Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
11.05.2012, 21:28
Грчкиот политички трилер продолжува



Венизелос не успеа да формира влада, Грција е на чекор од нови избори

Од нашиот дописник
Миркица Поповиќ


Атина - Ни од трет пат Грција не успеа да добие влада. Лидерот на ПАСОК, Евагелос Венизелос не успеа да добие зелено светло на неговиот план за формирање заедничка влада со десничарската Нова демократија и двете партии од левицата СИРИЗА и Демократска левица. Алексис Ципрас, лидерот на СИРЗА со своето "не" стави крај на обидот за формирање заедничка влада. Венизелос се очекува утре да го врати мандатот за формирање влада кај грчкиот претседател Каролос Папуљас. Тешката штафета преминува кај грчкиот претседател. Според грчкиот устав откако ќе пропаднат обидите на лидерите на трите најпопуларни партии, следниот чекор е заедничка средба на претседателот со лидерите на сите партии кои освоиле пратенички места во грчкиот парламент. Се очекува во текот на викендот или во понеделник Папуљас да ги повика лидерите на седумте партии кои влегоа во новиот грчки парламент во обид да се договори влада. Меѓутоа ретко кој очекува чудо од лидерската средба кај Папуљас. Она што за многумина веќе е извесно се нови избори во јуни.

Ципрас беше човекот кон кого беа свртени погледите во текот на целиот ден. Неговото климнување или вртење на главата беше пресудно за разрешување на дилемата нова влада или нови избори. Венизелос заедно со лидерот на Нова демократија, Адонис Самарас и Фотис Кувелис од Демократска левица го ставија Ципрас пред свршен чин- заедничка влада или избори. Тројцата лидери преку своите изјави во текот на денот упатија обвинување кон Ципрас дека со својата популистичка реторика наместо да помага ја влошува ситуацијата на Грција во очите на меѓународната јавност. Кувелис, Самарас и Венизелос успеаа да се најдат на иста линија за формирање влада за национално единство која ќе работи да го осигура останувањето на Грција во еврозоната, а негативниот одговор од Ципрас го засили нивниот аргумент дека лидерот на партијата од левицата користејќи се со популистички методи ја втурнува Грција во нови избори и дополнително губење на време во критични моменти.

Лидерот на СИРИЗА по средбата со Венизелос, со која се заокружи обидот за формирање влада, остана на ставот дека ниту Венизелос ниту Самарас се уште не ја разбрале пораката од изборите односно одлуката на народот да го заврти грбот кон пакетот мерки за штедење договорен со ЕУ и ММФ. Одбивањето на Ципрас да соработува со тројцата лидери не наиде на големо изненадување во јавноста. Граѓаните сметаат дека по исходот од вонредните избори на 6 мај на кои СИРИЗА за прв пат се искачи до второто место, Ципрас уште посамоуверено ќе се бори на следните избори да биде прв и да проба да формира влада од партиите од левицата. Првите резултати од нови анкети за рејтинзите на партиите покажуваат дека рејтингот на СИРИЗА е во пораст и партијата на Ципрас е на прво место пред Нова демократија на Самарас, додека пак ПАСОК се на третото место.



Статијата е прочитана 1120 пати.

Испрати коментар



Дисциплински постапки против двајца вработени во МВР
Новиот бран продолжува во здравството
Пожар во барака кај скопската Железничка станица, нема повредени
Бучковски - СДСМ не се снаоѓа со пропагандата на власта
Последен обид за формирање на коалициска влада во Грција
Четири лица загинаа при пад на мал авион во Канзас
Осуда за протестите од Македонскиот полициски синдикат
Котески - Оптимист сум за НАТО самитот во Чикаго
Почина таткото на Мартин Нешкоски
Папуљас во обид да формира влада на национално единство
Во Тетово пробиен полицискиот обрач
Еден загинат во сообраќајка пред Скопје
Попоски во Брисел - Македонија е добра инвестиција за ЕУ
Од недела снижување на температурите за 10 степени, врнежи и грмежи
Се подготвува теренот за црквата „Св. Константин и Елена“
Камења и навреди на протестот во Скопје
Меркел - Нема раст со нови задолжувања
Врзана, тепана, па оставена со рачна бомба
„Скопски пазар“ одбележува 60 години постоење
Брејвик гаѓан со чевел - Убиецу, оди во пеколот!
ММФ го затега ременот и ги замрзнува платите
Шојбле - Еврозоната може да го поддржи излезот на Грција
Загина рудар во Саса
Вранишковски повторно доби две и пол години затвор
Апели за мирни протести, воздржаност и одговорност
Американската амбасада апелира на мир и воздржаност
Тачи ги повика Албанците да не учествуваат на најавените протести
Ставрески - Ќе паднат каматите и на државните записи
„Бранот“ ги однесе Бахчовановски и Башевски
Омбудсманот отвори четири предмети за Смилковци
(ФОТО) Жената божица се крена над „Жена борец“
„Аџибадем - Систина“ за две години над 1.500 операции на срце
Избрано логото за „Скопје креатива“
Трета среќа за нова грчка влада
Пола милион денари за рекреација на пензионерите
Од дрво во училиштен двор паѓаа пари
Откорнале паркет, барајќи злато
Груевски до НАТО - Да не го изгубиме тлото под нозе
Попоски во посета на Луксембург и на Белгија
Путин не доаѓа на самитот на Г-8 во САД
Масакр во Дамаск - 40 загинати од бомби
Солидарноста со Грција има граници
Сарачини - Сите плати за ОХИС до крајот на јуни
Обама прв пат ја поддржа легализацијата на геј браковите
Нема знаци за преживеани во рускиот авион што се урна во Индонезија
Рамуш Харадинај се враќа на Косово
Ни Ципрас не успеа да формира влада во Грција
Апели за мирни протести
Од Светска банка 150 милиони долари
Полицајците ќе возат „шкода јети“ или „сеат алтеја“
Груевски - Заслуживме членство во НАТО и преговори со ЕУ
Орав - Во ЕУ само со нејзините вредности
Претседателот Иванов на брифинг во МНР
Јулија Тимошенко префрлена во болница
Шест партии ќе го поддржат Тадиќ во вториот круг
Радарите ќе се следат и на мобилен телефон
Филе - Црна Гора во јуни почнува преговори
Иванов - Протестот е демократско право, но судот решава според законот
„Форд“ ќе произведува повеќе автомобили
Дневно се вршат и по три евтаназии во Белгија
Одбележување на Денот на победата над фашизмот
Ципрас ги откажува спогодбите со меѓународните кредитори
��елешанец две и пол години ја силувал 24-годишната ќерка
Харадинај привремено пуштен на слобода од Хашкиот трибунал
Плата за вработените во ОХИС по ребалансот
Честитка од Иванов до Ромпуј по повод Денот на Европа
(ФОТО) „Џонсон Мети“ вложува нови 60 милиони евра
Златни коњи се извишија спроти Собранието
Историска шанса за грчката левица
Одлуката за Бошкоски донесена, но се' уште е тајна



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 19°C

Претежно облачно

Недела
Ветровито
Макс: 22°C, Мин: 7°C

Понеделник
Обилни врнежи
Макс: 21°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |