26.03.2012, 17:09 Нема договор меѓу вработените и газдата на туларницата
Работниците од „8 Ноември“ пак ќе протестираат
Неготино - И по неколку часа разговори меѓу работниците во неготинската Фабрика за производство на тули „8 Ноември“ и еден од со��ствениците на туларницата, не беше постигнат договор за решавање на нивните проблеми. Иако на маса биле ставени неколку разни предлози за надминување на недоразбирањата, не биле прифатен. Поради тоа, денеска тие повторно ќе излезат на протест. Ќе протестираат пред Собранието на Општина Неготино, како и пред домот на еден од директорите на „8 Ноември“.
Работниците не отстапуваат од своите барања да им бидат исплатени сите 13 заостанати плати и да се реши статусот на Фабриката, односно да се каже дали ќе оди во стечај или ќе продолжи да работи.
Пред почетокот на средбата работниците го блокираа патот Неготино - Штип, но откако беа информирани дека ќе имаат средба со првите луѓе на Фабриката, се повлекоа од блокадите. Тоа беше причина што не протестираа ни пред Советот на Општината во Неготино ни пред домот на еден од директорите. Сепак, протестот ќе продолжи денеска. (А.Д.) |