Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Хроника
05.10.2012, 18:34

Протести во Битола за поддршка на осудениот за кражба на 100 илјади евра

Славко Даскаловски тврди дека не ја ограбил 81-годишната сосетка која ги чувала парите под перница

Битола - „Славко е апсолутно невин“, „Правда за Славко“. Вака гласеа дел од транспарентите кои педесетмина роднини и пријатели на битолчанецот Славко Даскаловски-Чупето, ги носеа на вчерашниот мирен протест пред Апелацискиот суд во Битола. Даскаловски беше осуден на 10 години затвор за грабеж на 81- годишната Марија Лукаревска, а од 100.000 евра се' уште нема ниту трага.

Неговите приврзаници кои се собраа пред судот, тврдат дека Даскаловски има алиби и дека целиот случај е местенка. Тие велат дека старицата, покрај Славко, за учесник во разбојништвото посочила и полицаец. Сепак, обвинението било темелено само, наводно, врз препознавање на Даскаловски од страна на ограбената жена. Одлуката на Основниот суд не е правосилна. Осудениот Даскаловски не е во притвор, се брани од слобода и се надева дека правдата ќе ја донесе Апелацискиот суд во Битола.

„Не сум виновен, немам никаква врска со грабежот. Згрешена е постапката. Старицата е манипулирана, ја најдоа стара жена и уште ја крадат. Од банката се префрлија нејзините пари на други сметки. Главните виновници се на слобода“, тврди осудениот Даскаловски.

Соседите и неговите пријатели тврдат дека во времето кога полицијата посочува дека било направено разбојништвото, обвинетиот го чистел паркот пред својата зграда, за што има повеќемина сведоци. Обвинуваат дека овој случај е монтиран, иако немаат одговор кој би бил мотивот. „Јас сум сведок дека пред зградата растоваравме чакал, заедно бевме и не' видоа луѓе. Имаме сведоци за тоа“, рече сведокот Ѓорги Ванчовски.

„Ова што му го направија на човекот е полициска монтажа. Како може полицаецот кој беше исто така посочен од старицата да не е во затвор, а Славе да е осуден. Не може вака едниот на слобода, а другиот надвор“, рече револтирано битолчанецот Методија Атанасов.

Бранителот на Даскаловски, битолскиот адвокат Васко Ѓоргиев, вели дека нивните аргументи се потпираат врз извршена ДНК-анализа, и од таму смета дека одлуката на Основниот суд е незаконита.

„Имаме алиби дека обвинетиот ниту бил ниту, пак, можел да биде на местото на настанот. Ниту, пак, се најдени траги или биолошки материјали. Направивме ДНК-анализи и тие покажуваат дека не потекнуваат од обвинетиот. Исто така и описот од старицата не упатува на неговиот лик. Донесена е незаконита одлука“, рече адвокатот.

Кражбата во станот на старицата се случи на 8 февруари лани, кога од под перница и' беа украдени 100.000 евра. На вратата на старицата заѕвониле тројца мажи, кои се претставиле како инкасатори, жената ја истуркале на креветот и и' ја затнале устата додека ги барале парите. (А.Б.)


Статијата е прочитана 1507 пати.

Испрати коментар



„Едвај спасивме жива глава, во паника бегавме од автобусот“



Slavko, 06.10.2012 08:13:02
Se za montiranoto krivicno delo moze da se procita na http://slavkoblog.wordpress.com/
Osuden na 10 godina , a e na sloboda?!, 07.10.2012 08:37:38
Voopsto ne razbiram. Osuden na kazna od 10 godini , poradi grabez na staricata , a osudenieto e seuste na sloboda?! Pri kazna povisoka od 5 godini , osudenito treba da e vo pritvor se do pravosilnosta na presudata.Koi se pricinite sto ovaj osudenik e na sloboda, pa ima moznosti da organizira protesti si ls. i da vliejae na svedocite, jas ne znam. Mozebi e takov tabiet na sudot vo Bitola.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 14°C

Ведро

Понеделник
Ведро
Макс: 21°C, Мин: 3°C

Вторник
Ведро
Макс: 22°C, Мин: 8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (20)
Плачењето на Ранковиќ. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Можеме ли да ја повратиме дивината?
Амбициозните програми за обновување и повторно оживување на деградираните екосистеми ја предизвикуваат претпоставката де...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | ��ести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |