ММФ
Грчкиот економски план не е програма за „строго штедење“
30.06.2011, 13:58
Планот со економски мерки што вчера го усвои грчкиот Парламент не претставува програма на „строго штедење“, изјави вршителот на должноста извршен директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Џон Липски.
„Во печатот оваа програма се нарекува план на строго штедење, но во суштина тоа е програма за структурално прилагодување, која има за цел да ги реши основните проблеми на грчката економнија, меѓу кои е и недоволната конкурентност“, нагласи Липски.
Во последниве години ММФ одбегнува да го корист терминот „строго штедење“ за именување на мерките што им ги наметнува на земјите што се соочуваат со финансиски проблеми.
Планот што вчера го усвои грчкиот Парламент, има за цел намалување на државната поторшувачка до 2015 година за 28,4 милијарди евра и спречување на банкрот на Грција, што би можело да ја дестабилизира целата еврозона.
Усвојувањето на овој план беше услов што го поставија ЕУ и ММФ за исплата на петтата транша од помошта во износ од 110 милијарди, што и беше одобрена на Грција лани во мај.
Според ММФ, иако на краток рок новите мерки би можеле да го отежнат секојдневниот живот на Грците, сепак тие се неопходни за да се подобри финансиската состојба на Грција, која е западната во длабока должничка криза.
|