ДА КУПУВАТЕ АКО ВИ ЕВТИНО , КУПУВАЈТЕ КАДЕ ШТО ВИ Е ПОСКАПО. И ОСТАВЕТЕ ГО НАРОДОТ ШТО ИМА КОЛКУ ШТО ДА СИ ПАЗАТИ КАДЕ СИ САКА ПА МАКАР И ВО КАРЕФУР..... А САМО ДРН ДРН ДРН... ЈА КО БЕВ ВАМУ -ЈА КО БЕВ ТАМУ СИТЕ СТЕ ТОЛКУ ИЗНАШЕТАНИ А ЗА ЕДЕН МАРКЕТ СЕ ИЗНАЧУДИВТЕ.... МОРЕ МОРЕ МАЈКАТА.....ЦЦЦЦЦЦЦ |
| stevo, 06.10.2012 15:24:53 | sekoja ces za noviot market ,go posetiv i navistina cenite se mnogu poniski od drugite marketi ,najverovatno ke go posetuvam pocesto .vo blizina mi e a i razlikata vo cenite ne e za zanemaruvanje a za izborot da ne zboruvame .
Sekoja ses i Pozdrav |
| musterija, 06.10.2012 16:29:23 | NA SKOPJE MU TREBASE VAKOV TIP NA MARKET,SE NADEVAM NASKORO DEKA I IKEA ili METRO CE OTVORI NESTO SLICNO VO SKOPJE ZA DA ODREDENI MONOPOLISTICKI MARKETI KONECNO SVATAT DEKA NEMOZAT DA SI IGRAAT SO CENITE KAKO SAKAAT I GO DERAT MAKEDONSKIOT PAZAR,I NE MI E CUDNO STO TINEX POCNA NAGLO DA GI SPUSTA CENITE,SEGA KONECNO CE SVATIME KOLKU GI NABILDUVALE CENITE ZA ODREDENI PROIZVODI .MAKAR DA I VO CARREFOUR NEMA POPUST NA ONA STO E NAVISTINA KVALITETNO.VCERA BEV VO CARREFOUR SO FAMILIJATA EDINSTVENO STO NE MI SE DOPAGJASE E NEKULTURNIOT ODNOS NA DEL OD VRABOTENITE VO MARKETOT,KOI SE SKORO SITE BIVSI VRABOTENI OD TINEX I VERO. |
| дкм, 06.10.2012 16:54:45 | Дали само во Скопје треба да има вакви маркети.Зарем лугето во другите градови не треба да живеат и да се хранат.Низ помалите градови нема ништо од сето ова.Само продавници со ненормално високи цени
|
| p, 06.10.2012 20:12:17 | abe edna prodavnica se otvori vo drzavava i cela drzava stana na noze ne mi e jasno |
| Ljubomoren, 06.10.2012 21:47:22 | A shto da kazeme nie od provincijata? Verovatno imame mnogu pogolemi plati od skopjani. Znam, koga ke se zapuca, togaj nas ke ne viknat, kako i vo 2001 godina. Vo pravo se grcite - Republika Skopje! |
| bube, 06.10.2012 23:20:28 | mene iskreno ne mi se dopadna,ocekuvam nesto poveke ne mi izgleda deka e tolku golem kako sto se zborese,hodnicite se pretesni,plockite se nekoi eftini ,ne mi bese iscisteno ubavo ...za razlika od cosmos kade uste koga ke vlezes sveti ,pa taka e i vo ramstore i vo vero centar |
| London, 07.10.2012 10:44:36 | soseme e normalna vojna na supermrketite_ ovdeka tesco, seinsbery, m&S , wiatrose site prodavaat po ceni sto kupuvacite znaat sto dobivaat - tesco vojuva so ceni a M& a na kvalitet i waitrise na hrana so domasno poteklo - da kupuvajte britansko im e mototo
Taka i ovie nasive ke si odberat kategorija i ke se konkuriraat! dobro e za kupuvacite - ke imaat izbor a sigurno ke otvorat i po drugite gradovi
|
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 14°C
Ведро
|
Понеделник
Ведро
Макс: 21°C, Мин: 3°C
|
Вторник
Ведро
Макс: 22°C, Мин: 8°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз - Титова Совладетелка (20)Плачењето на Ранковиќ. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“ |
|