Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Економија
26.03.2012, 17:09

Што ќе донесе Груевски од Катар

Премиерот вчера имал средба со шеикот Ал Тани, кој најавил дека следниот месец во земјава ќе допатува нивна специјална делегација

Следниот месец во земјава треба да пристигне специјална економска делегација од Катар, составена од владини претставници и бизнисмени од таа земја. Нејзината цел е да анализира за кои од проектите за кои постои интерес од тамошните компании би можеле да се донесат одлуки за инвестирање. На вчерашната средба на македонскиот премиер Никола Груевски ова му го соопштил емирот на државата Катар, Шеик Хамад бин Калифа Ал Тани.

Шеикот, кој лани во октомври беше во посета на Македонија, најавил дека во најскоро време Катар ќе отвори свое дипломатско претставништво во нашата земја, а ја пренел и заложбата на катарските власти за авионска линија меѓу двете земји.

Груевски вчера изјави дека е задоволен од посетата, која досега била над неговите очекувања. На средбите со катарските компании се разговарало за специфични проекти во областа на туризмот, енергетиката и градежништвото. „Ние им понудивме повеќе можности, повеќе проекти. Такви се слободните туристички зони што ги планираме или, пак, проекти поврзани во енергетиката или проекти каде што може да се изградат поголем број згради, куќи и резиденцијални објекти“, истакна премиерот.

Вчера Груевски требаше да се сретне и со Мохамед бин Салех Ал-Сада, министер за енергија и индустрија, а потоа беше предвидено владината делегација да присуствува на бизнис-форум со катарски компании.

Премиерот претходно го посетил катарскиот владин инвестициски фонд, втор најголем на светот, со капитализација од 400 милијарди долари. Пред менаџерите на Фондот биле презентирани можностите за инвестирање во проектот „Вардарска Долина“, како и во хидро- и термо-централи. Се претставиле и можностите за вложување во транспортните коридори и во рударството, како и во гасификацијата на земјава. Владината делегација се сретнала и со менаџерите на катарската агенција за земјоделство, каде што ги понудиле опциите за извоз на македонското јагне и на вода за пиење.

Вицепремиерот Ставрески, пак, потенцира дека биле посетени десетина катарски компании, со кои било разговарано за можностите за инвестирање во туристичките развојни зони кои се нудат во Охрид, Преспа и Дојран, а се дискутирало и за можноста за вложување во Скопје во изградба на дел од касарната „Илинден“, во резиденцијални, станбени и придружни објекти.

Што најавија Катарците за време на нивната посета на земјава пред неколку месеци? Добро упатени кругови тогаш брифираа дека инвеститори од Катар се заинтересирани да купат извори на пивка вода во земјава и да ги експлоатираат, но ја разгледуваат и можноста во својата земја да увезуваат флаширана вода од Македонија. Од катарската делегација се интересирале дали и како зделката за купување извори може да се реализира на поедноставен начин, односно без да се распишува тендер. Катарците покажале расположение и да отворат банка во Македонија, што би се случило доколку Катар вложи во други проекти.

Од Владата тогаш најавија дека посебен владин тим, кој ќе го координира вицепремиерот Владимир Пешевски, во наредниот период ќе работи на конкретизирање на проектите.

Одредени медиуми лани излегоа со бројка од половина милијарда евра кои емирот од Катар би ги инвестирал во земјава, откако подолго време ја скенирал како можна инвестициска дестинација. (Н.Н.Ф.)


Статијата е прочитана 1257 пати.

Испрати коментар



Наместо да се намалува, невработеноста расте
Дали сме во Македонија или во Буркина Фасо?
Брисел - Охрид - Скопје - Брисел секој вторник од 15 мај
Стопанска банка со пролетна понуда за станбен кредит
Нема договор меѓу вработените и газдата на туларницата
Од денеска нов шок, бензините пак поскапија



kole, 27.03.2012 03:07:13
Добра идеја, да купиле извор со вода. Можно ли е да ги трампаме изворите? Тие нам извор за нафта ние ним за вода?
nekoj, 27.03.2012 07:08:22
Ke investiraat za da moze da razvivaat terorizam kako sto pravat vo zemjite vo Evropa.
od ostrijot, 27.03.2012 09:14:34
grujevski od katar keni donese novi prikazni za podobar zivot.
jimmy1, 27.03.2012 09:39:08
Eh luge koga ke dojdat i koga ne vidat nakiteni so spomenici i baroci na gas ke padnat od radost. Duri togas ke recat; ovie baraat investicii a trosat pari za gluposti.
Istocna Makedonija, 27.03.2012 10:12:25
Od Katar bi donel kompletna odora na seik!Od Turcija-turban,od Indija odora na maharadja, od Hon-Kong kimono...i bi se zamisluval deka sum seik,sultan,maharadja....
globalizam, 27.03.2012 11:10:29
Sepak dobro zvucat vakvite vesti,belkim Makedonija ke zdivne aku minimalen del od bogatstvoto na Katar kapnekaj nas.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 11°C

Делумно облачно

Сабота
Делумно облачно
Макс: 21°C, Мин: 3°C

Недела
Обилни врнежи
Макс: 10°C, Мин: 3°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |